Кошарка

Дуелот еден на еден Џордан против Џордан

Спортскиот пијалок Гејторејд во 2002-ра има направено уникатна реклама со Мајкл Џордан на 39 години кој се пробува против Мајкл Џордан на 23 години. Експлозивност наспроти искуство. Атракција против атракција.

Шек пушта музика на Миконос

Шекил О`Нил или Ди џеј Дизел синоќа се појави во клубот Сент Ана во улога на неговата втора најголема пасија после кошарката, а тоа е пуштањето музика. Најскапата опција за да бидеш во публика, еден бубрег.

Пешиќ: Со Јокиќ ги имав најдобрите разговори што сум ги имал со некој кој откажува настап

Селекцијата на Србија ќе биде ослабена на Мундобаскетот без првата ѕвезда во тимот Никола Јокиќ, потоа Василије Мициќ кој со Анадолу Ефес двапати триумфираше во Евролигата, а летово потпиша за Оклахома сити тандерс, како и без Никола Калиниќ.

Андетокумбо до Арапите: Земете ме и мене, личам на Мбапе

300 милиони за ПСЖ, 700 милиони за играчот, гласи понудата на Ал Хилал за еден од најпосакуваните фудбалери на планетата. И тоа 700 како едногодишна плата. Две НБА ѕвезди му се нудат на фудбалскиот клуб после тие нереални суми кои излегоа во јавност. Јанис Андетокумбо и Лебон Џејмс.

Јокиќ конечно го освои најпосакуваниот пехар

МВП-то уште е во Сомбор и уште нема завршено со прослави. Последната која ја објавија српските медиуми е после голем успех кој го забележал со коњите.

Како Никола Јокиќ преку ноќ стана Никола Јок?

Новиот НБА шампион го откажа настапот за репрезентаци на Светското првенство кое старутва за еден месец. „А ти народе станувај во 4 сабајле да го гледаш и навиваш“, гласи еден од коментарите.

„Пробав да го напијам Јокиќ, пиевме некое српско виски тогаш и никогаш повеќе“

Денвер Нагетс на убедлив начин стигна до својата прва историска шампионска титула во НБА лигата а најзаслужен за истата беше МВП на финалето Никола Јокиќ. Веднаш по кренатиот шампионски пехар почнале прослави кои траеле неколку дена и ноќи.

Кај тргна во погрешна насока?

Летната лига во НБА нуди многу нешта. Големи таленти се обидуваат да се изборат за договор со некој клуб, но има и такви кои ќе се паметат по смешни работи. Како Маркус Бингам Џр. од Далас Маверикс во еден момент прими додавање од соиграчот Нике Сибанде и тргна во контра кон својот кош. Па уште и заби.

Винс Картер беше повеќе во небо отколку на земја

Налетавме на 1 минутна компилација со забивања од ѕверот. Човекот кој со еден потег го примора коментаторот на Ол Стар да повика тајм аут за да дојде на себе.

Подобро ЈНА да тетовирале и гола женска

Пред неколку дена се појави видео вест дека Денис Родман има нова тетоважа и тоа од девојка му на сред лице. Таа тетоважа се смета за една од поглупите во историјата на сегашните и поранешни НБА кошаркари. А ги има побајаги.

Џордан и Меџик Џонсон направиле шоу на Капри со тамбураши

Легендарните Мајкл Џордан и Меџик Џонсон, стари добри другари, речиси секое лето одат на италијанското крајбрејже и таму уживаат во сите благодети. Една вечер направиле шоу со локалните тамбураши во Капри.

Леброн се изјасни дали ќе игра во новата сезона

Откако не беше јасно дали ќе се повлече од активното играње, ветеранот Џејмс синоќа откако прими награда на церемонијата ЕСПИ-с, потврди дека сигурно продолжува.

Јокиќ со елегантно салто во вода

Ако се има предвид дека е висок 2.11 а тежок 129 килограми, тогаш ова салто елегантно како руска балерина ги воодушевило сите присутни во реката Дрина.

Најновата тетоважа на Денис Родман

Најекстравагантниот НБА кошаркар на сите времиња, кој кога реши да се жени се облече и нашминка како невеста, има 62 години и изгледа уште го има оној немирен дух во себе. Ја истетовирал девојка му. Ама на образ.

Соочување на Леброн Џејмс и Двејн Вејд, лето 2003-та

Снимката е всушност од годината кога Џејмс беше избран за прв, а Вејд за петти пик на драфтот и 10 години пред да му донесат на Мајами Хит две шампионски титули по ред. Првиот уште игра на 38 години, а другиот се повлече пред три години и сега има 41.

Касиерка во Босна му влегла на Јокиќ со врвен муабет

Сегде го има. На ракија во клуб во Лас Вегас, на баскет со другарите во Сомбор, на коњички трки во Неапол и на крај во супермакет во Горажде, град во БиХ. Стигнал на каса со пивото, а касиерката која очигледно нема појма од спорт му рекла вака: „Леле сине колкав си, ти си само за кошарка“.

НБА со нов циркус - турнир среде сезона

Откако долго време се шпекулираше, конечно стигна потврда. НБА ќе ја реализира идејата со која сака да ја зголеми популарноста на лигата.

Обрадовиќ за деконцентрацијата на играчите со телефоните

Веројатно значи нешто ова кога го кажува човек со 64 клупски трофеи од кои рекордни 9 титули во Евролигата, освоени со пет екипи.

Највисоките играчи кои играле во НБА

Со висина од фасцинантни 222 сантиметри, младиот Французин Виктор Вембанјама кој како прв пик на драфтот летово беше избран од Сан Антонио Спарс влегува во редот на највисоките кошаркари на светот. Да се потсетиме кои се?

На пиво со Јокиќ во Неапол

Никола Јокиќ не е непредвидлив само со потезите на терен, туку и кога не игра кошарка. Човеков изгледа скроз не го интересираат мориња, јахти и ред други луксузи каде богатите спортисти обично се опуштаат после напорната сезона. Еден ден игра баскет во Сомбор со другарите од маало, друг ден го начекуваат на хиподром во Италија.

САД го спреми тимот за Светско, не се страшни, но се фаворити

На минатиот светски шампионат во Кина 2019, САД доживеа дебакл и со пораз од Србија го заврши Мундијалот на 7-мо место. И тогаш Американците дојдоа во шарен состав, без претешки суперѕвезди кои играа на претходните светски првенства во Шпанија и Турција.