Во 74 минута од мечот Лацио - Фиорентина 2:4 Фелипе Андерсон ја зема топката и му рече на Клосе „ти ќе шутираш“. Тој се подзамисли бидејќи никогаш не изведува пенали и мрежите ги полни од игра, но публиката реагираше, а тој ја зема топката и постигна гол, број 64 за Лацио.
Со тој погодок Германецот го стигна Горан Пандев и сега заедно се на седмата позиција на најдобри стрелци на Лацио и најпрецизни меѓу странците кои заиграле за овој клуб. Со натписот Danke Miro (2011-2016) тимот од Рим се збогуваше со великанот и на секој дел од Олимпико имаше по некој транспарент или маица во негова чест.
Мирослав Клосе си заминува од Лацио како една од најпочитуваните фудбалски легенди со титула од Светското првенство во Бразил. Сруши рекорди на две други легенди. Со 16 голови е прв стрелец на Мундијалите пред Роналдо, а со 71 гол е најдобар стрелец за селекцијата на Германија пред Герд Милер. Во микс зоната изјави:
„Ова беше неверојатна возбуда. Дали ми е последен меч во кариерата? Не знам, ќе зборувам со менаџерот и ќе одлучиме заедно“. Најубав гол за Лацио? Првиот на дербито против Рома во последните секунди. Видов дека навивачите се расплакаа и ми остана во срце. Најубав меч? Финалето во Купот на Италија против Рома. Тоа беше спектакл. Претседателот Лотито се обиде ли да ве задржи? Не, ништо немаше од тоа. Не зборуваа со мене така што кога имаш клуб јас не одлучувам сам дали ќе си одам“.
Клосе потпиша за Лацио на 9 јуни 2011-та и тоа на денот на неговиот роденден кога наполни 33 години. Дебитираше на 18 август и тоа против Работнички на Олимпико каде постигна гол и направи 3 асистенции. Тоа беше квалификациски меч за Лига Европа кој заврши 6:0.
Покрај одличната физичка подготвеност, борбеноста, желбата, професионалниот пристап и срцето со кое играше, Клосе знаеше да покаже и што е фер плеј. На мечот против Наполи во 2012-та по само 3 минути игра постигна гол со рака, но самиот се пријави кај судијата и рече да го поништи, а за потегот му честитаа и фудбалерите на Наполи.
На средбата против Болоња следната година Лацио победи 6:0, а тој за 40 минути постигна 5 гола со што е прв играч во Серија А по 1984/1985 кој постигна 5 голови и прв на Лацио.
Деби голот против Работнички
Петте гола против Болоња
Голот против Рома во 93-та минута
Кусиот говор пред вчерашниот меч против Фиорентина
Сите голови од мечот и благодарноста на коментаторот до Клосе