Фудбал

Како Пирло ги откачил Катарците на маса

Андреа Пирло настапуваше за три ривалски екипи во Серија А, ама и покрај тоа сите максимално го почитуваа. Докторот за фудбал кој синоќа и кажа збогум на кариерата, немаше пари кои можеа да го натераат да заигра во Катар.

А можеш цело игралиште да го префрлиш?

Аутот на денот е изведен во Словенија од фудбалер кој претходно бил гимнастичар. Најјако би било да дадеш гол од таму.

Сличностите на Артуро Видал и Тимур Дибиров

Не си застанат ни блиску до мртов агол, така што не постои фелш удар со кој од таа позиција ќе дадеш голче. Ај да те видиме.

Илија Несторовски - капитен и лидер кој го освои Палермо

Малку веруваа во него кога дојде. На прво место навивачите. Популарните коментатори и новинари после неколку недели веќе пресудија: „Не го бива Несторовски“. Денес Несторовски е вистински симбол кој го поти дресот и за него гине.

Дај топката да свртам едно кругче

Давид Силва доби топка на доста фина позиција од која можеше да нападне и да создаде прилика за гол, ама кога се има 3:1 против Арсенал на една минута до крај, време е за малку реметење. Дојдете земете ми ја ако можеше.

Останува ли бледата Италија без Светско првенство?

Репрезентацијата на Италија го освои второто место во нашата квалификациска група и за да не го пропушти Светското ќе мора да ја победи Шведска во двомеч. Првиот дуел е во петок.

Погрешните екцеси на Кристијано Роналдо

Тоа што Меси сезонава во Ла Лига има 12, а Роналдо 1 гол не смее да биде причина Португалецот на водство од 3:0 против Лас Палмас да прави гримаси, како да е 0:3. Вака излегува дека опсесија му се головите, а не Реал да победува. 

Плетете нова мрежа на Бернабеу, Асенсио ја искина

21 годишниот Марко Асенсио беше тивок во последно време, исто како Реал Мадрид, ама кога ќе се појави меѓу стрелците голот мора да е посебен. Ова дете е иднината на Кралскиот клуб. Пазете го проектилов против Лас Палмас.

Ќе губите дома 5:0, ајде сите на терен

Фудбалерите на Лион му приредија дебакл на Сент Етјен и тоа гостински терен, а тоа толку ги здоболи домашните навивачи кои влетаа на терен и го прекинаа мечот.

Како се сликаа фудбалерите на Рома во Фиренца

Работава беше турни ме да кинисам. Среќа па на крај победија 2-4 со головите на Жерсон (2), Манолас и Пероти па ќе се заборави ова.

Евра доби порака од навивачите на Марсеј

Откако грубо со нога удри еден навивач на тимот за кој игра, Патрис Евра на денешниот меч Марсеј - Каен (5-0) доби ’пригодна’ порака.

Кога цел Бернабеу стана на нозе за маестро Дел Пјеро

На 5. ноември 2008 година Алекс Дел Пјеро стана еден од ретките (Иниеста меѓу другите) на кои цел „Сантијаго Бернабеу“ му стана на нозе да го поздрави со аплауз за тоа што со два еврогола по еден во полувреме сам го победи Реал.

Тренинг пред 32.000 навивачи во Бразил

Во јужно-американскиот фудбал вечерва ќе има две мега дерби средби. Супер класико во Аргентина меѓу Ривер и Бока и во Бразил Дерби Паулиста меѓу Коринтијанс и Палмеирас. Навивачите на Коринтијанс направија фешта на последниот тренинг на нивните миленици.

Не за џабе викаат играј дур не свирне судија

На мечот Елазиг Ататурк - Газијантепспор во турската втора лига гостинските фудбалери покажаа дека не ја поминале првата лекција.

Не е можно ова да го утнеш

Стефан Спарања од Боависта толку многу се ушепртља што успеа место топката да влезе во гол. Ова негово промашување на годината во Португалија влијаеше и на резултатот. Неговиот тим загуби 3:2 на гости против Тондела.

Интелигентен гол на Алиоски

По пауза од два месеци и кусур, македонскиот репрезентативец се враќа со гол во дресот на Лидс. Неговиот тим загуби на гостувањето кај Брентфорд со 3:1, а Алиоски одлично се снајде во шеснаесетникот откако голманот на домаќините исплива во празно. Навивачите го критикуваа за игрите на последните натпревари и бараа од тренерот денеска да не го става во прв тим. Лидс е 10-ти на табела во Чемпионшип.

Циркуз на годината во Бундеслига

Голманот на Мајнц, Робин Зентнер направи кикс незамислив за прволигашки фудбал, особено за една Германија. На натпреварот против Борусија Менхенгладбах на гости кој заврши 1:1, тој шутираше во празно мислејќи дека топката му е на нога. Не е свесен колку ќе го тролаат за ова. Среќа што не прими гол.

Рутиниран триумф на Вардарци во Шведска

Актуелниот првак на Европа продолжува да гази во групата А од Лигата на шампионите и по 6 кола не го дава врвот на табелата. Избраниците на Раул Гонзалес, за кој деновиве се потврди дека по крајот на оваа сезона заминува во ПСЖ, имаат скор од 5 победи и едно реми.

Убавина од гол на Иле “мајсторовски“

Гол број 9 за македонскиот репрезентативец во Серија Б сезонава и трет по ред. Овој слободно може да го прогласиме за еден од најубавите кои ги постигнал за Палермо, а згора на сè и си поигра со одбраната на Пескара. Штета што ова гостување на Сицилијанците заврши 2:2.

Како Стефан Ристовски изгази против Јуве

Португалскиот печат и навивачите на Спортинг се истурија од позитивни критики за дебито на Ристовски во ЛШ. Бекот на македонската репрезентација во вторникот истрчал 10 километри, а за тие што не го следеа мечот, сега можат да се уверат колку добро играл. Португалците направија видео само со него. Стефан се надминал себе си, Манџукиќ не мрдна.

Разликата меѓу Милан со и без тие 200 милиони за засилувања

Купија нови играчи колку што сакаат и се ослободија од тие што сметаа дека им се вишок. Имаат многу богати газди, надежен млад тренер, верни навивачи кои силно ги поддржаа во тоа што го сработија во летниот трансфер период, но пак не им оди.

Како Евра вежба нозе во теретана

Мајагерито на Патрис Евра врз навивачот на Марсеј е вежбана работа, така да си знаете и тоа ептен добро извежбана. Добро што инцидентот помина со само еден удар.

Најсрамната судиска грешка во историјата на Лига Европа

Фудбалерите на Стеауа Букурешт имаат тотално право да се бунат во УЕФА и да испратат едно 100 жалби за една од најконтроверзните судиски одлуки во поновата историја на фудбалот. Одиграа 1:1 со Хапоел Бер Шева и не добија очигледен пенал по кој требаше да следува и црвен. Главниот судија и тој позади гол од близу видоа што точно се случи и при четири очи се направија слепи. Неверојатно.

Евра се степа со своите навивачи на гостински терен

Навивачите на Марсеј гневни на лошите игри на својот тим ги нападнаа играчите на загревањето пред мечот со Виторија Гимараеш.