Фудбал

Ristovski was fucking amazing

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски имаше фантастично деби во Лига на шампиони. Доби шанса против Јувентус и ја искористи максимално добро, а Португалците на Твитер го посипаа со позитивни критики. 

Конте, ова ли е одбрана?

Рома со 3:0 го прегази Челси и со 8 бода се издвои на првото место во групата Ц. За време на целиот меч, дефанзивците на Конте изгледаа како мали деца.

Одлично деби за Ристовски во Лига на шампиони

Македонскиот репрезентативец на голема врата дебитираше во елитното натпреварување и цели 90 минути се справи добро со ѕвездите на Јувентус. Рома го декласираше Челси, ПСЖ од друга планета, а Барселона киксна во Пиреја.

Фудбалерите на Манчестер Сити во Неапол ќе спијат како кралеви

Ги гледате сликиве и не ви е јасно дали Манчестер Сити оди на одмор на Хаваи или на гостување во Лига на шампиони. Наполитанците не можеле да им изберат попервезен хотел, кој инаку е со поглед на вулканот везув. Резервирани се два спрата со вкупно 100 соби, еден спрат за Гвардиола и стручниот штаб и уште еден само за играчите. Инаку ќе доаѓаат гости и од Обединети Арапски Емирати. Клубот доаѓа со сопствени готвачи. Нема потреба од други детали. Фрлете око на луксузов.

Среќен Halloween од Челси

Актуелниот шампион на Англија ви го честита денешниот празник „Ноќ на вештерките“ со едно интересно видео во кое се ствавени соло акции и дриблинзи на играчи кои кога ќе тргнат уплав да те фати.

Најлошиот клуб во Гинисова книга чии навивачи слават серија порази

Бразилскиот клуб Ибис живее во паралелен универзум. На крајот од септември неочекуваната победничка серија ги фрлила навивачите на овој тим во депресија и тие со носталгија се сеќавале како екипата еднаш не можела да победи цели 4 години!

Непријатниот момент во кој се наоѓа Зидан

Кога на листата на стрелци во Ла Лига гледате дека Меси има 12 гола по 10 изминати кола, а Роналдо и Бензема по само еден, тогаш очигледно е дека европскиот првак не личи на себе. Па еден Барди како дебитант во Шпанија стигна до 4 погодоци.

Рекорден старт на Интер подобар и од времето со Мурињо

Ако треба да се оценува, Интер е за 10-ка, изјави Лучано Спалети. И во право е бидејќи за разлика од ланската сезона во истиот период тимот има дури 15 бода повеќе, а тоа е скок од 14-то на 2-ро место.

Кога меч на Мадагаскар завршил 129 - 0 од протест

Денес полни 15 години најсмешниот меч во историјата на Мадагаскар каде една од екипите не и дала на другата да пипне топка ама на крај изгубила 149-0. Овој меч и официјално е влезен во Гинисовата книга на рекорди.

Меси vs Реал Мадрид на Бернабеу во ЛШ

Играта на Меси дефинитивно треба да ја има од учебник и да се предава во школо. Во пресрет на вечерашното 4. коло од Лигата на шампионите ве потсетување на едно од неговите најдобри, ако не и најдобро издание против Реал Мадрид. 2 минути и 20 секунди на кои е забрането трепкање. Ќе ги расплачеше уште малку.

Моментот кога ќе ти појави омилениот фудбалер од нигде никаде

Ти си уствари дете и одиш на стадион само ако те однесе татко ти, а максималната близина која можеш да ја оствариш со идолот од Премиер лига ти е да закачиш постер од него во соба. И наеднаш ти влетува од зад грб. Даниел Стариџ.

Асамоа Гијан полн к’о брод, ќе отвора авиокомпанија

Некогашниот шпиц на Удинезе, Рен, Сандерленд и репрезентацијата на Гана неколку години го немаше на фудбалската мапа и сите заборавија на него. Сега се враќа како цар од Истокот.

Кармата на Серхио Рамос

Никогаш немој да го правиш на другите тоа што не сакаш да ти го прават тебе.

Манчестер Јунајтед и големата лојалност кон своите деца

И покрај тоа што се наоѓаме во ера кога скроз се изместени границите во однос на парите кои се трошат за фудбалери, сепак има уште клубови кои си го ценат своето и се потпираат на сопствените производи.

Кога Жиру го фрли дресот без да знае дека има продолженија

На денешен ден пред пет години се одигра најненормалниот натпревар во историјата на англискиот Куп. Ридинг после 35 минути игра водеше 4-0 против Арсенал, а ’Топџиите’ успеаа да се вратат на 4-4 и во продолженијата да слават 5-7. Кога завршија регуларните 90 минути на 4-4 Жиру и Кокелан мислеле дека ќе има реванш и ги фрлиле дресовите на нивните навивачи... Па си ги бараа назад да доиграат.

Најлудите 60 секунди во фудбалот

Иако се работи за нисколигашки фудбал во Англија, ова мора да се одбележи. Жолтите имаа предност од 3:1 и во само една минута успеаа да го прокоцкаат како на ракомет. Примија гол, па се посрамотија за 4:2 и потоа примија уште еден. За ова се јадат чакмаци во соблекувална.

Бајката на курдскиот тим кој ќе игра во Шведска прва лига

Екипата основана пред 13 години од група бегалци од Курдистан стана „репрезентација“ на цел еден народ без своја држава. Направиле дури седум промоции од 2004-та и ќе играат во првата лига на Шведска, Allsvenskan.

„Кај нас на гости доаѓаше чичко Буфон, а сега играм против него“

Додека Италија има деца како него, за фудбалот не мора да се грижат. Важи за еден од најинтелегентните играчи на неговото поколение.

Тоа е, морало да заврши двојка

Сте виделе ли до сега судија да свирне крај во една ваква ситуација? Обично оставаат акцијата да заврши и кога тимот напаѓа пред гол, а не па во овој случај. Апсурдот е на натпревар во Мексико.

Беневенто “напаѓа“ рекорд на Манчестер Јунајтед

Станаа првиот италијански клуб кој во рок од две години успеаа да влезат во втора, па во прва лига, ама следното коло ќе бидат првиот италијански клуб со 12 порази на 12 меча.

Го исмеваа на Европското, а сега е најдобар после Меси

Италијанскиот напаѓач Симоне Ѕаѕа во само неколку месеци помина пат од дното на врвот. Самиот искрено признава дека ако не паднеш никогаш нема да знаеш како е горе. Се препороди во шпанска Валенсија каде дава голови како машина.

Џирона ли е Барса ли е?

Актуелниот шампион на Европа синоќа доби две шлаканици од новиот прволигаш, кој во рок од 4 минути направи пресврт за златни 3 бода. Голот за израмнување е како да гледате двајца Меси во налет. Рамос и другарите не знаеа кај се наоѓаат.

Нова мајсторија на Барди за Леванте

Македонскиот репрезентативец игра сјајна сезона а доказ за тоа е и новиот гол за Леванте во ремито со Еибар на гости 2-2. Ова е четврти гол за Барди во Примера.

Несторовски го запали Ренцо Барбера со голчиште од слободен удар

Фудбалерите на Палермо врзаа две победи по ред во Серија Б, откако беа во кризен период, а творец на новиот триумф е кој друг ако не Ил Капитано кој игра во топ форма и сега изби на втората позиција на најдобри стрелци во втората италијанска лига.