Кошарка

Струмичани играа кошарка во чест на Кочани

Баскет Дино од Кочани и Струмица Ролинг го одиграа последниот натпревар од сезоната во третата македонска лига. На никој не му беше важен резултатот. Целта беше сосема друга.

Канаѓанец би можел да стане највисок играч во историјата на НБА

Деветнаесет годишниот Оливие Риу неофицијално важи за највисокиот тинејџер на свет. Тој игра кошарка за Универзитетот Флорида. Веќе е толку познат што постојано дава автограми, интервјуа, а со него се фотографираат и околу него се собираат љубопитни минувачи. Висок е 2.36 сантимери.

Леброн Џејмс ала Мутомбо

Ти го мислиш Леброн стар, 40 години е, не може повеќе со младите, а тој ги лепи како никогаш. Хјустон има 4 поени негатива и напад на 10 секунди до крај, во кој мора да поентира ако сака да остане во игра. Погледнете што ги снајде под кош. 

Најпрепознатливиот судија во НБА глумеше дека заборавил име

Бил Кенеди има 58 години, роден е во Феникс, Аризона.  Со судење во кошарката се занимава уште од раните '90-ти години, а во НБА почнал да суди од сезоната 1995-1996. Има судено дури пет НБА финалиња како и финалето на Светско првенство 2010 и финале на Олимписки Игри 2012. На еден натпревар на Хјустон Рокетс пред неколку дена се направил „на Тошо“ кога требал да го исклучи Дилон Брукс.

Дончиќ со дриблинг го извади од патики Турчинот Шенгун

Лос Анџелес Лејкерс продолжија со добри партии откако синоќа со 104:98 го совладаа Хјустон Рокетс во дербито на Западната конференција во НБА.

5 најлуди коша на Јокиќ од огромна далечина

Кошаркарскиот свет уште е во чудо по неверојатниот кош на Никола Јокиќ на мечот Денвер Нагетс - Јута Џез (129:93) кој ладнокрвно ја фрли топката со една рака од преку половина терен и го постигна можеби најлудиот погодок во неговата НБА кариера. Србинот има 5 такви слични шута во кариерата од огромна далечина.

Лејкерс го доби Мемфис, Дончиќ и Леброн изведоа магични акции

Лос Анџелес Лејкерс со 134:127 го победи Мемфис Гризлис а јунаци на триумфот беа Остин Ривс кој беше најефикасен, како и суперѕвездите Леброн Џејмс и Лука Дончиќ кои направија неколку маестрални потези.

Шокантен кош на Никола Јокиќ, стигна и до нов рекорд

Екипата на Денвер Нагетс ја совлада Јута Џез 129:93. Никола Јокиќ забележа дабл-дабл учинок за три четвртини и надмина еден рекорд на легендарниот Лери Бирд.

Ретко позната приказна за светскиот шампион, селектор на Германија кој се борел со алкохолизам

Еден од најдобрите кошаркарски тренери на денешницата, Гордан Херберт кој во 2023-та година ја направи Германија светски шампион, во меѓувреме е најдобар тренер во Евролига каде со Баерн Минхен бележи фантастични резултати.

Најсмешната акција на сезоната во НБА

Кошаркарите на Индијана Пејсерс го совладаа Вашингтон Визардс со 162:109 и тоа е нивен рекорд по број на поени во историјата на клубот. Него што е со финишот на оваа акција? Коментаторите се згазија од смеење и прашуваа каде отиде топката.

Делириум во Чикаго, Булс со тројка од пола терен го победија Лејкерс

Кошаркарите на Чикаго Булс ја извојуваа најлудата победа сезонава во НБА. Во својата сала губеа 18 поени во последниот период од мечот со ЛА Лејкерс а на крај славеа 119:117 со кош во последна секунда од пола терен.

