Фудбал

Буфон не го заслужи ова

Нема фудбалски навивач кој не го почитува и кој не жали што интернационалната кариера му завршува на ваков тажен начин. Со солзи кои кажуваа сè. А тој во џентлменски стил изјави: Не плачам за мене, туку за италијанскиот фудбал.

Стави го Инсиње, што ќе сум ти јас

Џампјеро Вентура целосно го изгуби компасот како селектор на Италија и во клучните моменти кога требаше да се нападне Шведска, тој сакаше во игра да го стави ветеранoт Даниеле Де Роси кој игра во среден ред. Фудбалерот на Рома здиве од нервоза и потоа изјави дека реакцијата не била ништо лично спрема селекторот, туку сметал дека е подобро во игра да го стави Инсиње бидејќи им треба гол по секоја цена. 

Хероите на Шведска ги јавнаа коментаторите во сред програма

Ти ги мислиш Скандинавци кои на мравка не лазат, а тие беа во целосен делириум и не знаеа што прават. Селекцијата на Шведска има потполно право и на вакво славење. Го урнаа 4 кратниот светски првак Италија кој по пауза од 60 години нема да учествува на Светско првенство.

Знаете ли за играчот кој одиграл само 38 секунди во Бундеслига

Веројатно никогаш претходно не сте слушнале за овој фудбалер. Јозеф Лауман - син на Германец и Мароканка, роден во земјата на мајка му и преселен во германскиот Хаген на 10 години. Ја грееше клупата во најдобриот Шалке.

Со асистенцијата до Пандев, Џани им отвори работа на Твитерџиите

Ако играш добро ќе те кренат во облаци, ако те нема неколку натпревари ќе ти напишат 100 твитови дека си труп. Вака од прилика судат строгите англиски навивачи кои повторно ги коментираа игрите на Езџан Алиоски.

Голман ти си ц-а-р!

Некаде во Тунис, трета лига. Добро исполнети трибини, убав терен и: пар ролинзи кои два пати по ред му успеваа само на Зидан. Без заебанција само на Зидан.

Кој вика дека Грците не ги бива за фудбал

Селекцијата на Грција беше недорасната да се носи со Хрватска во баражот за Светско и заслужено е елиминирана. Не покажаа никаков концепт во играта, ама имаат екипи со страшно мангупски концепт кој го демонстрираа за 8 секунди по првиот свиреж на судијата. Аплаузи на отворена сцена за второлигашот Панакаики. Ваква прва акција немала ни Барса со Гвардиола.

Најлудата пенал завршница во квалификации

Да не постоеше Хичкок финишов, некој ќе требаше да го измисли. Се случува на квалификациски меч меѓу Иран и Катар за играчи до 19 години. На водство од 4:3 во пенал серијата, голманот на Катар го одбрани клучниот за пласман на Азиското првенство кое се игра догодина во Индонезија, а судијата го поништи од несфатливи причини, па уште му даде и црвен. На сцена стапи капитенот кој ги облече ракавиците и стана херој. Неповторливо.

Топ 20 гола на Роналдо кои го потресоа Бернабеу

За „Кралскиот клуб“ Португалецот досега постигна 272 гола од кои 20-ина сериозно го здрмаа стадионот на Реал Мадрид.

Италија vs Шведска 13% - 87%

Кој очекуваше дека нашиот противник од квалификациската група Г со кој одигравме два машки натпревари и на гости му извадивме 1:1, ќе се најде во ситуација да му виси учеството на СП. Зборуваме за 4 кратен светски првак за кој цела земја е загрижена да не се случи најлошото.

Несторовски му останува верен на Палермо до 2021-ва година

Македонскиот голгетер кој за само една година им влезе под кожа на Сицилијанците, официјално потпиша нов договор со Палермо за кој ќе настапува во следните 4 години.

Сте виделе гол со ножички на 67 години?

