Секоја година НБА тимовите им праќаат празнични честитки на своите фанови, но Даласа Маверикс го одбраа погрешниот начин. Исто како и честитката на Коларов и кошаркарите на Далас имаа неуспешен обид да испеат празнична песничка.
Предраматичниот судија не сакаше да му дозволи на Крис Хамфрис од Бруклин Нетс да го изведе слободното фрлање додека се правеа измени, па реши да го блокира.
Клиперс славеа на гостувањето кај Чикаго Булс со 89:94, а свое шоу со 22 поени и 10 скокови имаше Блејк Грифин. Дел од ова шоу беше и двојниот цепелин со Џамал Крофорд.
Навивачите во САД имаат многу интересни традиции со своите кошаркарски тимови. На колеџот Џон Браун фрлаат тоалетна хартија, а на Тејлор Универзитетот во првите минути владее апсолутна тишина.
Минатата година дознавме дека поранешната ѕвезда на НБА лигата, Ален Ајверсон банкротираше и покрај тоа што во својата кариера заработи повеќе од 150 милиони долари. Сега ги дознавме и причините за неговиот банкрот.
НБА тимот Шарлот Бобкетс го отпушти својот играч Кори Хигинс. До тука нема ништо чудно во оваа вест. Проблемот е што отказот го потпиша неговиот татко, претседателот на клубот, Род Хигинс.
Сме виделе многу „бунари" од слободно фрлање, но тоа што го изведе Брајан Окам од Апалачиан Стејт Универзитетот, дефинитивно е најлошото слободно фрлање во историјата на кошарката.
Кошаркарите на МЗТ Скопје одиграа уште еден солиден натпревар против екипа од евролигашки ранг, но немаа сили за во листата на изненадени фаворити покрај имињата на Цибона, Унион Олимпија, Цедевита и Задар да го додадат и Партизан.
Исто како што компаниите даваат гаранција на своите производи, така и Феникс Санс на своите навивачи им гарантира дека ќе си поминат убаво на утрешниот натпревар против Далас, а ако не се задоволни, тогаш можат да си ги бараат назад парите.
Ете што се случува кога ќе купиш кош Made in China. На турнеата во Еквадор, кошаркарите на Харлем Глоубтротерс ја искршија цела табла и тоа не еднаш, туку два пати.
На натпреварите од седмото коло на кошаркарската Евролига, победи остварија Перо Антиќ со Олимпијакос и Лестер Мекејлеб со Фенербахче, а Предраг Самарџиски и Владо Илиевски беа поразени.
На почетокот на овој месец НБА ги испрати првите предупредувања до двајца симуланти, а вчера ја изрече и првата парична казна. Првиот кошаркар кој ќе плати казна за флопинг е Реџи Еванс.
Рон Артест си го смени името во Мета Ворлд Пис, но не ги смени навиките. Тој (не)намерно го удри Џереми Лин и си заработи техничка грешка по ситуација во која тој беше фаулиран.
Кошаркарската репрезентација на Македонија ги доби противниците за Европското првенство што следната година ќе се одржи во Словенија. Македонија ќе игра во групата Б заедно со Литванија, Црна Гора, БиХ, Летонија и Србија.
Кошаркарите на МЗТ Скопје не успеаја да ја повторат добрата игра од минатите недели и го доживеаја и петтиот, најтежок пораз. Во 9-то коло од АБА лигата МЗТ загуби на гостувањето кај Игокра со 79:55.