Најзагреаните италијански навивачи на кои одењето на стадион им е ритуал секој викенд, ја зголемија верноста. Минатата сезона 20-те клубови од Серија А продадоа 251.985 сезонски влезници, а таа бројка сега изнесува 282.683.
Со 11 победи, 4 нерешени и 1 пораз, гол разлика 38:11 и освоени 37 бода, селекцијата на Бразил веќе е учесник на СП 2018. Синоќа одиграа 1:1 на гости против Колумбија, но ништо страшно, вториот зад нив на табела Уругвај заостанува 10 бода. Ќе биде интересно да се види што ќе направат во Русија со еден ваков Нејмар.
Прво топката му се лепи на нога, а потоа прави еден луд дриблинг, па втор и на крај магија од гол кој на прва не се сфаќа како го даде. Со помош на рипит сконтавме дека се работи за рабона удар.
Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски за брзо време стана име меѓу фановите на Лидс Јунајтед. Тие синоќа не трепкаа додека се играше мечот Македонија - Албанија и го коментираа секој можен потег на нивниот нов миленик. Еден напиша: Само да не се повреди. Затоа што во сабота имаат натпревар против Бартон во Чемпионшип.
Во случај да ја минат Австралија во историскиот бараж, Сиријците би можеле на последното скалило да се сретнат со САД коишто играат очајни квалификации и се четвртопласирани на табелата во КОНКАКАФ зоната.
Во приказните за најголемите фудбалски фанови кои пример знаат од Австралија да се потегнат до Англија само за да го видат во живо Мурињо, има и такви кои се впуштаат во долги патешествија и за наши фудбалери, како што беше синоќа во Струмица.
Со вкупно 21 удар од кои 9 во рамки на гол и посед на топка 58%, македонската фудбалска репрезентација целосно го надигра фаворизираниот сосед и учесник на ЕП 2016. Штета за нерешениот резултат. Етрит Бериша излезе херој на мечот.
Упорноста и напорниот труд кои ги вложил во судбоносните два месеци за да докаже дека е талентиран фудбалер во јуниорите на Саутемптон го направија Окс еден од најдобрите англиски фудбалери на денешницата. Од Арсенал прејде на „Енфилд Роуд“ а го одби Челси.
По пауза од 8 години, Горан Пандев се враќа со репрезентативен дрес во својот роден град каде ќе го одигра својот втор меч за Македонија. На првиот им покажа на Канаѓаните како се изведуваат удари од белата точка. Тој погоди два пати, исто колку што промашија гостите кои го загубија пријателскиот дуел со 3:0. Резултатот го отвори Седлоски кој ја закова со глава. Нека нѝ се посреќи стадионот Младост по втор пат.
Шпанија не е мртва и нека не ве лаже елиминацијата на СП 2014 уште во групи дека се во криза. Ако Светскиот (2010) и Европски првак (2008 и 2012) тогаш личеше на Барселона, сега го споредуваат со Реал Мадрид. Еве зошто.
За игра нема уште многу и се гледа крајот на квалификациите кои ќе завршат во октомври. Потоа во ноември ќе се играат драматичните баражи за тоа кои ќе влезе во последниот вагон за Русија. На тоа не мислат 5 селекции кои може да уживаат во пласманот.
Со 75 настапи и 16 гола, поранешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација е на трето место и на листата на стрелци и по број на настапи. Во интервју за албанскиот портал Панорама дава свое видување за вечерашниот квалификациски натпревар.
Секој што играл маалски фудбал пред зграда, куќа, на улица или слично ќе сфати што е муабетов, а тоа е дека немало само кај нас по некој ваков или ваква кој може да ти дупне топка за едно лукче.
По слабата сезона лани кога ја загуби трката за титулата во Русија, Зенит во новата сезона влезе освежен со многу нови играчи и со тренер кој им донесе нешто што им фалеше. Мирисот на Аргентина им најавува трофеи сезонава.
Каде ли ќе беше сега Кристијано ако на времето место во Јунајтед потпишеше за Парма? Или можете ли да го замислите Хамес Родригез во дрес на Бари? Серија А и најбомбастичните трансфери кои пропаднаа во 5 до 12.
Дарко Панчев е познат како „Кобра“, Дејан Савичевиќ во Италија го нарекоа „Гениј“, Драган Стојковиќ „Пикси“ поради тогашниот популарен лик од еден цртан филм, а Синиша Михајловиќ поради фризурата го нарекоа „Барбика“. И до тука се е океј.
Не се обидуваме да ги спориме Клајверт, Ван Нистелрој, Снајдер, Робен, Ван Перси и да не ја рeдиме сега цела плејада на славни Холанѓани во изминативе 20 и кусур години, ама еден е Денис Беркгамп и неговите потези, голови и стил на игра кој има малку примеси на Зидан. Корејанциве уште ја бараат топката.
И покрај фантастичните игри на “црвено-црните“ сезонава, букмејкерите го сметаат Вардар за тотален аутсајдер против рускиот гигант Зенит. Но тоа сигурно им одговара на момците на Чеде Јаневски кои така беа потценети и против Фенербахче.
Како и да фати човек да го анализира синоќешното чудесно реми меѓу Луксембург и Франција, на крај само ќе заклучи дека стварно е чудесно. Се работи за 500.000 народ со вкупно пет победи во историјата на мундијалските квалификации. Судеше Александар Ставрев.
Пирло, Михајловиќ, Рожерио Сени, Бекам, Роналдињо, Маркос Асунсао, Жунињо Пернамбукано, Зико, Рамбо Петковиќ и Марелињо Кариока важат за најдобри изведувачи на слободни удари во историјата на фудбалот.
Во Англија минатиов викенд се одигра хуманитарен меч за помош на жртвите во пожарот на 24-катната Grenfell Tower во Лондон. На 14 јуни во страшен пожар загинаа околу 80 луѓе.
Во петокот вечер пријателска средба одиграа Рома и Шапекоензе, организирана со цел да се соберат средства за бразилскиот клуб којшто на 28. ноември 2016 го погоди страшна авионска несреќа. Но Римјаните слабо се одзваа (само 6.000 гледачи) за разлика од навивачите на Барселона кои на 7. август против Шапекоензе дојдоа околу 60.000. По средбата во Рим, делегации и играчи на двата тима отидоа на прием кај Папа Франческо.
Во петокот Германија гостуваше кај Чешка во квалификациите за Светско, победи 1-2, но мечот остана во сенка на скандалозното однесување на дел од гостинските навивачи во Прага.