Фудбал

Ривалството меѓу Јуве и Наполи низ историјата

Јуве и Наполи можно е утре да го одиграат клучниот меч за титулата во Серија А. Нивната битка се очекува да биде тешка и неизвесна како што беше многу пати до сега. Потсетување на дуелите со Марадона и Платини, па се до оние со Пандев и Дел Пјеро.

Како Баерн одлепува на тренинг

Ги гледаш како тренираат и си викаш: Па на овие не им треба тренер, прават што сакаат со топка.

Промашување на сезоната во Африка

Аубрај Нгома после оваа утка треба за казна да му дадат на тренинг 100 пати да ја изведе истава акција, ама на мали голчиња. Неговиот тим губеше 2:1 и после промашувањето го израмни резултатот, ама израмнувањето требаше да биде во овој напад.

Кога синот ќе се метне на таткото фудбалер

Наскоро на дресовите повторно може да читаме Малдини, Клајверт, Беркгамп, Ван дер Сар, но ќе ги носат играчи со други имиња, т.е. наследниците на легендарните фудбалери.

Второлигашот кој е закон дома сезонава е поуспешен и од Барселона

Само Баерн Минхен до овој момент од сезоната има собрано поголем број, односно максимален број на бодови, за разлика од екипата која бележи историска серија пред своите навивачи.

Израелската реклама со Кристијано Роналдо

Одлуката на Португалецот да се појави во една израелска реклама за брз Интернет ги налути Палестинците кои по социјалните мрежи пишуваа дека отсега Меси им е омилен играч.

Моментот кога Барса реши да го купи Нејмар

За сите вие кои што сте го испуштиле или сте го гледале ова видео повеќе пати. Звучките посилно.

Уште од мали ги учат да лажат

95-та минута од мечот Селтик - Валенсија (судијата продолжил 6). При резултат 1:1 напаѓачот на Селтик го напаѓа последниот играч во одбраната на Шпанците кој со ефективен трик изнуди фаул. На крајот му се исплатеше, затоа што Валенсија на пенали победи 4:3 и се пласираше понатаму.

„Гол на месецот“ за 9 годишно дете

Иако конкуренцијата за гол на месец јануари во Евертон беше голема и во игра беа погодоците на Ленон, Миралас и Баркли, 86% од гласовите отидоа кај Џорџ Шо. Младиот навивач кој боледува од целебрална парализа беше гостин во ВИП ложата на Гудисон, се сретна со својот идол Жерард Деулофеу и постигна гол за наградата на полувремето против Свонси.

Првиот гол на Зидан за кој добил Рено Клио

На денешен ден пред 25 години, чудото од дете Зинедин Јазид Зидан ја започна професионалната кариера со еврогол. За тоа добил награда од претседателот.

Како Кинез пазари фудбалери во Европа

Или од што би се отарасале големите екипи за големи пари, кои годинава почнаа да ги даваат Кинезите.

Зошто Давид Бабунски не сака факултет?

Македонскиот фудбалски репрезентативец Давид Бабунски за Спортски Журнал открива зошто во Барселона го викале Филозофот и зошто смета дека човекот самиот на себе е најдобар учител.

Офсајд лик: Гиљермо Барос Скелото

Во Палермо настана каша попара со тренерите и оваа сезона, а најновата улога на тренер во заминување е легендарниот играч на Бока Јуниорс. Тој беше тренер на 5 меча, но не смееше да го води клубот. Само со Ѕампарини се вака комплицирани работите.

Не е само Аршавин слободен играч

По фамата која што се крена околу евентуалното доаѓање на Русинот Андреј Аршавин во Вардар, се обидовме да видиме кои други играчи немаат работа во моментов а би можеле да тргнат на пат кон источна Европа, па и западен Балкан.

Деј Пјеро за Марадона, Инсиње за Деј Пјеро

13-ти февруари може да биде клучен ден за освојувањето на Скудетото во Серија А бидејќи се среќаваат Јувентус и Наполи. Ако победи Јуве ќе бега еден бод, а Наполи со триумф ќе се оддалечи 5 бода. Респектот меѓу големите напаѓачи на овие два тима.

Пинг понг поен кој не се враќа

Овој поен никако не се враќа бидејќи топчето тапна во противничката половина па се врати назад. Нешто не ви е јасно? Ќе си видите сами.

Трансферот со Аршавин во Вардар е шпекулација

Пишувањата на македонските портали дека поранешен фудбалер на Арсенал има шанси да го гледаме на Филип Втори во дрес на Вардар, нè скокотнаа да провериме дали има вистина во тоа.

Шестото сетило на Ласана Диара

30-годишниот фудбалер на Олимпик Марсеј на чуден начин објави дека се враќа од повредата која го оддалечи од терените од почетокот на јануари.

Судија кој треба да добие црвен

Спрејот беше воведен за судиите да го означат живиот ѕид на кој вечно крадеа фудбалерите, a кладилницата Paddy Power на оваа тема направи реклама.

Фудбалерите кои газат на органска трева и јадат леќа

Мислите ли дека ќе се појави екипа која од исхрана ќе исфрли месо, риба и сè друго што е од животинско потекло? Да, го добивме првиот фудбалски клуб составен од вегани. Додуше игра во петта лига, ама добро му оди за сега и се надеваме дека нема да издише.

Тоти на 39 години

Капитенот на Рома наскоро ќе наполни 40 години, но и натаму го држи младиот дух со што ја одржува атмосферата во соблекувалната на Волчицата.

Интервју со Стоичков на англиски

Бугарската легенда која е европски првак со Барселона и Златна топка во 1994-та денеска слави јубилеен 50-ти роденден. Копајќи за него да најдеме нешто што не знаеме, наидовме на едно интервју со кое го мајтапат во Бугарија. Задоволен ли сте од изданието на вашиот тим? Фифти-фифти. Фрст халф вери гуд, секонд халф ајм ноу лајк. 

Најголемите серии во фудбалот без пораз

Минатото коло ПСЖ стигна до серија од 33 меча без пораз и урна рекорд во Франција стар 22 години. Ова коло го победи Марсеј на гости и ја продолжи успешната низа, но за да влезе меѓу најдобрите 10 екипи во историјата на фудбалот по овој параметар, има уште работа.