Златко Далиќ беше назначен за нов предводник на Коцкестите на 7 октомври, а претходно беше тренер во Обединети Арапски Емирати. Кога го прашаа после мечот со Грција што направил, тој одговори: Само ги ставив вистинските играчи на вистински позиции.
Хрватска синоќа ја декласираше Грција во баражот за СП со 4:1, а ако треба да се избере број 1 играч на оваа селекција која тешко може да дише без него тоа е Модриќ. Плејмејкерот на Реал Мадрид играше маестрално како и секогаш и даваше топки со очи.
Критичарите кои се противат на новите технологии во фудбалот обично велат дека судиските грешки се дел од спортот, но некои судиски грешки можат да бидат клучни во тоа дали некој ќе учествува на Мундијал. Швајцарија синоќа обезбеди 0:1 во Белфаст, а во тоа им помогна романскиот судија Овиду Хатеган. Овде немаше ни Р од играње со рака.
Вечерашниот бараж натпревар за СП 2018, по кој една од двете земји ќе мора да се соочи со голем неуспех што нема да отпатува за Русија, една хрватска фудбалска легенда го нарече „Најлошата можна ждрепка“. Но не од спортски причини.
Меѓу другите многу смеење предизвикаа и оние: „Дајте ми десет дрва и Зинедин Зидан и ќе ја освојам Лигата на шампионите“ или „Хајнце е толку груб што би влегол во дуел и со баба му“.
На 9 години има 181.000 следбеници на Инстаграм и уште 45.000 на Јутјуб, а негово презиме е Клајверт. Надежниот син на Патрик Клајверт кој играше во Барса од 1998-ма до 2004-та, дебитираше со гол во подмладокот на Каталонскиот тим и веднаш го прослави со својот славен татко. Му посакуваме да личи на татко му и од голгетерски аспект.
9 ноември е Светски ден на Гинисовите рекорди а во светот на фудбалот има необични достигнувања: од најплатен до најмалку платен играч, од највисок до најнизок од најбрз до најбавен...
Нема ден некој шпански спортски медиум да не напише збор-два за едно од најголемите откровенија во Ла Лига сезонава - младиот Енис Барди за кој бековите избегнуваат да прават фаул близу шеснаесетникот. Сега на ред дојде шпански Goal.es.
Во Барселона игра нашата Наташа Андонова, а во Гинтра Универзитатес од Литванија девојките кои не чуле за она „моја“, кога повеќе од една оди на топка. Ај што загубија 6:0, што е најголем пораз во женската ЛШ, ама резилов поради кој не постигнаа почесен погодок е многу голем.
Фудбалерот од средниот ред на Белгија и Манчестер Јунајтед Маруан Фелаини го дал на суд производителот на спортска опрема New Balance кој до неодамна правеше копачки дизајнирани за него, но тој се повредувал и сега ги тужи.
Бранеше на Камп Ноу 12 сезони (2002-2014) и некој знаеше да каже дека Барселона е најслаба на голманската позиција. Тие што уште мислат дека не беше на ниво, нека се потсетат на финалето од ЛШ во 2006-та. Виктор Валдес - 21 трофеј со Барса од кои 3 во Лига на шампиони. Се пензионираше пред три месеци како играч на Мидлсброу нa 35 години.
Беше мајстор од 20, 25, 30, 35, 40 па и повеќе метри, а на последниот гол на видеово против Парма се чудеше и неговиот соиграч Роналдињо. Ги гаѓаше и вртени и сув лист. Едно е јасно. Не се бранеа. Ќе му фали ова играчиште на фудбалскиот свет.
Второлигашот Луч Енергија од Владивосток до толку е утепан финансиски, што во кујната на тренинг центарот останале на сол. Да немаа верни навивачи, веројатно ќе мораа да тренираат и да играат со празен стомак. За далечината да нe правиме муабет.
Популарната социјална мрежа на која сите бараат да се воведе опцијата „edit“, пушти срце со дуплирање на 140-те карактери. Некои спортски колективи и твитер корисници веднаш се отворија со твитови и се пофалија што сè можат сега да се направат.
Мајкл Еменало е човекот кој цели 10 години му бил еден од најверните соработници на Роман Абрамович но кој во понеделникот реши да замине од „Стемфорд Бриџ“ од лични причини. На повидок е конфликт меѓу Конте и десната рака на Русинот, највлијателната жена во фудбалот.
Гардијан објави сторија во која одговара на прашања на љубопитните читатели. Сигурно ни сме дека тука има работи за кои прв пат слушате, а ќе ве интересираат. Како на пример за една легенда на Арсенал и единствен Англичанец со гол и автогол на една иста средба за клуб и репрезентација
Во овој затвор основан пред неколку децении, фудбалот е религија. Еднакво добро го играат затвореници казнети над 20 и под 20 години зад решетки. Се делат на екипи а најпопуларни се оние кои навиваат за Манчестер јунајтед.
Санчез, Озил, Рамзи и компанија на дуелот против Манчестер Сити во неделата немаа пресинг, туку обид за пресинг. За ова скроз неорганизирано и неефикасно притискање на противникот на негова половина зборува Алан Ширер.
Голман во Катар покажа целосно непочитување кон својата позиција на која игра со потег кој скапо го плати. Кај строг тренер за ова глупирање веднаш се добива статус на резерва. Остај го ти Ноер, него му се пресметани овие излети до стотинка.
Во пресрет на бараж натпреварите за пласман на Светското првенство, заседуваше Дисциплинската комисија на ФИФА која што изрече драконски парични казни за Албанскиот фудбалски сојуз.
Го прашуваат Златан кој е најдобриот со кој бил во ист тим. Тој вели дека ги има многу, ама на крај издвојува само еден со име и не го нарекува фудбалер, туку животно. Штета што го снема од терените за толку кусо време.
На 7. ноември 1999 година, точно пред 18 години на крајот од мечот Милан - Венеција, голманот на гостите Казаца беше исклучен а неговиот тим во тој момент немаше веќе право на измени.
Насловните страни на голем дел од светските спортски медиуми деновиве се занимаваат со ликот и делото на Андреа Пирло кој пред неколку дена и официјално ја заврши фудбалската кариера.