Фудбал

На овој не е човек да му даде фудбал да игра

Судијата му дели црвен картон, а овој го прави бумбар. Така тоа функционира во третата лига во Гватемала.

Италијанец е, а им забранува пица на фудбалерите

Ерата на Антонио Конте во Челси почнува со нов строг режим на исхрана кој ќе треба да го почитуваат играчите, исто како што скоро направи и Пеп Гвардиола во Манчестер Сити.

Првиот фудбалер од 1 милион фунти

Нејмар 86, Игуаин 90, Роналдо 94, Бејл 100, Погба 105 милиони евра. Секој рационален и објективен фудбалски навивач би рекол ова е претерано. Историјата на милионските трансфери е стара 37 години.

Македонија, Виетнам и Доминиканска република, тие сме

ФИФА ја објави августовската ранг листа, а тоа за нас е нова фрустрација кога ќе видиме со кого сме на исто рамниште.

Милијардите за трансфери во ерата на Премиер лигата

Четири екипи потрошиле над милијарда фунти за засилувања откако се формираше Премиер лигата во 1992-ра, а петте најголеми трошаџии заедно фукнале 6,5 милијарди фунти, во евра 7,6 милијарди. Погба чини повеќе од дупло од едно трансфер лето на Лестер или Бурнемут помножен со 104.

Фин гест на Марсело

Веднаш по финалето на Европскиот Супер Куп против Севиља кое го добија во продолженијата со 3:2, бразилскиот бек израдува дете во количка.

Нека се воведе и како дисциплина на Олимпијада

На толку нови финти кои излегоа со топка по улици, редно време е Меѓународниот Олимписки комитет да седне и да размисли за нешто вакво. Ќе има мастраф, пази ова.

На Хал Сити им фали човек за фудбал, во сабота играат со Лестер

Ако има доброволци за фудбал со соодветно CV нека се обратат во Хал Сити. Новиот премиерлигаш нема доволно играчи, а газдата само продава и не носи засилувања. 

Фото на денот

Тоа е таа олд скул фотка со дрвена клупа на која седи Икер Касиљас со копачки типични за 80-те и 90-те. Сега седат на канцелариски фотељи и носат копачки во пинк пантер боја.

Се трошат пари за трансфери како да ќе нема утре

Првенствата и куповите не се освојуваат во лето, но тогаш почнува битката на моќниците кои како да се такмичат кој може повеќе. Апетитите на Жозе Мурињо и Пеп Гвардиола за сега се задоволени со вкупни 375 милиони евра, пари кои ги потрошиле двете екипи од Манчестер.

Толку од пресот

Сезоната уште непочната, а Реал Мадрид го освои првиот трофеј, втор за Зинедин Зидан како тренер на Кралевите кого го потсетија како се слави.

Кралевите стигнаа до пехарот со гол во 120 минута

Дани Карвахал е човекот кој не дозволи да има пенали во финалето на Супер Купот, кој трет пат оди во рацете на Реал Мадрид. Претходно специјалистот за голови во финале, Серхио Рамос го спаси тимот од пораз во 93 минута. Тимот на Зидан беше без Роналдо, Бејл, Пепе и Крос.

Идиотскиот начин на кој Сан го става Гаскоњ на насловна

Дека човекот тотално забега со алкохол тоа е точно, ама дека ова е тотално нечовечен начин на кој англискиот таблоид се обидува да го зголеми тиражот и тоа е точно.

Одбојкарски сервис до небо

Италија ја совлада Канада со 2:1 и се пласираше во осминафиналето на одбојкарскиот турнир во Рио. Италијанците предизвика овации на отворена сцена со сервис по кој мислиш дека топката на кров ќе остане.

Погазениот збор на Пол Погба

Летото 2016-та ни го носи новиот најскап трансфер во историјата на фудбалот. Пол Погба преминува во Манчестер Јунајтед за сума од 105 милиони евра и се враќа во клуб за кој изјави дека не би се вратил за ниту едни пари. Ветено, несторено.

Кралот на второлигашките трансфери

Рос Макормак стана предмет на анализа во англиската фудбалска јавност бидејќи клубовите кои го ангажирале до сега за него платиле 30 милиони евра, а тој нема стапнато во Премиер лигата.

Херкулес vs Дедо Мраз 9:0

Правиме муабет за имиња на фудбалски клубови од финска трета лига. Инаку тренер на Херкулес е поранешниот славен репрезентативец на Нигерија, Даниел Амокачи кој играше на Мундијалите во 1994 и 1998, а на Олимписките игри 1996-та во Атланта освои златен медал и постигна гол за Нигерија која во во финалето ја совлада Аргентина со 3:2.

Што направи Гент во ЛШ минатата сезона

Тоа што Шкендија ги избегна Шахтјор и Спарта Прага во плејофот од Лига Европа не значи дека им e големо олеснување. Нивниот противник ги доживува најубавите години од својата историја и лани влезе во друштво на најдобрите 8 екипи од Европа.

Гент е последната пречка на Шкендија до испишување историја

Единствениот македонскит претставник на меѓународна сцена го избегна опасниот Шахтјор и за противник во плејофот од Лига Европа го доби Гент од Белгија.

Рома против Порто за влез во групите од ЛШ

На денешната ждерпка во Нион беа извлечени двојките за плеј-оф натпреварите во Лига на шампиони.

Утката поради која Бразил - Ј. Африка заврши без голови

19 годишниот Габриел Хезус од Палмеирас пред два дена стави потпис во Манчестер Сити за трансфер вреден 27 милиони фунти. Во Премиер лигата се приклучува во јануари следната година, но вакви промашувања нема да му поминат како на Олимпијада.

За оние кои мислат дека фудбалот е само игра

Не, фудбалот не е само игра, не е никако 22-ца будали трчаат по една топа, и не е само бизнис, туку е и нешто друго.