Кошарка

Најдоброто од сезоната на Никола Јокиќ

Имаме 25 минутна кошаркарска поезија која Денвер Нагетс ја спакува во еден клип кој го изгледавме во еден здив. Точен, прецизен, непредвидлив, интелигентен, несебичен, рационален, моќен, самоуверен. Џокер е уникатен лик каков што немала НБА до сега. Владее со баскетот.

Шек и Џордан играат еден на еден на загревање

Снимката со кошаркарските ѕверки е од Ол Стар викенд 1996. Се зезаат, ама сите објективи се вперени кон нив. Шек демонстрира на дело што значи кога си помлад, послаб и поподвижен.

Јокиќ и Гордон со ракија во диско во Лас Вегас

Заслужениот одмор на НБА шампионот и МВП-то, од Сомбор продолжува во САД, каде со Арон Гордон и останато друштво се забавуваат во Лас Вегас со ракија.

Клучниот момент по кој Јокиќ стана број 1 во свет

Заборавете на сите приказни поврзани околу Никола Јокиќ и неговиот прогрес во кариерата. Го имаме најдоброто објаснување за патот на буцкото од Сомбор до САД. Браво, убав лик. А малиот пак едвај го издржа ова снимање.

Трема на денот

Првиот пик на драфтот Виктор Вембанјама е висок 226 см и не треба многу да скока за да ја закуца. Младичот поради кој во НБА деновиве владее голема еуфорија, го облече дресот на Сан Антонио, ама првите снимки клубот изгледа ќе ги избрише.

Го прашаа Виктор дали би го добил Мајкл Џордан еден на еден на 60 години

19 годишниот Виктор Вембанјама (226 см) против 60 годишниот Мајкл Џордан (198 см). Првиот пик на драфтот за 2023-ра смета дека искуството нема шанси со младоста.

Спарси побајаги откачиле по првиот пик на драфтот

Виктор Вембанјама вчера пристигна во Сан Антонио како ново големо засилување и прв пик на драфтот за 2023-та. Се работи за многу талентирано момче кое има само 19 години, а е висок 226 см. За него се крена огромна фама, ама не знаевме дека до толкава мера одлепиле во Тексас.

„Сака некој на баскет?“, 12 години подоцна

Двократниот МВП на сезоната во НБА и МВП во годинашниот плејоф, како и шампион со Денвер, не е на Бали или Малдини, туку одмара во родниот Сомбор каде ги собрал на баскет другарчињата од маало. Мангупиште.

Еуфорија во Тексас, Спарси на 40 степени го пречекаа Вембанјама

19 годишната француска сензација слета во Сан Антонио како прв пик на драфтот за 2023-та, а со негово доаѓање очекувањата во таборот на Спарси се големи. Го сметаат за наследник на Тим Данкан и суперталент кој може да испише нова историја за клубот.

Како помина НБА драфтот?

По пауза од 26 години Сан Антонио Спарс за прв пат бираа први, а изборот очекувано падна на долго најавуваната сензација Виктор Вембанјама, кој има само 19 години и е висок 223 см.

Прославата на Гробари и пресот на кој играчите го истушираа Обрадовиќ

Кошаркарите на Партизан ја добија мајсторката против вечниот ривал Црвена Ѕвезда и со 3:2 станаа шампиони во АБА лигата после пауза од 10 години. Лудница беше во Штарк арената, како што е впрочем цела сезона на нивните натпревари, а Жељко го направија потоп. Инаку Партизан сега е најтрофеен во регионалната лига со седум трофеи. Ѕвезда има шест.

Фантастична компилација на потези од Ненад Димитријевиќ

Позајмицата од Валенсија во Уникс Казан, на македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ му ја донесе сезоната на кариерата. Ја заврши со 47 настапи од кои на 46 беше стартер, со просек од 15,8 поени, 5,3 скока, 3,2 асистенции, 1,2 украдени топки. Ја освои титулата во рускиот шампионат, прва и за него и за клубот и згора на сè беше прогласен за МВП на плејофот. ВТА лигата му посвети топ видео.

Барселона со метла за Реал Мадрид за нова шампионска титула

Навивачите на Барселона ќе уживаат во летото затоа што нивниот сакан клуб е шампион и во фудбалска и во кошаркарска лига на Шпанија. Синоќа во Мадрид, Барса одново го победи Реал и со убедливи 3-0 стигна до шампионска титула.

Драма во финалето на ракометна Лига на шампиони: Магдебург стигна до златото

Германски Магдебург е нов европски шампион! Во големото финале пред преполни трибини во Келн, бундеслигашот направи уште еден голем подвиг и го совлада фаворитот Киелце 30-29 (26-26). Ова е четврти пехар во европскиот Куп/Лига на шампиони за германскиот клуб кој во полуфиналето славеше на пенали против Барселона која промаши дури четири пати.

Некои нови клинци ќе играат за САД на Светско првенство

Пред секое големо натпреварување, дали Светско првенство дали Олимписки игри, главно прашање за кошаркарскиот турнир е во кој состав ќе дојде главниот фаворит. Дрим тимот.

Јокиќ и Мареј извадени со специјалци од лудата парада

Според проценки на полицијата во Денвер, околу 700.000 луѓе излегле на големата шампионска парада на Нагетс по повод прослава на титулата во НБА. Пред крајот, од целата толпа специјалци од SWAT единицата ги извлекле Никола Јокиќ и Џамал Мареј.

„Луѓе, дајте само да се напијам некое пиво“

Един и Коле од Арена Спорт имаат свежо, тазе интервју со новиот НБА шампион и МВП Никола Јокиќ. Со нив прави лежерен муабет и е некако свој на свое.

Во Атина ништо ново: хаос и прекин на кошаркарското дерби

За време на четвртиот меч од финалето на грчката кошаркарска лига, на 2 ипол минути пред крајот на третата четвртина, кога Олимпијакос имаше водство од 22 разлика, навивачите на Панатинаикос направија хаос. Фрлаа разни предмети и пиротехника врз гостинската клупа и на паркетот па судијата го прекина мечот кој е регистриран службено со победа на Олимпијакос 0-20. 

Шампионска парада на Денвер Нагетс, Јокиќ поздравен од илјадници навивачи

Денвер ја дочека првата кошаркарска титула која што генерации ја сонувале 47 години. Затоа на шампионската парада според процени на полицјата, имало околу 700.000 присутни.

Уште како мал играл сè - од плеј до центар

Уште на свои 9-10 години Никола Јокиќ, кога дошол во клубот СоКош Сомбор, тој бил „буцко кој сака да јаде бурек а бил плејмејкер заробен во тело на центар“.

Никола Јокиќ за мајките на мали деца

Најдобриот кошаркар во НБА финалето кој заслужено доби МВП (награда за најкорисен играч) во едно од бројните интервјуа деновиве раскажува и дека дури сега сфатил што значи мајка дома со мало дете.

Јокиќ со порака што стана хит во САД

Симпатичната Малика Ендрјус од НБА Тудеј каналот во разговор со Никола Јокиќ го потсетува МВП-то дека бил 41-ви пик на драфтот а во моментите кога го поканувале на сцена тогаш во пренос одела реклама за „Тако Бол“, па нит го знаеле нит го познавале во јавноста.

Дарко од Чачак - новиот тренер на Торонто Репторс во НБА

Како гром од ведро небо за љубителите на кошарката стигна веста дека нов тренер на НБА шампионот од 2019-та Торонто Репторс станува непознатото име на овдешната јавност Дарко Рајаковиќ. Стратези од регионов досега не добиваа многу шанси во најсилната лига на свет, па ова е необична вест.