Фудбал

Најскапите фудбалери во историјата според возраста

Телеграф ги стави во едно сите најскапи трансфери почнувајќи од играчи на 14 до 40 годишна возраст. Пато и Волкот се меѓу помладите, Зидан, Ето и Батистута меѓу постарите, a Дејвид Џејмс меѓу најстарите.

Најјакиот волеј во историјата на швајцарскиот фудбал

Рано е да трубиме за наградата на Ференц Пушкаш бидејќи годинава сега почна, ама ФИФА сигурно веќе ја прави компилацијата со можните кандидати за престижната награда. ФК Сервет е дел од швајцарската втора лига, а за ова извонредно двојно проигрување да знаеш вака добро да го завршиш, не ти треба само сила, туку и мозок.

Во мобилниот на Арсен Венгер

Спрдња со дежурниот тренер за спрдачење, овој пат со неговиот мобилен телефон. Омилен дел на кој прснавме од смеење е тоа јакната долга колку 100 мантили која никако да ја соблече и да го погоди патентот од прва.

125-килашот од Сатон кој се спрема за Купот против Арсенал

Сезонава хит во Англија е петтолигашот Сатон Јунајтед кој преку Форест Грин, Вимблдон, Дартфорд, Челтенам и Лидс Јунајтед стигна до 1/8 финале на ФА Купот и ќе во своето селце ќе го пречека моќниот Арсенал.

Мурињо знае да извлече од тебе нешто што не си знаел дека постои

9 години, 9 трофеи, 8 тренери, 377 настапи, 33 голови. Овие бројки го прават Бранислав Ивановиќ еден од најдобрите дефанзивци во историјата на Србија. Сите му припаѓаат на еден тим по име Челси кој се пропороди во ерата на Абрамович, за што ќе им раскажува и на внуците.

Несторовски: Сакам да го спасам Палермо

Прилепчанецот има сериозна намера да стане прв стрелец на екипата во Серија А, но вели дека тоа би било џабе ако клубот од Сицилија не се спаси од испаѓање во втора лига за што ќе треба пеколна борба.

Головите на Азар против големите екипи

Од мај 2016-та до сега Еден Азар не само што успеа да им даде гол на Тотенхем, Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Арсенал, туку сите му се кој од кој поубав. Фали уште автогол да си постигне за да му сметаме дека бил стрелец на сите гиганти од Премиер лигата.

Се сеќавате ли на дуелот меѓу Пандев и Ибрахимовиќ во Ѓорче?

На Градски/Филип Втори во Скопје сме виделе еден куп ѕвезди од типот на Бекам, Лампард, Руни, Чави, Иниеста, Нистелрој, Робен, Буфон...ама во населба Ѓорче Петров немало и нема повторно да се појави фраер како Златан Ибрахимовиќ. Среќа што имаме снимка.

Најголемиот малер меѓу тренерите кој загуби 10 финалиња

Хектор Раул Купер е познат аргентински тренер кој во кариерата (тренерска) изгуби шест финалиња а во онаа играчката изгубил четири финалиња. Нема поголем малер меѓу тренерите.

Соиграчи во Челси како татко и син

Погледнете го Курт Зума (190см) во елемент на дриблање и Н`Голо Канте (169см) малку погоре. Нели сме во право со насловот?

„Ќе ја пресечеш свадбената торта и назад на тренинг“

Еден од најдобрите тренери на денешницата го паметиме како играч кој играше со рака во гипс, со пукната аркада и како човек кој правдината ја тера до крај па макар му се испречиле и илјада хулигани.

Акција на шкотски начин

Ако мислите дека Челси и Јуве сезонава немаат конкуренција во борбата за титулата сте се лажеле, барем се до моментот кога ќе видите што се случува во Шкотска. Селтик има 70 бода остварени со 23 победи и едно реми, а потоа следуваат Абердин и Ренџерс со по 43. Вчера пукнаа петарда на гости со гол од една акција ала Барселона.

Последниот гол на Роналдињо за Барселона не се заборава

Дека на Каталонскиот тим му недостига смешкото кој од шала даваше голови и играше самба еден против двајца, докажува тоа што токму него го назначија за амбасадор на Барселона. Тешко дека има таков на кој не му недостигаат магиите кои ги правеше, па затоа ќе се потсетиме на последната додека беше во топ форма.

Откриена е мистеријата зошто има толку глумци во фудбалот

Кога ќе се зачудите како може некој фудбалер толку театрално да падне само ако го допрат или ако воопшто не го допрат, сетете се дека има нешто што им пречи, а тоа е голфот.

Ништо без наш Иле во Палермо

Македонската машинерија за голови, продолжува да ги тресе мрежите во Серија А. Откако минатата коло Несторовски погоди на Сан Паоло и му скина бод на Наполи, сега постигна многу важен гол во борбата за опстанокот против Кротоне. Во 27 минута на Ренцо Барбера грмеше името на Илија за 9-ти погодок сезонава од вкупно 19 на цела екипа.

Натчовечка одбрана на Икер Касиљас на дербито

Некогашниот капитен на Реал Мадрид и Шпанија Икер Касиљас е најзаслужен за победата на Порто во дербито со лутиот ривал Спортинг Лисабон. При резултат 2:1 во 93-та минута Касиљас одбрани топка што сите ја видоа во голот на Порто.

Како Џон О`Ши се снајде како голман на Јунајтед

4 февруари 2007-ма или точно 10 години по оној легендарен момент кога О`Ши мораше да изигрува голман против Тотенхем. Ван Дер Сар заработи тешка повреда, Фергусон ги направи сите измени, а Гигс и Руни му фаќаа сеир на дефанзивецот кој одлично се снајде како голман и остана несовладан.

Како Каталонците им правеа шева на Кралевите

Ел Класико, 2012-та кога Барселона везеше (не дека сега не везе) и по една освоена топка успеа целосно да ги зашемети фудбалерите на Реал Мадрид. Друг клуб ова не го може, особено не против Реал. 

Мурињо, на младите останува светот

Под палката на Жозе дебитирале 49 млади играчи, но само дебитирале. Најголем дел од нив ги нема на фудбалската мапа, а еден од ретките светли примери е Алваро Мората кој стана стандарден репрезентативец на Шпанија. Што има Мурињо против младите таленти?

Како е можно овие момци да не освојат ништо со репрезентација?

Ги гледаш и не знаеш дали да ги жалиш или да се чудиш, како може ваков епски спој на 11 луѓе родени во иста земја да не стигне до ниту еден пехар на големите натпреварувања. До нив ли е, до силната конкуренција или пак лошиот избор на селектори?

Најсаканиот голман во Ливерпул кој доби писмо од Папата Јован Павле

Од моментот кога ги облекол рударските ракавици на татко му посакал да биде голман. Од родната Полска кариерата го однесе во Ротердам, Ливерпул и Мадрид, градови во кои прослави многу трофеи.

Кои клубови трошат најпаметно на трансфер пазарот

Во големото богатство на најелитните лиги во европскиот фудбал се кријат голем број на погрешни инвестиции за играчи кои се брзо заборавени. Има клубови кои се лузери за успеси во однос на тоа што го трошат. Најдобар пример е Атлетико Мадрид, лош пример двете екипи од Милано.