Кошарка

Денвер чекал и чекал 56 години додека не дојде тој

Денвер Нагетс е еден од 16-те најстари клубови во моментов во НБА. Основан уште во 1967-ма година како екипа во Американската Кошаркарска Асоцијација. Од сите тие 16 клубови шампиони станале сите (ако не во НБА, тогаш во Американската Кошаркарска Асоцијација). Сите освен Денвер. До утрово. Чекале 56 години.

Гестот на Јокиќ: Додека сите славеа, отиде да се поздрави со тимот на Мајами Хит

Со фантастични бројки во текот на целата регуларна сезона а уште посјајни потоа во плејофот, капитенот на српската репрезентација и лидер на Денвер Нагетс заслужено стигна до шампионската титула, прва во клупската историја на тимот од Колорадо. Стана и МВП на финалето. Но во моментите додека сите славеа, Јокиќ отиде да се поздрави со противничките кошаркари од составот на Мајами Хит.

„Само да си одам дома да јавам коњи“

Откако големата еуфорична прослава во „Бол Арена“ во Денвер привршила, Никола Јокиќ на прес-конференција ладно во негов стил прашал кога е шампионската парада? Кога му кажале дека е во четврток, рекол дека морал да си оди дома.

Браќата на Никола го фрлаа во воздух тренерот Мајкл Мелоун

Во шоуто по големата победа за шампионска титула на Денвер Нагетс, бројни роднини и пријатели на играчите се симнаа на паркетот. Меѓу нив и браќата на Јокиќ, Немања и Страхиња кои го следеа насекаде низ НБА лигата сезонава и претходно. Во еуфорија на прославата го фрлаа тренерот Мелоун во воздух.

Моментот кога Јокиќ ја доби МВП наградата

Со својата ќерка Огњена која носеше дрес со натпис „тата“, Никола Јокиќ го доби вредното признание за најдобар играч на големото НБА финале. Гигантот од Сомбор влезе во редот на вечните центри кои се закителе со ова признание кое му го врачи Адам Силвер.

Денвер Нагетс е шампион на НБА, Никола Јокиќ МВП на финалето!

Кошаркарите на Денвер Нагетс се нови прваци во најсилната лига на светот откако синоќа го совладаа Мајами Хит во петтиот меч од големото финале со 94:89 и со вкупен резултат 4-1 стигнаа до шампионскиот прстен.

Јокиќ за Ѓоковиќ

Крајно интересен е односот меѓу двајцата најактуелни спортисти во моментов. Додека трае големото НБА финале во кое Никола Јокиќ го води својот Денвер до предност од 3-1 и е на праг од титула, Ѓоковиќ го освои рекордниот 23-ти Гренд слем. Досега немале број еден од друг.

Дабл-дабл на Никола Јокиќ, Денвер Нагетс води 3-1 во НБА финалето

Со фантастична тимска игра и подолга клупа, Денвер Нагетс стигна до нов триумф над Мајами Хит, овојпат од 108:95 и сега се наоѓа на чекор од прва шампионска титула во историјата!

Top 50 НБА играчи според ЧетГПТ

Прво Џордан не е прв. Второ Коби не може да е 14-ти. Трето го нема Никола и четврто му фалат последните 10. Слободно додавајте што мислите, а роботов треба уште да учи и да брои.

Во сенка на Јокиќ, финале на НБА за Мајами игра и 20-годишниот Никола Јовиќ

Српскиот репрезентативец Никола Јовиќ е најмладиот учесник на овогодишното НБА финале. Денес во петок наполнил 20 години.

Оди најди појак имитатор на Јокиќ да те видам

Прво дечково е комедии, второ е страшно талентиран за имитирање, а очигледно е и популарен со оглед на фино развиените социјални мрежи каде ќе го најдете како Maxisnicee. Абе дали е свесен колку го кине? Секој потег му го вади и целосно му го доловува оној уникатен стил кој го нема друг играч во НБА. Па тоа тромавите покрети па. Абе денот ни го направи.

Цела Америка му се поклонува, а него не му чуе за рекордите

При Џордан, Леброн, Коби, Шек, Меџик и цела плејада на легенди, доаѓа едно скромно момче од Сомбор кое до вчера бараше другари за баскет преку Фејсбук и станува прв кошаркар во историјата  со 30+ поени, 20+ скока и 10+ асистенции на меч од НБА финале. „Не ми е гајле, тоа е само статистика“, вели после мечот. Џабе го прашуваат на темава.

