Фудбал

Сите 29 одбранети пенали на Буфон во кариерата

Џанлуиџи Буфон е единствениот голман кој два пати му одбранил пенал на Бразилецот Роналдо. Џиџи ги скротувал пеналите и на Тоти, Фиго, Муту. Последен кој се уплаши од Буфон од белата точка беше младиот Французин Александар Лаказет од Лион.

Каков беше шпанскиот фудбалски Доналд Трамп

Го снимиле како го прашува неговиот одгледувач на коњите дали да го избрка тренерот или не, прославувал триумф над Реал Мадрид качен на слон по улиците, пред мечот против Ајакс го нарекол овој клуб ФК Конго поради многуте црномурни играчи од Суринам.

Не ја гледајте ранг листата на ФИФА, Курасао нè шие 78 места

Ако мислевме дека од 146-та позиција не можеме подолу во фудбал сме се лажеле. Октомвриското рангирање ни донесе поголеми главоболки од септемвриското, а таман некако ни тргна во играта.

Шкотскиот Герет Бејл го држи Лајпциг први врвот

Никој во Бундеслигата не го сака РБ Лајпциг. Тоа знаете. Но дали знаете дека овој тим собра 12 бода на првите шест меча сезонава а главен џокер на тимот е 19-годишниот Оливер Бурк чија асистенција го испровоцира првиот пораз на Борусија Дортмунд.

Креативниот гениј на Арсенал

Ако некој во изминативе години во Премиер лигата најдобро знае да дели топки со очи, тоа дефинитивно е Месут Озил. Човекот со право синоќа си ја зема топката дома и еве ќе речеме дека и со право бара покачување на платата.

Лоб за сите пари

Арсенал го наполни Лудогорец со шест парчиња, но она што вреди да се издвои од синоќешниот дуел во ЛШ е мајсторијата на Алексис Санчез. Тој освен што прати еден од Бугарите по бурек, во само дел од секундата крена глава и виде дека голманот е малку излезен.

Селска гол технологија

Ако на овој гол треба да се решаваат дилемите дали топката ја мина гол линијата, лесно ќе оди тоа бидејќи голманот секогаш ќе биде во право.

Хет-трик на Меси, Бешикташ славеше во Неапол

Со седмиот рекорден хет-трик во Лигата на шампионите, Меси сам го победи Манчестер Сити на неговиот поранешен учител Пеп Гвардиола. Бешикташ го направи најголемото изненадување вечерва откако со 2:3 го победи Наполи на „Сан Паоло“.

Астон Вила победи на гости после 437 дена

Неколку години висеа на конец да испаднат од Премиер лигата и тоа им се случи лани (првпат после 1987-ма). Во меѓувреме сменија неколку сопственици, купија разни играчи и донесоа многу тренери но никако не им успеа да се вратат дома со гостинска победа. Синоќа после цели 437 дена и 27 гостински натпревари, Астон Вила победи надвор од домашниот терен. Најзаслужен за тоа е тренерот Стив Брус.

Талентот кој Баерн Минхен го продаде поради чалам

Синан Курт има 20 години и важи за најголемиот талент на германскиот фудбал, но другата страна од медалот покажува разгалено дете кое сака да се експонира. Поради тоа Баерн му ги спакувал куферите.

Најтрофејните екипи во 90-те

Во денови кога на сцена е клупскиот фудбал во ЛШ и ЛЕ ќе се вратиме назад во носталгичните фудбалски години од крајот на минатиот век кои покажуваат една огромна разлика за тоа каде беа и каде се сега италијанските екипи на мапата на Европа.

Врвната реклама за малиот Пол Погба

Французинот летово стана најскапо платениот фудбалер во историјата на фудбалот откако Манчестер Јунајтед го купи од Јувентус. Дресот на Погба е еден од најпродаваните во светот, а неговиот спонзор Адидас направи врвна реклама која ги опфаќа неговите почетоци.

„Сењор Перес, ова е син ми Марко и тој ќе игра за вашиот клуб“

Марко Асенсио има 20 години, а веќе важи за еден од најголемите таленти во историјата на шпанскиот фудбал. За три години поминал пат од четвртата лига до еден од најдобрите клубови на светот.

Рекордот на Севиља од 132:10

Фудбалерите и фудбалерките на шпанскиот клуб имаа викенд кој не се памети во Шпанија. Победија сите.

Фудбалерот кој смета дека не треба да зема плата кога не игра

Адриано е прав пример за Бразилец на кој парите од фудбалот му удрија во глава и потоа тргна по лош пат. На тоа имаме еден контра пример на играч од истата земја за кој до сега не сме пишувале или па можеби ги има повеќе, но не сакаат да се фалат.

Ако ја чекавте Баер кец, пцујте го голманот

Иако мислевме дека Џиџи Буфон е херојот меѓу голманите во првата ноќ од третото коло во ЛШ, сепак во исто друштво влегува и Иго Лорис. Чуварот на голот на Тотенхем е најзаслужен што Чичарито не го реши мечот, а покрај неговата феноменална одбрана, на помош се појави и гол технологијата.

Како реагира Ибрахимовиќ на сопствената статистика

По дербито меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед 0:0, излезе статистика на играчи со најмногу големи промашени шанси сезонава во Премиер лига. Златан е прв пред Волкот, Дефо, Лукаку, Погба, Варди...

Буфон правеше чуда за триумф на Јуве со играч помалку

На критиките Буфон вечерва врати со одбранет пенал и неколку чудесни интервенции. Лестер игра подобро во Европа отколку во Премиер и веќе освои 9 бода без примен гол. Дортумд триумфално се прошета во Лисабон.

Најлошиот старт на Јунајтед во последниве 15 години

По заминувањето на учителот за фудбал, Сер Алекс Фергусон, Црвените ѓаволи пробаа со Мојс, па со Ван Гал, а за сега не одат работите како што треба ниту со тренерот кој никогаш не признава дека е крив за нешто.

Човекот кој засекогаш го смени фудбалот

До 1995. година играчите не можеле слободно да го напуштат клубот по завршувањето на договорот, туку морале да плаќаат отштети. Поради тоа Жан-Марк Босман во Судот за човекови права ги тужел клубот Лиеж и УЕФА.

Колку добар потег на Мората

Тоа што некој е фудбалер на Реал Мадрид не го прави поразличен човек од другите, ама треба и доказ на дело. Алваро Мората освен што застана да ги усреќи фановите, собра еден млад навивач со дозвола од мајка му и го однесе кај другите играчи каде собра повеќе автограми. Кој знае колку се фалел малиов во школо.

На италијанските тренери во странство не им оди годинава

По отказите на Гвидолин и Ди Матио листата на отпуштени италијански стратези надвор од својата земја порасна на четири. Тренери со педигре беа отпуштани и претходните години.