Фудбал

Спасителот на Челси со одбрана на сезоната

Тимот на Антонио Конте продолжува со одличната победничка серија во Премиер лигата и се држи на +6 од Ливерпул и Арсенал. Сите честитки за вчерашниот гостински триумф против Сандерленд одат кај Тибо Куртоа кој оваа интервенција ќе си ја гледа на најавните шпици.

Во пресрет на Баерн Минхен - Дармштад

Последен пат кога овие две екипи се сретнаа во Бундеслигата, Томас Милер го постигна еден од најубавите голови во кариерата. Инаку нивниот дуел се игра во недела 15:30.

Ако не може Инѕаги, тука е Креспо

Еден од најинтересните натпревари следното коло во Серија А се очекува да биде дуелот меѓу Лацио и Фиорентина. 15 години наназад, исто во декември месец оваа средба донесе една бомба на Хернан Креспо, во тоа време еден од најдобрите напаѓачи во Италија.

Водителот кој 36 години се бореше за револуционерното правило во фудбалот

По 112 години постоење, ФИФА годинава конечно им ја олесни работата на судиите кои немаат око соколово и кога нема да видат чист пенал или ќе го досудат по грешка, страдаат и тие и нивните мајки. Најголеми битки за да им се помогне водеше новинарот кој има изгледано 15 Мундијали.

Историски момент во фудбалот, првпат досуден пенал по видео снимка

На Светското клупско првенство кое во моментов се игра во Јапонија, на мечот Атлетико Национал - Кашима, унгарскиот судија Виктор Кашаи реши да прегледа забавена видео снимка од еден дуел и да досуди пенал врз основа на виденото. Ова е историски момент и првпат на официјален меч се користи забавена видео снимка.

АС ептен ги измеша брзините

Еден од најугледните шпански весници во табелата за освојување гласови за Златната топка, Марез го направи Турчин, Обамејанг Нигериец, а Модриќ Србин.

Браќата Ковач и силните орли

Минатата недела браќата Нико и Роберт Ковач ги продолжија договорите со Ајнтрахт Франкфурт до 2019. година. Не дозволија „орлите“ да испаднат лани од Бундеслига, а сега хрватските специјалисти го носат тимот во зоната на евро-куповите.

Како Кристијано Роналдо се трансформираше од крило во напаѓач

Кога пред да потпише за Реал Мадрид во 2009-та изјави дека играњето во напад не е негова позиција, Роналдо практично погреши, бидејќи таа позиција и головите со кои решета веќе седум години му помогнаа да освои четири Златни топки.

Хаотичниот финиш меѓу Евертон и Арсенал

Топџиите синоќа имаа 0:1 на гости против Евертон, но домаќинија се изборија за целосен пресврт и победа од 2:1. За навивачи на Арсенал со слабо срце последната минута од судиското продолжение не е за гледање. Не се знае кој јаде, кој пие.

Патот на Ел Матадор, човекот кој го сакаше целиот југ

Единсон Кавани беше икона кај навивачите на Наполи. Италијанските новинари не престануваа со комплименти за него, а Уругваецот го воодушеви и Диего Марадона. Но во Париз налета на Златан Ибрахимовиќ од чија сенка излезе сезонава.

Резултатите и сите освојувачи на Златната топка

Со повеќе од двојно гласови од Меси, Кристијано Роналдо стигна до освојувањето на Златната топка број 4 во својата кариера и му се доближи на својот ривал кој има само една повеќе. Заслугите за тоа одат најмногу поради освојувањето на ЛШ и ЕП во иста година.

Најтврдиот орев во првите 45 минути

Ако ве праша некој кои екипи мислите дека сезонава примаат најмалку голови во прво полувреме, сигурно прво ќе ви текне на Баерн Минхен, Јувентус или Челси. Баерн и Челси се тука некаде, ама не се најдобри.

Најелитното осминафинале во Лигата на шампионите

Никогаш до сега во историјата немало толку мал број на земји кои имаат свои претставници во топ 16 фазата од Лигата на шампионите.

Динамо Загреб не сака да игра во регионална лига

На Балканот последните неколку недели гласно се зборува околу новата регионална фудбалска лига, а од УЕФА не само што дадоа зелено светло туку и одредија богат награден фонд за учесниците. Но Балканот не би бил Балкан ако нема потешкотии.

Кога Никола ќе се сврти со грб

Фудбалерите на Фиорентина остварија важна победа против Сасуоло од 2:1 со која ги поминаа Торино и Интер и се искачија на 7-та позиција. Никола Калиниќ ги постигна двата гола. Вториот е за големи пофалби.

Од каде ли Мартин го научи овој дриблинг?

За тинејџер кој е растен во Норвешка, земја каде фудбалот не е спорт број 1, зачудува изведбата на ваков ретко виден потег на кој сигурно нема да подзамижи ниту неговиот колега Кристијано Роналдо.

Фудбалерот кој на 1.600 натпревари не добил никогаш жолт картон

Сте слушнале ли за Дики Бортвик? Тешко дека сте слушнале бидејќи неговата приказна звучи неверојатно. Тврди дека игра фудбал од 1947 година.

Тифозите на Интер не го заборавија Пандев

Капитенот на Македонија, Горан Пандев синоќа со Џенова му гостуваше на својот поранешен клуб Интер со кои освои сè што можеше да се освои. Курва Норд, северната трибина на „Џузепе Меаца“ не го заборавила Македонецот и со скандирање го поздрави при неговото влегување во игра во 79’ минута.

Најемотивната прослава на гол во Турција

Турците имаа крвав викенд со 38 жртви кои загинаа во терористички напад во близина на стадионот на Бешикташ, а тоа донесе потресна слика и солидарен гест на играч со полицијата.

Најголемиот фан на Роналдо е од Индија

Од сите тие милиони фанови на Кристијано Роналдо кои го следат на Фејсбук и Инстаграм, треба да обрнете внимание на само еден. Ај што “ги има“ неговите потези, туку и го чува до столната ламба.

Човекот кој заигра во Премиер на измама, а не беше фудбалер

Името Али Диа во Англија е синоним и жаргон за преварант, лажго, измамник, лицемер и престапник. И тоа само поради легендарниот трансфер на извесен Сенегалец во Саутемптон каде наводно доаѓа на „лична препорака“ на Жорж Веа кој „се колнел“ во неговиот талент.

Реакцијата на Мурињо на ждребот за Лига Европа

Манчестер Јунајтед за противник во нокаут фазата во Лига Европа го доби Сент Етјен, дуел на кој е фаворит и дуел кој за некој беше инспирација да ископа нешто вакво.

Манчестер Јунајтед – Сент Етјен и Виљареал – Рома во ЛЕ

По извлекувањето на двојките за Лига на шампиони, стандардно по еден час беа извлечени и дуелите за нокаут фазата во Лига Европа. По три години некоја друга екипа ќе го крене овој пехар бидејќи Севиља е осминафиналист во ЛШ.

ПСЖ - Барселона, Баерн Минхен - Арсенал

На денешната ждрепка во Нион беа извлечени двојките за осминафиналната рудна во најелитното клупско европско натпреварување.