Фудбал

Како се добива меч во ЛЕ со 0 удари во рамки на гол

Во фудбалот не е секогаш доволно за победа само да си фаворит (читај Арсенал - Ѕвезда 0:0) или да имаш вкупно 30 удари од кои 9 во рамки на гол (Борусија - АПОЕЛ 1:1). Понекогаш само среќа е бе дечки, исто како на спортска.

Син му на Дуле Савиќ за малку како татко му

Легендарната филмска реплика „Дуле Савиќ“ која се однесува на голот на некогашниот фудбалер на Црвена звезда против Арсенал во Лондон 1978-ма година, синоќа ќе добиеше второ продолжение откако син му на Дуле, Вујадин со глава за малку не им даде гол на „Топџиите“:

Нова епска прес конференција на Мурињо

Секогаш кога ќе помислите дека веќе нема што да извади од неговиот арсенал на оружје кое само тој го има, ете го царот испука нов експлозивен и пред сè буквален одговор на новинарско прашање.

Неславна екскурзија на Вардар во Сан Себастијан

Во четвртото коло од групната фаза на Лига Европа фудбалерите на Вардар го претрпеа и четвртиот пораз. Реал Сосиедад - Вардар 3:0 (1:0)

Доби црвен картон за 10 секунди во игра

Нестор Мартин Алегре од нисколигашкиот фудбал во Аргентина, може да биде горд што ќе влезе во Гинис, ама како сопственик на светски рекорд во добивање најбрз црвен картон. Доби жолт затоа што влезе на терен пред да излезе другиот, па доби уште еден жолт бидејќи се побуни за првиот. Човекот не се состави со топка. Судијава дефинитивно има чудни критериуми.

Најчудесните 10 кам бекови на екипи кои биле пред испаѓање од ЛШ во групна фаза

Борусија Дортмунд има 2 бода на 4 средби во ЛШ, а Атлетико Мадрид и Наполи по 3. Гледајќи какви примери има низ историјата во елитното натпреварување, може да заклучиме дека ништо не е завршено, додека не заврши.

Тапанарот кој го заменува Ноер на голот на Баерн Минхен

Баерн го спотераа малери со повредени играчи. Фамозниот доктор Милер-Волфхарт кој Гвардиола го избрка од клубот сега го викаат да се врати назад. Екипата се менува во чекор со сезоната.

Гол машината со која никој не може последниве 7 години во Англија

Серхио Агуеро синоќа стана најдобар стрелец во историјата на Манчестер Сити, но тоа не е единствениот историски факт за издвојување од него. Откако го постигна првиот гол во Премиер лига, никој не може да го стигне.

Емотивната приказна за СК Македонија во време на окупација

Легендарниот Васил Дилев - Дитљак важи за пионер на македонскиот фудбал кој како голман го чувал голот на СК Македонија. Роден во 1913, почина во 2011. Во 2010-та раскажа како во Скопје се играл фудбалот во едно баш туробно време.

Интер убедливо најгледан после 11 кола

По 11 кола во Серија А, Интер е екипата која донела најмногу гледачи на стадионите: во просек по 58.360 гледачи, пред Милан и Наполи.

Резултат на немоќ кога те газат Деле Али и Кејн

Рамос во дуел со Муса Дембеле: еден удар, втор, па трет. Некои судии во вакви ситуации не се мислат многу околу бојата на картонот.

Касемиро каде ти е компасот?

Фудбалерите на Реал Мадрид ја изгубија рамнотежата на синоќешниот дуел со Тотехнем, ама Касемиро најмногу. На никој не му беше јасно на Вембли што сакаше да направи фудбалерот на Реал Мадрид. Веројатно само да исценира прекршок.

Потоп на Реал Мадрид и Наполи

Фудбалерите на Тотенхем целосно го надиграа индиспонираниот европскиот првак и обезбедија осминафинале во ЛШ, а таму се пласираше и Манчестер Сити кој го исфрли лидерот од Серија А од игра за топ 16. Борусија Дортмунд не знае да победи по 4 кола.

Тотенхем поведе против Реал со гол од офсајд

Со голот на Деле Али во 27-та минута, фудбалерите на Тотенхем имаат водство од 1:0 против Реал Мадрид во првиот дел. Но европскиот првак е оштетен поради очигледна грешка на линискиот судија, кој не го подигна знаменцето кога Трипие му асистираше на стрелецот на голот.

Кака: Моите топ 5 фудбалски животни меча

Со оглед на тоа што се опрости од МЛС лигата, а веројатно ќе стави и крај на активното играње фудбал, бразилскиот ас ја сумираше кариерата во пет натпревари кои му го промениле животот. Не одбра ниту еден меч од Реал Мадрид каде играше од 2009-та до 2013-та.

Лионел еднаш и тебе да те дрибнат на твој начин

Барса одигра само 0-0 на гостувањето против Олимпијакос, а еден од поинтересните дриблинзи на мечот беше оној на Костас Фортунис над Меси.

Што ако падобранецот од Грција му извадеше на Меси нож?

На синоќешниот гостински меч на Барселона против Олимпијакос во ЛШ, двајца гледачи се симнаа на терен и на лесен начин стигнаа до планетарната фудбалска ѕвезда. Кога ќе размисли човек логично, тоа и не е баш убаво, бидејќи малку фали да заврши неубаво.

Големиот човек Ернесто Валверде

Тренерот на Барселона Ернесто Валверде во кариерата ги водеше Билбао, Еспањол, Олимпијакос, Виљареал и Валенсија. Каде год да се појави е многу почитуван а така беше и синоќа во Пиреа каде донесе три шампионски титули и два купа.

Смешниот Ѕампарини му пратил писмо на Илчо Ѓорѓиоски

Прилепчанецот Илија Несторовски стана симбол и капитен на Палермо, клубот за кој во Серија Б досега даде осум погодоци. Затоа и не сакаат да мрда никаде, па ни во репрезентација.

Каде леташ бе Педро?

Искусниот бек на Србија, Александар Коларов игра како препороден откако се врати во Рим. Решава натпревари сам со бомби од слободен удар, асистира, а знае и да ги прави мајмуни шампионите од Англија кои синоќа беа изгубени на Олимпико. 

Чек да видиш што е африканска Лига на шампиони

Египетскиот Ал Ахли морал да го прекине претпоследниот тренинг пред реваншот од финалето на африканската Лига на шампиони затоа што на стадионот дошле илјадници навивачи. Првиот меч против Видад од Мароко завршил 1-1, а реваншот е во сабота во Казабланка.

Најзаебаната незгода во фудбалот сезонава

Минатата недела бекот на Албасете, Мариано Битоло на мечот против Уеска заработил тешка повреда на пенисот после што го сошиле и сега полека се опоравува.

Голчиштето на вечерта не падна во ЛШ

Додека синоќа екипи како Барселона и Атлетико Мадрид се тетеравеа, Џо Вилијамс од Евертон кој е на позајмица во Барнсли постигна гол во Чемпионшип лигата каков што немаше синоќа во ЛШ.

Што е работата со Атлетико Мадрид?

Очигледно повеќе им годеше стариот „Висенте Калдерон“ зошто откако се преселија на новиот модерен „Ванда Метрополитано“, не знаат што значи две-три победи во серија.