Фудбал

Славјето во соблекувалната на Монако

Манчестер Сити е првиот клуб кој по дадени 5 гола во нокаут фаза се соочи со елиминација во реваншот. Џабе им се и парите и ѕвездите и Пеп Гвардиола. Монако успеа да ги победи без Фалкао и заслужено славеше.

Лудите одбрани на Јан Облак

Голманот на словенечката репрезентација Јан Облак со три надреални одбрани по ред го спаси Атлетико Мадрид вечерва против Баер Леверкузен.

Фудбалска лекција од Монако за Сити

Најефикасниот тим во цела Европа сезонава, успеа да ја надомести негативата од првиот меч (5:3) и со три парчиња во мрежата на Кабаљеро да ги испрати Пеп Гвардиола и Сити да се посветат на Премиер лига. Атлетико спиеше, Облак го спасуваше од пораз.

Кевин Гроскројц - панкерот што освои Светско првенство

Да имаш редок талент, да учиш од Јирген Клоп, да бидеш миленик на „Жолтиот ѕид“ во Дортмунд, да освоиш Светско првенство и да завршиш како цреп треба стварно да си Кевин Гроскројц.

Кинезите им го скршија филмот на навивачите од Милано

Свежите странски пари колку можат да бидат добри, толку можат да бидат и лоши. Во случајот со екипите од Милано за сега нема ништо добро, туку само една необична смена на термин на кој нема навивач кој не би се побунил.

Шест години од моментот кога Пандев ја замрзна Алијанц арена

Интер во сезоната 2010/2011 доби тешка задача, а тоа е да го одбрани трофејот во ЛШ со Леонардо како тренер. Стигна само до топ 8 фазата и тоа по најтешкиот пат наречен Баерн Минхен во осминафиналето, благодарение на левицата на Горан Пандев во 88-ма минута за конечни 2:3. На првиот дуел Баерн славеше 0:1.

Твит на денот

Се надеваме дека нема да има потреба да ѝ правиме репост на ова објава.

Мурињо им ја искритикува нивата, а тие добија казна

Жозе Мурињо во пресрет на првиот осминафинален дуел од Лига Европа се пожали дека на теренот на Ростов е невозможно да се игра пас игра. Прво: беше во право и второ: суспензијата е реална.

Икер и Џиџи на квиз

Кога на една страна ќе го седнеш Џиџи Буфон, а на другата Икер Касиљас резултат е вкупно 42 трофеи и по 167 репрезентативни настапи за двајцата. Секогаш се почитуваат и секогаш се испраќаат со гушка после секој натпревар. Двете голмански легенди одговараат на прашања пред дуелот Јувентус - Порто.

Што се случува кога Инсиње ќе падне во шеснаесетник?

На Јувентус му судат пенал. Тоа е еден од најироничните транспаренти сезонава кои се појавија изминатиов викенд на стадионите во Серија А. Јуве доби пенал и вчера и во петокот, ама изминативе неколку сезони и не баш како што мислите.

Пет работи кои ги научивме од пласманот на Лестер во топ 8

Додека Арсен Венгер со години се бори да го однесе својот тим подалеку од осминафиналето во ЛШ, Лестер беше третолигаш, па шампион на Англија и успеа од прва мајка да стане четвртфиналист во најелитното клупско европско натпреварување. Па кој е како нив?

Комедија на колото во Бундеслигата

Баер Леверкузен и Вердер Бремен одиграа 1:1 во домашното првенство, а за најкомичен момент на колото Германците ја издвојуваат измената во 82 минута кога Чичарито не можеше да се отараса од својот чувар.

Нема да игра Лига на шампиони, има испити за учење

17-годишниот Каи Хаверц важи за еден од најголемите таленти во германската Бундеслига, но својата надареност нема да може да ја покаже во реваншот со Атлетико Мадрид зошто има за учење.

Лестер на чудесен начин во четвртфинале

Каспер Шмајхел со еден одбранет пенал во Андалузија и еден вечерва во Англија, беше најзаслужен што Лестер ја анулираше предноста на Севиља. Јуве со половина гас го доби Порто кој пак играше со играч помалку од првиот дел.

Кладбата на Христо Стоичков во ЛШ за пакет виски

ЦСКА Софија и Спарта Прага играат четвртфинале во Лига на шампиони 1989-та, а ден пред натпреварот Стоичков глави во кафана до 2 и кусур. Да не ви раскажуваме до крај, анегдотата ќе ви ја каже Мирослав Илиќ, инаку сведок на приказнава и кум на бугарската фудбалска легенда.

Интересни факти за Рибери, Трезеге, Роналдо, Фиго, Кан

Во однос на статистиките горе-долу денес сè познато. Од таа причина занимливо звучи кога ќе се дознае некој момент надвор од теренот.

Анегдота од соблекувалната на Интер која ја раскажува се знае кој

Жозе Мурињо беше само две сезони тренер на Интер, а можете да замислите што приказни ќе ги извадеше во јавност да останеше таму едно 10 години.

Дибала е играчиште

Јувентус е многу опасен во напад не само бидејќи ја има машината за голови Игуаин и Марио Манџукиќ, туку и затоа што летото 2015-та на Палермо му исплатија 32 милиони евра за Аргентинецот кој гази со голчишта, асистенции, дриблинзи и слободни удари. Видеово само од оваа сезона е доказ за каков материјал се работи, а има само 23 години.

Гол со нереална траекторија во Уругвај

Во 52. минута од мечот со Национал, 23-годишниот стопер на Расинг, Хесус Триндаде постигна крајно чуден гол со неверојатно ефе.

Незаборавниот 14-ти март за човекот кој изненади во Лигата на шампионите

Презимето Инѕаги е синоним за славниот Пипо, кој знаеше како да се намести во шеснаесетник онаму каде што е топката. Но една ноќ на Олимпико, Европа слушна и за неговиот помал брат кој одигра меч кој денеска го вбројува на една листа заедно со Меси, Шевченко, Роналдо, Нистелрој...

1.000 фунти казна за фрлен црвен картон

Мичел Роуз, братот на познатиот англиски репрезентативец Дени Роуз доби казна од 1.000 фунти и суспензија од 5 меча поради тоа што од рака му го турна црвениот картој на судијата.

Пеле ли е? Ван Бастен ли е?

Мега популарната српска Фејсбук страница „Селски фудбал“ го пронајде наследникот на барем еден од великаните во нашиот наслов. Игра за Фк Јединство Нова Мала. Нема да очекувате ваква мајсторија на натпреварот кој мештаните го следат од трактор. Има и репетиција.

Во англиска трета лига се води Трета светска војна

Веќе одамна правиот англиски фудбал со пеколна атмосфера не се игра во Премиер каде играта е за богатите и за туристи од Јапонија, Кина и Арабија кои јадат фиш ен’ чипс и се сликаат за Инстаграм. Права тензија има во пониските лиги, а најголема има во Вимблдон. Зошто?

Конте и Мурињо - малку фалеше

Веќе неколку недели трае закачката меѓу Жозе Мурињо и тренерот на Челси Антонио Конте. Португалецот беше тој којшто ја иницираше целата дебата, а синоќа во 40’ минута од Купот за малку не се дофатија да се тепаат. После мечот Жозе одбил да се ракува со Италијанецот. Група симпатизери на Челси синоќа го навредувале Мурињо а тој им гестикулирал колку трофеи им донел.