Стадионот требало да го носи името „Германски стадион“, а почнал да се гради во Нирнберг. Проектот бил направен од страна на архитектот Алберт Шпер, а изградбата почнала во септември 1937 година.
Според Шпер, Хитлер бил инспириран од стадионот на Панатинаикос во Атина кој го посетил во 1935 година. Требало да биде огромно здание од 24.000 квадратни метри со капацитет од 400.000 луѓе и висина од 90 метри во форма на потковица.
Стадионот требало да биде четири пати поголем од Олимпискиот стадион во Берлин, а цената изнесувала 250 милиони долари. Кога била направена финансиската конструкција Адолф рекол:
„Цената е толку ниска, како за два брода“.
Лудата идеја на Хитлер остана нереализирана поради тоа стартот на Втората Светска војна и тој ќе остане познат како најголемиот неизграден стадион во светот.
Еве што има сега на тоа место.