Извлечени групите за Европско првенство, ќе има интересни дуели

Европското првенство во кошарка ќе се игра од 27-ми август до 14-ти септември во четири земји: Кипар, Финска, Полска и Латвија. На денешната ждрепка во Рига, Латвија, комплетирани се сите групи за Европското.

Лука Дончиќ маестрален, Леброн Џејмс за победа во последна секунда

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ја совладаа Индијана Пејсерс 120:119 со кош на Леброн Џејмс во последна секунда со звукот на сирената. Ветеранот погоди од одбојка и му донесе победа на својот тим кој немаше триумф три меча по ред.

Нов врвен трипл-дабл и магична асистенција на Никола Јокиќ

Еден од најдобрите играчи на светот, Никола Јокиќ се врати после 11 дена одмор по незгодните повреди кои ги имаше на зглобот и едното раме и веднаш запиша нов спектакуларен трипл-дабл со 39 поени, 10 скока и 10 асистенции. Токму една од асистенциите беше врвна.

Упорноста на Лука Дончиќ

Гледајте до крај, односно почекајте пред да речете дека ја претера.

Бунар на сезоната во НБА

Во НБА последниве сезони играат буквално секакви кошаркари и нивото на игра дефинитивно не е како што беше. Кенион Мартин Џуниор, синот на некогашната НБА ведета Кенион Мартин, сега настапува за Јута Џез. Во дебаклот на неговиот тим против Мемфис Гризлис 140:104, Мартин Џуниор имал огромно промашување при еден обид за три поени.

Џо Роган за лудата атмосфера на кошарка во Србија

На водителот на еден од најпознатите подкасти на светот, Американецот Џо Роган (57) му пуштиле дел од неверојатниот амбиент кој во Белград го прават српските навивачи кога играат Црвена звезда и Партизан во Евролига. Се воодушевува.

Бостон Селтикс е продаден за астрономска сума и тоа е најголема инвестиција во историјата на спортот

Актуелниот шампион во НБА, Бостон Селтикс е продаден за сума која е рекордна во историски рамки. А не секој ден најтрофеен клуб во кој било спорт добива нови сопственици, не секој ден актуелен шампион менува сопственик, па затоа ова е голема вест од НБА лигата.

Најчудната техника на изведување слободни фрлања

Иако има 25 години, Мозес Браун смени повеќе екипи во НБА. Ама стилот и техниката на изведување слободни фрлања не ги дава. Битно ги гаѓа.

Грузиец е хит на вечерта во НБА

Дваесет и пет годишниот Грузиец роден во САД, Сандро Мамукелашвили направил бум синоќа во НБА лигата откако добил шанса да заигра за Сан Антонио Спарс во победата 120-105 против фаворитот Њујорк Никс.

Неверојатен кош на Лука Дончиќ, салата во Лос Анџелес во чудо

Она што Дончиќ го правеше неколку сезони, секоја втора-трета вечер во Далас, да погодува луди кошеви од огромна далечина, сега го уживаат навивачите на ЛА Лејкерс. Синоќа пред мегданот со Денвер Нагетс, Лука погоди од чуден агол од голема далечина.

Дончиќ го кутна Денвер без Јокиќ и Мареј

Кошаркарите на ЛА Лејекрс го совладаа Денвер Нагетс 120-108 во уште еден натпревар без Леброн Џејмс, но во натпревар во кој одново издоминира Лука Дончиќ.

НБА деби од соништата

Бостон Селтикс игра фантастичен регуларен дел и со 50 победи и 19 порази е убедливо на второто место во Источната конференција. Уште пред неколку дена и теоретски обезбедија пласман во плејофот па сега имаат луксуз да ги одмораат најдобрите играчи. Така шанса добиваат и резервистите. Еден од нив, дебитантот Бејлор Шајермен начека прилика и маестрално постигна 20 поени, за помалку од 20 минути во победата 104:96 над Бруклин Нетс. Шајермен уфрлил 6 тројки од 7 обиди и ги воодушевил навивачите во „ТД Гарден“.