Фудбалерите на Олимпија Љубљана се шампиони на Словенија, откако го победија Рудар на гости со пенал во ’94-та минута и на тој начин на коло пред крајот ја обезбедија титулата пред лутиот ривал Марибор кој пет години по ред беше првак. Олимпија Љубљана ќе ја претставува Словенија во квалификациите за Лигата на шампионите.