Спомените на Бане од Стемфорд Бриџ

Мурињо знае да извлече од тебе нешто што не си знаел дека постои

9 години, 9 трофеи, 8 тренери, 377 настапи, 33 голови. Овие бројки го прават Бранислав Ивановиќ еден од најдобрите дефанзивци во историјата на Србија. Сите му припаѓаат на еден тим по име Челси кој се пропороди во ерата на Абрамович, за што ќе им раскажува и на внуците.

Кој беше главен во соблекувална?

Џон Тери кој беше капитен и лидер, иако тука беа и Лампард, Дрогба и Чех. Сите големи играчи кои ја држеа соблекувалната. Работите кои ги правеа надвор од терен понекогаш беа многу важни.

Дали Роберто Ди Матео нареди во финалето од ЛШ против Баерн да го паркирате автобусот пред гол?

Не, туку тоа едноставно се случи. Сите се сеќаваат на таа приказна со автобусот, но морате да знаете дека игравме на гостински терен. Во полуфинале против Барселона на Камп Ноу одигравме 2:2. На Барса не можеш да и дадеш два гола ако паркираш автобус. Точно е дека одбраната е една од нашите најсилните страни. Сите знаевме дека мора да се браните и од контра да стигнеме до голови.

За голот во 93-та минута против Бенфика за победа во финалето во Лига Европа...

Често се случува одбранбен играч да постигне гол во финале, но во прв план го гледам тимот, а не себе си. Сјајно е тоа што успеавме да победиме. Кој го даде голот не е важно.

Поминаа многу тренери за време на твојот престој на Стемфорд Бриџ. По нешто за секој?

Кај Аврам Грант не можев да играм, но имав од него голема поддршка бидејќи секогаш ми велеше да се стрпам, дека моето време доаѓа. Потоа со Гус Хидинк секогаш бев во прв тим. Со Карло Анчелоти направив голем исчекор во играта, од Андре Вилаш Боаш научив многу околу разбирањето на играта. Со Ди Матео имав одличен однос, кога стана тренер прв пат се почувствував како еден од лидерите во тим. Со Рафа Бенитез ја паметам титулата во ЛЕ, а Антонио Конте ми даде многу совети околу тактиката.

Но едно име тука фали...

Тоа беа две или три години со него, најдобрите во мојата кариера. Мурињо е посебен на многу начини. Ако победуваш ќе ти верува без граници. Инаку може од тебе да извади некои резерви за кои не си ни знаел дека постојат. Не можеш да биде рамнодушен, или го сакаш или го мразиш, затоа е и посебен. Многу сум среќен што имав можност да работам со него.

Карло Анчелоти?

Мислам дека секој играч би посакал целата кариера да ја одигра под негово водство. Многу е мирен, негативностите ги прима за себе, а на играчите им дава само мир. Резултатите заедно ги имавме.

Анегдотата со Јури Жирков, поранешниот играч на Челси и голем голем пријател на Ивановиќ.

Во Челси има традиција секој нов фудбалер да мора нешто да отпее пред сите. Јури ќе се налути, но јас не го ни слушнав како пее од што сите се смеевме гласно. Може сега да ме демантира колку сака, ама така беше.

За неговото вклопување во Челси...

Русите секогаш имаат каде да се вратат. Лигата е таква да можеш да градиш кариера на највисоко ниво и да играш ЛШ. Ние Србите за жал немаме такви можности бидејќи нашите клубови се далеку од европското ниво. Потоа немаме избор и мораме да се навикнеме на било какви услови. Тоа е веројатно разликата меѓу руските и српските играчи.

Колку ти недостига родниот крај Сремска Митровица?

Дома ми е најубаво, таму сум свој човек. Никој не ме гледа како ѕвезда и сум обичен граѓанин како сите други. Таков и ме паметат. Во Белград е друго, бараат фотографии, автограми.

7 февруари 2017 - 13:57