Клаус Фишер не игра фудбал 30 години, ама кога ќе го видите ова ќе помислите дека насловов не е точен. Германскиот напаѓач кој најголем дел од кариерата ја мина во Шалке, беше познат по ножичките, кои ги негува и во пензионерски денови. Браво стари, ова е факинг амбливбл.

Да спасиш пласман на Светско на гол линија во 91-ва

Швајцарија одигра 0-0 со Северна Ирска и по триумфот од спорен пенал на првиот меч во Белфаст, се пласираше на Мундијалот 2018. Реваншот во Базел донесе отворен фудбал и многу шанси на двете страни, а најголемата ја имаа гостите во 91’ минута кога Џони Еванс шутираше со глава откако Јан Зомер исплива, па Родригез мораше да спасува продолженија и евентуален пенал-рулет.

Атласките лавови кои отидоа на Светско без примен гол

Репрезентацијата на Мароко го победи Брегот на Слонова Коска со 0:2, се пласираше на Мундијалот 2018 и за првпат после 1998 година ќе игра на едно Светско првенство.

Браво момци, ја средивте и Норвешка

И со поддршка и без поддршка од трибините, македонската фудбалска репрезентација игра борбено и мотивирано и е гладна за победи без разлика дали игра пријателски или квалификациски меч. Петти позитивен резултат во низа, историска година со само еден пораз.

Убавина од акција на Пандев и Алиоски за 1:0

Македонската фудбалска репрезентација го отвори резултатот против Норвешка на 2 минути до крајот на првиот дел. Аплаузите одат кај Пандев и Алиоски кои двајцата сами го решија противникот. Фудбалерот на Лидс му даде топка со очи, а нашиот искусен капитен и покрај слабата минутажа во Серија А не грешки од вакви ситуации.

И за 100-че нема живо пиле на стадион

Македонскиот менталитет е многу тежок за сфаќање. Цела есен имаше плачки за цените кои ги стави Вардар во ЛЕ (за кои и треба да се има разбирање дека се високи), а сега на Градски има публика како да играат пријателска Младост Кундино и Огражден Иловица.

Македонските супер таленти грмат во соблекувална од радост

Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 19 години ќе биде дел од елитната квалификациска фаза за ЕП 2018 во Финска. На тренинг центарот „Петар Милошевски“ падна големиот фаворитот Белгија. Во соблекувалната ечеше Македонија, Македонија.

Феноменот Жирона - од банкрот до дружба со Манчестер Сити

Клубот кој до пред само неколку лета бил пред гасење затоа што му се заканувал банкрот, годинава е најпријатно изненадување во Примера. Но од причина што го водат шеиците кои се сопственици на Манчестер Сити, а Пеп Гвардиола ги помага тактички зошто брат му е газда на Жирона.

Офсајд лик: 7 години член на Челси, 0 минути на терен

Знаете ли кој актуелен играч на Сините има најдолг стаж во Лондон? Не е Џон Тери, тој си замина. Се вика Матеј Делач, голман е и вели дека стекнал многу искуство во Челси, а се нема појавено ниту во Лига Куп.

Кога цреп не го знае Дел Пјеро па не го пушта кај Меси

Иконата на италијанскиот фудбал Алесандро Дел Пјеро тргнал да се види со Меси во еден хотел во Москва каде Аргентина утре игра пријателска со Русија (од 14:00). Ама се погодило еден дибек од обезбедувањето ем да не знае англиски ем да не знае кој е Дел Пјеро. Среќа на крај дошол тренер од аргентинската репрезентација па Алекс продолжил натаму.

Новите фудбалски правила кои ги тестираше Ван Бастен

Холандската легенда која е одговорна за технолошките иновации во ФИФА, има во глава нови идеи со кои скроз би се променил фудбалот.

„Заминав од Барса за да не ја изгубам жена ми“

Од малиот Комо до висините на Светското првенство 2006-та каде го крена највредниот златен пехар во спортот. Патот на Џанлука Ѕамброта е интересен од повеќе аспекти. Играше во најголеми европски клубови, заигра со Роналдињо но реши да се врати во татковината.