Фудбал

Какво пукање бе, Мамиќ е главен во кафана

Му удрија бокс и летна во море, а потоа го погодија со пиштол во нога. Ама ногата вака здрава на видеово, инаку од оние покултурните каде Мамиќ не е гол, иако не знаеме што се случувало до крај.

Единаесетмината кои тепаат

Замислете ја оваа збирштина на познати фудбалери во еден тим како што ги сместиле во видеово. Па секој меч ќе биде прекинуван поради недоволен број на играчи на терен. Пола од нив сигурно ќе папаат црвени картони. Некои стартови кои ги имаат направено директ на цеваница се за во затвор.

Најава за Лига на шампиони бај Меси

Има ли подобар старт од тоа да се почне новата сезона во ЛШ со едно дерби како што е Барса - Јуве, инаку реприза на финалето од 2015-та? Спремајте за вечерашниот традиционален термин од 20:45. А сега малку морници со звуците на химната во изведба на човекот кој има 94 гола во ова натпреварување и 4 трофеи.

Иско на тренинг

Дечкото просто се потпишува со топката. Нема финта што не ја знае или фора на која можеш да му ја земеш. Мајстор.

Забеганото трошење пари за фудбалери e стварно забегано

Можеби 222 милиони евра за еден играч или 400 за двајца, за некого е релативна работа дали е многу или не. Ама не, ние сепак стоиме на ставот дека се претера, а во прилог ни оди и едно истражување на релевантна институација која вели дека фудбалерите се преплатени.

Собирач на топки помогна во поразот на Баерн Минхен

Германскиот шампион не успеа да стигне до 3 од 3 на стартот од новата сезона во Бундеслигата. Викендов имаа незгодно гостување против Хофенхајм каде загубија 2:0. Двоен стрелец на мечот беше Марк Ут, а во акцијата на првиот погодок клучен беше потегот на едно од децата кое собира топки, се со цел да се изведе експресно брз аут.

Празнична фудбалска недела со Вардар - Зенит и Барселона - Јувентус

Лесно ќе се сложите со нас дека понеделник е глуп ден од повеќе аспекти, особено што од фудбал може да се гледаат Хадерсфилд и Лас Палмас, ама кој го врти денов. Ќе го искористиме да го најавиме уживањето кое престои. Во четврток сите на стадион.

Го знаете ли турскиот Меси од Алтинодру

Има 20 години, се вика Бариш Алиџи и игра за ФК Алтинорду во турската втора лига. Постигна феномеланен гол против Чајкур Ризеспор и потсети на Лионел.

Оригинален протест на фудбалерите на Пелистер

Добија нови газди кои дадоа нови ветувања, се вратија на европска сцена каде се сретнаа со силниот Лех Познањ, се правеше силна кампања за изградба на нов стадион во Битола, но тие не можат основни работи да им обезбедат. Плата. Пелистер - Скопје конечни 0:0. Колку пари, толку голови.

Најтрагичниот потег во кариерата на Малдини

И покрај целосниот ремонт на тимот и огромните вложувања, Милан синоќа беше декласиран со 4:1 од Лацио. Ама тоа се случуваше на Олимпико. На Сан Сиро пак Милан држи традиција без пораз од Лацио веќе 28 години. Последниот пат дома од нив загубија на 3 септември 1989-та со еден подзаборавен автогол на легендарниот Паоло Малдини.

Зошто за Тотенхем се вели дека е еврејски клуб

Постои мит дека Тотенхем е основан од Евреи но историјата вели поинаку. Отпорот против нацизмот кој се родил меѓу навивачите на овој клуб и нивното заедништво ги поврзува со еврејската заедница.

Двата најлуди гола викендов

Андре Алмеида од Бенфика на мечот против Портимоненсе постигна гол кој веројатно ќе конкурира за наградата „Ференц Пушкаш“. Слична чудесија од гол даде и Хари Кејн против Евертон попладнево.

Лацио и Милан од секогаш си го имале на ти го дај ми го

Дербито на 3. коло од новата сезона во Серија А се игра во недела во 15:00 часот, а се среќаваат екипи кои често тргуваат меѓусебно и си разменуваат играчи. Еве неколку примери од Диего Фузер до Лукас Биља. Петмина капитени на Лацио направија трансфер во Милан.

Колкави плати земаат тренерите во Италија

Не е дека се близу абнормалните суми од англиската Премиер лига, ама па не е и дека слабо земаат. На пример, тренерот на Јувентус Масимилијано Алегри има плата од 7 милиони евра годишно што е астрономска сума во однос на она што го заработуваат тренерите  на тимовите од долниот дел на табелата.

Иднината на Германија кој на 22 години израмни рекорд на Бекенбауер

Минатиот септември постигна деби гол за репрезентација и за Баерн Минхен во првенство и Лига на шампиони, а овој септември направија серија од 21 репрезентативен меч без да биде заменет. Иако изјавува дека не се смета за наследник на Лам, сепак Германија може да биде мирна, бидејќи го има наследникот на Лам.

Реал, Удинезе, Келти - Непознатости од младоста на Тиери Анри

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња поминал долг пат за да стигне до вечната листа на легенди кои никогаш нема да се заборават.

Сте можеле да го поштедите од рекламава

Упатството вели го буташ во уста два пати на ден по 30 секунди. Зошто? За мускулите на образите. Толку. Не зборуваме ништо повеќе за најглупавата реклама во која е ангажиран најдобриот фудбалер во светот.

10 причини зошто Шпанија догодина може да биде Светски шампион

Со спој на искусните Светски прваци Иниеста, Пике и Рамос, младината со акцент на Иско кој ја везе, а Асенсио ја пали од кај стигне, како и селекторot кој внесе нова енергија во тимот, Шпанија го врати победничкиот сјај по крахот во Бразил и сигурно ќе биде меѓу главните фаворити на Мундијалот во Русија.

Центарот висок 2.21 погоди шест тројки по ред

Со два метри и дваесет и еден сантиментар, Бобан Марјановиќ важи за еден од највисоките кошаркари на светот. Српскиот репрезентативец на синоќешниот тренинг на репрезентацијата пред мечот од Европско со Белгија заредил шест тројки и ги зачудил сите.

Како функционира Лигата на Нации преку која Македонија ќе се бори за ЕП 2020

УЕФА и официјално го најави новиот проект кој практично ќе биде замена за пријателските натпревари и шанса за помалите земји да обезбедат пласман на Европско првенство. Стартува во септември 2018-та, а завршува во јуни 2019-та.

Еврогол на женски фудбал во Шпанија

Мексиканката Вероника Шарлин Корал уште во втората минута со преубав гол го отвори резултат на мечот Леванте - Мадрид. Браво девојко!

Во Африка ќе се преигра квалификациски меч поради судиска грешка

Чиновниците на ФИФА во средата објавија историско решение - за првпат во историјата еден меч од квалификациите ќе се преигра повторно.

Клатенбург тргнал да суди без картони

Исто ко мајстор да тргне без алат, така и најдобриот англиски судија Марк Клатенбург дојде на еден натпревар од Премиер лига без картоните. Па кога тргна да подели некој жолт сфати дека ги заборавил.

Зошто Италијанците ѝ се благодарни на Македонија

Италијанската јавност со пофални зборови до македонската репрезентација за која велат дека им помогнала што ја задржала Албанија на пристојна дистанца (6 бода) од второто место кое води во бараж.