Бајката на Атлетико Тукуман со загубена опрема и авионски лет

По 115-години чекање, Атлетико Тукуман доцнеше на најголемиот меч во клупската историја. На крајот, по сите перипетии кои ги снашле, излегоа на терен и победија.

Атлетико Тукуман е клуб од северната провинција на Аргентина. Годинава за првпат во историјата играат во престижниот Копа Либертадорес, фудбалска светост во Јужна Америка.

Пред една недела, пред своите гледачи во првиот меч од квалификациската рунда ремизираа 2-2 против Ел Национал од Еквадор. Ваквиот резултат бил разочарувачки и донел голем притисок пред реваншот во Кито (Еквадор) на 2.850 метри надморска висина.

Ваквите услови за игра се вообичаен проблем за ненавикнатите гости, па Тукуман решил да ја следи стандардната процедура. Отпатувале до Гуајакил, град на брегот на Пацификиот во Еквадор со планиран лет до Кито вечерта пред мечот.

Тогаш почнале проблемите.

Делегацијата на Тукуман на аеродромот во Гујаккил

Тукуман немал средена документација за летот со компанијата LATAM до Кито, а поради тоа што Јужна Америка уште е трауматизирана по авионската несреќа на Шапекоенсе во ноември лани, на Аргентинците не им дале дозвола за полетување.

Управата на Тукуман била сигурна дека вакво сценарио им спремил Ел Национал затоа што правилата во КОНМЕБОЛ налагаат екипата да доцни 40 минути по терминот за почеток, во спротивно другата екипа добива службено.

Времето немилосрдно минувало а Еквадорците иако се бунеле, на крајот прифатиле да играат час и половина подоцна. На крајот фатиле туристички автобус којшто во Кито стигнува во 19:38, на само 12 минути до почетокот на мечот.

Но тука сагата на Атлетико Тукуман не завршила. На аеродромот во Гуајаквил во брзање (сите трчале), ја заборавиле целокупната опрема, па во Кито стигнале без дресови и шорцеви.

Во моментот кога се помириле со службен пораз, на член од управата му текнало дека во градот се наоѓа репрезентацијата на Аргентина до 20 години на првенството за млади играчи. Брзо им се јавиле да им ги пратат до стадионот.

На крајот излегле на теренот како голем аутсајдер и во дресови со други презмиња. Ел Национал бил фаворит за победа и играл пред преполн стадион. Целата одисеја како да ги мотивирала играчите на Атлетико Тукуман кој победија со решавачкиот гол на Фернандо Ѕампедри за големо славје на 58 гостински навивачи кои допатувале во Еквадор да го бодрат тимот.

 

Еквадорците елиминирани од Копа Либертадорес а во следната рунда со дресови на младинците на Аргентина оди Атлетико Тукуман.

Во следното коло Атлетико Тукуман ќе игра против Жуниор од Колумбија. Веројатно ќе ги средат документите за летот следната недела во Баранкиља.