125-килашот од Сатон кој се спрема за Купот против Арсенал

Сезонава хит во Англија е петтолигашот Сатон Јунајтед кој преку Форест Грин, Вимблдон, Дартфорд, Челтенам и Лидс Јунајтед стигна до 1/8 финале на ФА Купот и ќе во своето селце ќе го пречека моќниот Арсенал.

Кој не го сака англискиот ФА Куп, тој не сака фудбал. Ова натпреварување не само што е најстаро фудбалско во светот, туку и секоја година ни дава многу необични примери и изнедувања.

Годинава тоа е Сатон Јунајтед - мал селски клуб од петта лига којшто тргна од самото дно, победи неколку познати клубови и сега ќе игра дома против Арсенал во осмина-финалето.

Во составот на Сатон нема ниту еден професионален играч - на пример, победничкиот погодок минатата рунда против Лидс Јунајтед го даде дечко кој пред неколку недели работел на градилиште и местел гипс картон.

Главна медиумска ѕвезда сепак стана 45-годишниот голман Вејн Шоу кој не бранеше против Лидс но објективот на камерата го фати во еден од најсреќните моменти во неговиот живот.

„Популарноста годи, но да бидам искрен: таа не е поради мене самиот и мојот изглед, туку поради тимот. Момците направија неверојатен подвиг и заслужија внимание. Јас седам на клупата за резерви и тешко е да кажам дека е мој успех. Но на 46 години веќе сум зрел и разбирам сè. Секако дека ова беше најголем момент во мојата кариера“, вели харизматичниот 125-килаш Вејн Шоу од нисколигашот Сатон.

Последен пат Шоу бранел пред неколку недели кога направил и пенал, но тоа било само пријателски меч. Вејн не се сеќава кога последен пат играл сериозен натпревар: “Пред 2 или 3 месеци, тогаш им помагав на едни стари пријатели од друга екипа да влезат во повисок ранг“.

Овој огромен и дебел маж со симпатичен израз на лицето неколку години работи како голман и тренер на голманите. Не му е многу тешко: Фудбалерите на Сатон Јунајтед се собираат на тренинг два пати во неделата, во вторник и четврток наутро. Целиот тим покрај фудбалот се занимава и со други работи.

„Еден е мајстор, неколку деца се занимаваат со фитнес-клубови, еден е електричар, имаме и поштар“, искрено кажува голманот Шоу.

Самиот Вејн пола година е во стручниот штаб на Сатон, но работи и околу клбуот.

„Јас постојано сум на теренот, го чистам, го одржувам во ред. Се занимавам и со социјалните активности на клубот. Имаме школа со деца за посебни потреби - таму има деца со нарушена координација. Таа работа ме исполнува, ме прави среќен затоа што сфаќам дека со мене се е во ред. А уште и кога ќе ги видиш децава, знаеш какво задоволство е што се во спортот“, раскажува Вејн Шоу.

Денес Сатон е најголемиот хит во Англија. Кога клубот стигна до 1/8 финалето на Купот екипата славела во еден паб до четири сабајле.

„Лично јас не пиев затоа што требаше да возам до дома, а живеам на 130 километри од тука. Обично во клубот сум понеделник, вторник и среда, во четврток сум дома, во петок одмарам, а во сабота играме. Кога го поминавме Лидс тоа беше неверојатно. До скоро не верувавме дека ова е вистина, мислевме дека сонуваме кога на ждрепката на екранот ги видовме топчињата Сатон Јунајтед - Арсенал. Сега просто уживаме во моментот“.

Преносот од ждрепката за 1/8 финалето играчите на Сатон го гледале заедно со навивачите. И кога им падна Арсенал сите славеа еуфорично како да освоиле Лига на шампиони. Сепак не ти доаѓа Арсенал редовно на гости.

Сите скокнаа од радост и направиле и дупки во покривот. Сега им треба нов кров.

“Но сериозно ова е најголем успех: На телевизија ќе не гледаат околу 200 милиони луѓе од целиот свет. За така мал тим ова е неверојатен резултат. Најголем во историјата“, вели Шоу.

По зборовите на Вејн, ако Сатон направи сензација и го победи Арсенал, прославата во сите околни пабови ќе трае неколку дена.

„Немаме никакви шанси, во рангот на англискиот фудбал пред нас има стотина клубови, но во Купот на Англија се случуваат чуда. За нас секој позитивен исход како што е реми ќе биде како победа“.

Сега Шоу станал и мега популарен на друштвените мрежи каде добил повеќе од стотина повици за пријателство на Фејсбук. „Ми раскажаа колегите за еден дечко од Венецуела, имал 24 години исто голман е. Толку го воодушевила нашата историја што сака да се проба во Англија и да дојде на проба. Кул е кога можеш да инспирираш некој. Сатон покажа дека нема граници“.

Во сите странски текствои за Сатон Јунајтед Вејн Шоу е мегаѕвезда поради тежината: некои пишуваат дека имал 115, некои 120, а некои претеруваат и со 150. Кога новинарите го прашале Вејн сам да одговори, тој се насмеал:

„Пред 15 години ме викаа ’Голманот крофна’ но не ми сметаше. Можеби навистина сум најдебелиот голман на светот. Но јас не играм редовно и да ме викаат сегашен голман не е баш коректно. Седам на клупата за секој случај а мојата помош добро доаѓа“, искрено раскажува Вејн и заклучува: “Тежок сум 124-125 килограми. Но имајте на ум дека ако бев повисок, немаше да бидам толку дебел. Тренирам 2-3 пати неделно. Секако дека би било супер да ослабнам екстра 12-13 кила, но тогаш нема да бидам ’Голманот крофна’.

Еве каде Сатон ќе го пречека славниот Арсенал.