Кошаркарите на Атланта Хокс немаа време за одмор и втора ноќ по ред одиграа уште еден натпревар и забележаа нов пораз. Овој пат Атланта загуби на гостувањето кај Чикаго Булс.
Перо Антиќ го одигра својот најдобар натпревар во кариерата со 16 поени и 7 скокови против Голден Стејт. Ова се сите поени на Антиќ на првиот натпревар во НБА кариерата кој го започна во стартната петорка.
Перо Антиќ за прв пат се најде во стартната петорка против Голден Стејт и беше најдобар кај Атланта при разочарувачкиот пораз со тројката на Игудала во последна секунда.
Македонскиот шампион релативно лесно и доминантно го одигра првиот меч од Јадранската лига во 2014 година и со 73:63 им вратија на кошаркарите на Шолнок од Унгарија во 15 коло од ова регионално натпреварување.
Рукито на Шарлот Бобкетс, Коди Зелер имаше лош старт на годината. Најпрвин на својот Твитер профил се пожали дека пак не си фатил женска за новогодишната ноќ, а веќе следниот ден го имаше овој неуспешен обид за забивање преку Блејк Грифин.
Освен што е одличен играч, Перо Антиќ е прекрасна личност со големо срце. Ние тоа го знаеме уште одамна, а сега и коментаторите на Атланта добро го запознаа нашиот Перо и го претставија на публиката во САД.
По двете последователни победи, кошаркарите на МЗТ Скопје не успеаа триумфално да ја завршат 2013 година. Пречката за македонскиот шампион во регионалната лига беше Унион Олимпија кој возврати за поразот во „Борис Трајковски" со 73:62.
Кошаркарите на Атланта Хокс ја прекинаа црната серија од пет порази во серија на гостински терен со победа во Кливленд со поени во последната секунда од второто продолжение.
Дуото на Мајами, Леброн Џејмс и Двејн Вејд како подарок за Божиќ не почастија со по некое атрактивно забивање на гостувањето против Лејкерси и тоа не еднаш.
Добра блокада на кошаркарски натпревар е подобар момент и од забивање. Сите обожаваат добра „банана" (освен оние кои биле изблокирани). Ова се најдобрите блокади во НБА лигата за изминатата година.
Освен добрите натпревари, најквалитетното кошаркарско натпреварување секогаш нуди и добра забава. Ова се најинтересните моменти од НБА лигата во 2013-та година.
По големата победа против Црвена Звезда, македонскиот шампион влезе мотивиран на дуелот во Крагувеац каде тотално доминираше и заслужено славеше против кошаркарите на Раднички со 69:79.
Леброн Џејмс му посака топло добредојде во НБА лигата на дебитантот Бен Меклемор со ова сурово забивање за веќе да не му падне на памет да му застане на патот.
Кошаркарите на Атланта Хокс ја забележаа третата победа во серија на домашен терен, совладувајќи ја Јута Џез со убедливи 118:85. Перо Антиќ одигра солидна партија со седум поени.
Џими Батлер од Чикаго Булс шутираше слободно фрлање во прилично мирна атмосфера, но од публиката доволно беше да го деконцентрира само една будала за да го промаши. На крајот барем доби честитки за Божиќ.
Марио Чалмерс секогаш е мета на неговите соиграчи при напнати ситуации, но овој пат тој се извлече за влакно. Соиграчите во последен момент го задржаа Леброн Џејмс за време на натпреварот против Индијана кој Мајами го доби со 97:94.