Никој никогаш во историјата на НБА како Јокиќ и Мареј

Кошаркарите на Денвер Нагетс покажаа реакција по горчливиот пораз на свој терен и сега на гости во Мајами го совладаа ривалот, направија рибрејк и водат со 2-1 во финалето. Неколку рекорди поставија Никола Јокиќ и Џамал Мареј кои играат чудесна кошарка.

Неверојатна партија на Јокиќ и Мареј, Денвер води во големото финале на НБА!

Кошаркарите на Денвер Нагетс го совладаа Мајами Хит со 109:94 во третиот натпревар од финалната серија во НБА, го вратија брејкот и сега водат со 2-1.

10 годишниот предизвик на Андреј од Аеродром

„На седмо небо сум бидејќи освоив титула со тимот за кој навивам целиот мој живот, за гордоста на нашата населба“.

Колку пари заработува Никола Јокиќ во САД?

Лидерот на Денвер е меѓу подобро платените кошаркари во лигата, но ако се земат предвид даноците кои ги дава кон државата и градот и бонуси за агентите, тогаш сумата му е речиси преполовена.

Приказната за Џими Батлер, НБА суперѕвездата кој од 13 години бил бездомник

Мајами Хит е сензација во НБА плејофот сезонава. Завршија на 8-мо место во регуларниот дел и едвај, благодарение на новиот систем се пласираа во плејофот после две победи во доигрувањето. А таму од нигде никаде направија дар-мар и стигнаа до големото финале за шампионска титула. Ги води капитенот и лидер Џими Батлер. Ова е сторија за него.

Неверојатна завршница на турското дерби

Големите ривали во Турција и во Евролига, Фенербахче и Ефес Пилсен, гиганти од Истанбул, деновиве играат во полуфинале на турскиот плејоф. Фенер го доби првиот меч убедливо со 108-66, а на вториот дуел исто во салата на Фенербахче, Ефес Пилсен израмни на 1-1 со кош постигнат во последни секунди после ерупција во салата.

Шампионски пречек за 10-та титула на МЗТ

Кошаркарите на МЗТ Скопје со 3:0 го збришаа Пелистер и ја одбранија титулата во македонското првенство. Фемили Аеродром не спиеа и ги чекаа да се вратат од гостувањето во Битола. Следуваше пиротехничко шоу и песна за шампионот.

Како Мајами Хит го најде рецептот за Денвер?

Тезата за аклиматизација во Денвер и натаму е меѓу водечките теми во НБА просторот. Нагетс се историски лидери во лигата по победи на домашен паркет, односно разлика во процент на победи дома и гости... ама во регуларна сезона.

Јунакот со чии поени Мајами му зема брејк на Денвер

Откако го збришаа ЛА Лејкерс со 4-0 во финалето на Истокот, Нагетс поведоа и 1-0 против Мајами Хит. И кога јавноста беше убедена дека големото финале ќе биде еднонасочна улица, Хит покажа зошто и како стигнал до тука. Земаа брејк во Колорадо, благодарение најмногу на 10-те поени по ред на Данкан Робинсон во последната четвртина.

Јокиќ уфрли 41 поен, но не може сам, Мајами го доби Денвер

Кошаркарите на Мајами Хит го израмнија резултат во големото финале на НБА на 1:1 откако синоќа во вториот меч во Колорадо го совладаа Денвер 111:108.

Татко му на Јокиќ: „Не сакаше никако боранија, јадеше бурек и пица, а сега брокули“

Со нова супер партија и нов трипл-дабл, Никола Јокиќ ги водеше своите Нагетси до прва победа во големото финале на НБА над Мајами Хит. Лидерот на Денвер е хит во светот на спортот кој му ги брои рекордите од натпревар во натпревар. Интересен муабет раскажа и татко му.

Нови рекорди на Јокиќ

Со нова маестрална партија, овој пат во големото НБА финале каде Денвер Нагетс не биле цели 47 години, Никола Јокиќ синоќа постави нови рекорди во најдобрата лига на свет.