Фудбал

Да му се верува ли на Кошелни?

Со години е столб на одбраната на Арсенал, но и со години прави неочекувани грешки во последниот ред. Навивачите на Арсенал се поделени, Венгер и управата му веруваат.

Кога баш ништо не ти оди во животот

На Луј Ван Гал сезонава малку што му поаѓа од рака, па дури ни кога сака како човек да се напие вода.

Фудбалот е одвратен, ми бараат пари за да бидам тренер

Поранешен капитен на Наполи открива како работат некои од италијанските нисколигаши.

Пешачи и пак е најдобар

Аргентинецот е играч кој истрчал најмалку километри во Лигата на шампионите сезонава по Налдо, централниот стопер на Волфсбург но и покрај тоа секогаш ги решава мечевите.

Меси и Суарез од Зимбабве

Родерик Мутума и Валентајн Н`Даба кои играат за Динамос од Зимбабве ги глумеа Меси и Суарез од Барселона. 

Географската агенда на Мурињо деновиве

На 17. декември лани Жозе Мурињо по вторпат во животот го напушти Челси, оставајќи го на 16-то место тимот кој само шест месеци претходно стана шампион во Премиер лигата.

Зошто е Симеоне модерен тренер

За разлика од тренерите од стар ков кој 95’ минути не стануваат од клупата, Аргентинецот да може би влегол да биде 12-ти играч на својот тим. Од таа причина во моментов е најценет и најбаран тренер во Европа.

Екскурзија на Сити во Киев, Атлетико до реми во Ајндховен

Фудбалерите на Манчестер Сити во целост ја искористија фаворитската улога и со 1:3 го прегазија Динамо во Украина. На вториот меч вечерва, ПСВ - Атлетико Мадрид без голови.

Четирите горди градови во Лига на шампиони

Српската престолнина Белград се наоѓа во одбрано друштво со Мадрид, Лондон и Милано како еден од единствените четири градови кои во финалето од Лига на шампиони/Куп на Шампиони до сега имале два претставника во финале.

Мидтјиланд веќе го паркираше автобусот

Фудбалерот Тим Спарв од Финска кој игра за Мидтјиланд преку фотографија објавена на Твитер симболично презентираше како ќе игра неговиот тим на реваншот против Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд (утревечер од 21:05). Црвените Ѓаволи ќе бркаат негатива од 1:2.

Фудбалери пијте пиво

Едно откритие вели дека пивото може да ја подобри играта на фудбалерите. Тогаш лекарскиот тим на македонската фудбалска репрезентација нека го воведе како задолжително, ама не по една гајба на човек.

Ердоган го праќа Хакан Шуќур во затвор?

Поранешниот напаѓач на Галатасарај и Интер ќе биде процесуиран поради навреда упатена кон турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Шуќур негира, но неговата теза не е прифатена и се соочува со затворска казна.

Најголемиот кикс во кариерата на Виктор Валдес

Еден од најтрофејните европски голмани наместо во Лигата на шампионите, заврши на суд во Монако. Во Манчестер 8 месеци тренирал сам на страна, а денес го чува голот на белгискиот Стандард Лиеж.

Заспа или броеше чавки?

Ахед од Либан против Алтун Асур од Туркменистан се сретнаа во натпревар од азискиот Куп кој заврши 2:0 за домаќините затоа што голманот на гостите заборави што му е работа.

Лече - првиот фудбалски дом на Мирко Вучиниќ

„Еднаш со авион одевме за Белград, имаше страшни турбуленции, сите пребледеа само Мирко играше со тениско топче како ништо да не е. Таков беше и на теренот, ноншалантен“, раскажува Милоица, секретарот на ФК Сутјеска Никшиќ за Мирко Вучиниќ.

Како ќе изгледаше Шалке ако не ги продадеше ѕвездите

Нојер отиде во Баерн во 2011-та, Рафиња во 2010-та во Џенова (сега е во Баерн), Пападопулос во 2014-та во Баер Леверкузен, Вестерман во 2010-та во Хамбург (сега е во Бетис), Ракитиќ во 2011-та во Севиља (сега е во Барселона), Дракслер во Волфсбург во 2015-та, Озил во 2008-ма во Вердер (сега е во Арсенал). Останатите четворица не ги броиме, бидејќи уште играат за Шалке.

Македонија на Светско дури во 2026 година

Ако ова се оствари тогаш да потпишеме со две раце. А? Што викате? Со оглед на тоа чекаме веќе 25 години, ќе почекаме уште 10 бидејќи има голема веројатност Мундијалот да се прошири од 32 на 40 земји учеснички.

Олд скул фото на денот

Бирмингем 1999-та. Финале на Куп на Купови, екипата на Лацио пред мечот со Мајорка кој Римјаните го добија 2:1 со головите на Виери и Недвед. Стојат од лево на десно: Неста, Виери, Михајловиќ, Панкаро, Маркеџани, Манчини. Седат од лево на десно: Станковиќ, Фавали, Алмеида, Недвед, Салас.

Колку фали старата школа во англискиот фудбал

Денес кога на фудбалерите им е поважен гелот за коса, изгледот и тоа како ќе одглумат пенал, сè повеќе недостасуваат играчите на кои да влезат со глава каде некој не би одел со нога им беше добар ден.

Барселона го освои Емирати, Јуве се спаси од пораз

По пауза од 10 години Каталонците успеаа да остварат победа во Лондон со двата гола на Меси кој со една нога ги носи во четвртфинале. Мечот во Торино донесе поголема возбуда каде Јувентус успеа од 0:2 да стигне до 2:2 и да донесе поголема неизвесност во реваншот.

Ако ги добиеме "циганите", ќе ти поклонам маица Лакост

Ова е ветувањето на тренерот на Партизан Ненад Бјековиќ пред 75-то вечно белградско дерби од сезоната 1984/1985 на кое настапуваа браќата Ѓуровски. Милко даде гол, но Црвена Ѕвезда не се спаси од пораз и тоа коло прв пат во историјата се најде на дното на табелата.

Шах-мат, голманот не мрдна

Рикардињо и Фалкао пазете го ова сега.

Контроверзниот црвен картон на Барселона - Арсенал

Овие две екипи последен пат во ЛШ се сретнаа во сезоната 2010/2011 и тоа токму во топ 16 фазата. На Емирати Топџиите славеа 2:1, а на Камп Ноу Барса им врати со 3:1 и обезбеди пласман во четвртфинале. Судијата ја претера со црвениот картон на Ван Перси.

30 причини зошто го сакаме фудбалот

Најдобрите додавања, дела кои го прават фудбалот далеку поубав од обична игра во која 22-ца трчаат по топка.