Овој дрес е од фамозната последна сезона односно „Последниот танц“ во кариерата на Мајкл Џордан. А претходно во 2022-ра година дресот кој најдобриот кошаркар на сите времиња го носеше на првиот натпревар од тоа легендарно финале во 1998-ма беше продаден за 10,1 милион долари на аукцијата Сотбис.
Сега овој дрес платен 12,26 милиони долари е втор најскапо платен на аукција по дресот на Бејб Рут од финалето на бејзбол серијата во далечната 1932-ра година кој бил платен астрономски 24,12 милиони долари во 2024-та година. Тој дрес е ден-денес најскапо платен спортски предмет во историјата.

Аукциската куќа Јупитер на пред-аукцијата го проценила дресот на Џордан од 3-от натпревар на финалето 1998-ма од 10 до 15 милиони долари. Добиле само една понуда пред аукцијата да биде затворена.
Првиот човек за продажба на аукциската куќа Јупитер, Каилтин Донован зборувал за важноста на оваа продажба:
„Привилегија е за Јупитер да донесе вакви важни предмети од наследството на Мајкл Џордан на пазарот, и да постави нов аукцијски рекорд за еден НБА дрес. Спортското колекционерство минува низ исклучително возбудлив период на развој, додека оваа категорија продолжува да созрева, а предметите кои се одликуваат со вистинска реткост, потврдено потекло и културолшкиот значај стекнуваат се поголемо признание на глобалната колекционерска сцена“.
Аукцијската куќа „Јупитер“ последниве години реализираше неколку значајни продажби на предмети врзани со животот и кариерата на Мајкл Џордан. Пример потпишана „Fleer“ картичка за руки од 1986-та година со оценка „Mint PSA 9“ за состојбата на картичката и со „Gem Mint 10“ за квалитетот на потписот - е продадена во јуни 2025-та година за 2,5 милиони долари.
Посебно, пак, прилагодено Ферари 550 Маранело на Мајкл Џордан од 1997-ма година и натаму е на аукција, а износот на понудата надминал 1 милион долари во пресрет на завршената лицитација во среда.