Фудбал

„Ми се смееа за скинатите копачки, а јас сакав само да играм“

Goal.com неодамна објави интервју со крилото на Ливерпул Садио Мане којшто раскажува колкав пат изодел од прашливите улици на едно селце во Сенегал, до катедралата на фудбалот „Енфилд Роуд“.

Пас на сезоната во Шпанија

Кога за екипи како Севиља, Тотенхем или Фиорентина кои не се од врвот, ама не се ни далеку од него, некои велат дека им се симпатични, има зошто го велат тоа. Во оваа акција на Севиља која ја декласираше Малага со 4:1 има и повеќе од симпатичност. Позајмениот Насри од Сити даде топка со очи со која на елегантен начин го прескокна средниот ред, а потоа триаголникот заврши успешно како на Сони.

Дрис Мертенс - 7 гола на 2 меча, 8 гола за 10 дена

Кога навивачите на Наполи дознаа дека Полјакот Аркадиуш Милик ќе паузира повеќе од шест месеци, кренаа раце од борбата за скудето. Медиумите шпекулираа со нов напаѓач, а тренерот Сари експериментираше со малиот Белгиец Мертенс во нападот и направи чудо.

Благајникот од циркус и помошен готвач што заигра за Милан

Фудбалот е заебана игра. На секој млад талент кој се пробива има дваесет млади таленти кои пропаѓаат. Малку се оние на кои им се насмеала среќата, како на пример на Харви Езајас кој беше член на Милан во славните денови а никој не го знае.

Првите 18 месеци на Канте во Премиер лигата

„Канте не е играч кој постигнува голови, но тој победува за другите во тимот и работи повеќе за другите отколку напаѓачите кои се суперѕвезди“.

Пресингот на Озил против Манчестер Сити

Колку и да е добар, за што често го фалиме и ние, овој однос на Месут Озил е непрофесионален. И 5:0 да губиш, срамота е вака да дремеш на средина на терен и само да ја гледаш топката.

Само Иниеста и Меси може вака да понижат пола тим

Ако изброивме добро во акцијава на Барселона која ја заврши Суарез со гол, Иниеста и Меси успеаа мајмуни да направат 7 фудбалери на Еспањол, значи пазете 7, а Иниеста прво се лизна.

Голман на колото

За најнесмасен голман ова коло дефинитивно го прогласуваме Пауло Казанига од Рајо Ваљекано. Ова е како да ти фали човек за фудбал па викаш било кого само за да се игра.

Несторовски и Трајковски за делириум на Палермо кај Пандев на гости

Со деби настапот и деби голот на Александар Трајковски оваа сезона, Палермо успеа да направи луд пресврт во Џенова и тоа благодарение на двајцата македонски напаѓачи кои ја завршија работата во 90-та минута. Иле асистираше, Трајковски погоди.

Преживеаниот фудбалер на Шапекоенсе ќе ја продолжи кариерата

Еден од шестмината преживеани од авионската несреќа, бекот на Шапекоенсе Алан Рушел (27), по излегување од болницата се појави на прес-конференција и кажа дека ќе ја продолжи кариерата во чест на неговите загинати соиграчи.

Најбрзите тркачи во дуел еден на еден

Обично велат дека тој што е со топка не може да биде толку брз како тој што го брка, но не велите два пати така за Анри, Рашфорд и Меси или понекогаш и за Бејл. За брзи играчи важат и уште многу други играчи како Роналдо, Куман, Салах...

Божиќ во Премиер лигата

И вака е интересно видеово, а може да замислите колку само јако би изгледало ако беа вистинските ликови.

Голот на малиот Бредли за гол на месецот во Премиер

Како и што најави организаторот, пред мечот Сандерленд - Челси, малиот Бредли Лоуери кој боледува од рак и според лекарите му останува уште неколку месеци живот го постигна првиот гол во мрежата на Асмир Беговиќ, а целиот стадион го награди со аплауз. Сега во Англија има кампања неговиот гол да биде прогласен за гол на месецот.

Од крадец на велосипеди до најголем Казанова во Европа

Во својата биографија Бобо Виери раскажува како ја пцуел жена му на Морати без да знае која е, колку пари изгубил на покер со Роналдо, за интимите со најубавите манекенки во Италија и за Ферарито кое му го купил контроверзниот Хесус Хил од Атлетико Мадрид.

Не си играјте со Монако зашто ќе јадете шамари

Најефикасни екипи сезонава во своите лиги се Реал Мадрид и Ливерпул со по 40 голови, Рома има 36, а Баерн 34 и сите овие може да му свирнат под прозор на Монако кој е на бод зад лидерот Ница со 53 гола на 17 средби или во просек по 3 на натпревар. Го вратија од мртвите и Фалкао кој им е најдбар стрелец со 10 гола.

Лестер продаде злато од играч

Да го имаш во екипа Макелеле или по ново Н’Голо Канте’ и да го продадеш, тогаш мора да ти биде јасно дека си направил тежок кикс и голема дупка во среден ред. Дечкото од Мали лани беше број 1 во Премиер лигата по број на украдени топки и лизгачки стартови и со своите зрели 25 години сега го држи средниот ред на Челси или поточно цел терен. Не за џабе го платија 32 милиони фунти.

Убаво било да си играч на ПСЖ

Иако не се работи за Реал Мадрид, Барселона или Баерн каде знаеме ѕвездите какви пари млатал, ниту пак за Премиер лигата каде зајдоа со пари, сепак и во француското првенство се вадело добар леб, ама треба да ти се паднат газди Шеици.

Созревањето на „Црешите“ од Борнмут низ годините

Пред неколку години Борнмут се влечеше во мизерија во третата дивизија. Главна цел на клубот беше да се ослободи од долговите и да избегне банкрот. Денес тимот е полноправен борец во Премиер лигата способен да го победи Ливерпул.

Конфузија со голот на Роналдо број 500

Со погодоците на Бензема и Роналдо, Реал Мадрид ја совлада Клуб Америка и се пласираше во финалето на Светското клупско првенство. За голот на Роналдо во 93-та беше употребена видео технологијата за да се утврди дали имаше офсајд, па судијата ги искомпликува работите.

ФИФА ќе ги зезне тие што се договараат за реми на Светско

По видео технологијата која синоќа го имаше своето деби, Светската куќа на фудбалот се подготвува за уште едно ново историско правило по кое повеќе ништо нема да биде исто на Мундијалите и ќе придонесе за поголема правда.

Авганистанчето не сакаше да се одвои од Меси

6-годишниот Муртаза Ахмади чија слика со дрес направен од кеса на која пишуваше МЕСИ 10 го растажи целиот свет, конечно го запозна својот идол. И не само што го запозна, туку не сакаше да се одвои од Аргентинецот.

Фото на денот

Џонатан Волтерс ја контролира топката со нос за време на синоќешниот дуел меѓу Стоук и Саутемптон 0:0.

Пицеријата во Ница која го олесни трансферот на Балотели

Ќе ви биде простено ако помислите дека насловот на овој текст е шега, но не е. Марио Балотели не го потпиша договорот со Ница во канцеларија.

Спасителот на Челси со одбрана на сезоната

Тимот на Антонио Конте продолжува со одличната победничка серија во Премиер лигата и се држи на +6 од Ливерпул и Арсенал. Сите честитки за вчерашниот гостински триумф против Сандерленд одат кај Тибо Куртоа кој оваа интервенција ќе си ја гледа на најавните шпици.