Фудбал

Ристовски против Арсенал, Милан оди во Пиреа, Челси во Солун

Европското квалификациско лето заврши и со денешната ждрепка во Монако ги добивме групите во Лига Европа. Нашите репрезентативци Ељиф Елмас и Аријан Адеми ќе се судрат меѓусебе во дуелите на Фенербахче и Динамо. Тричковски и Мојсов ќе патуваат во Леверкузен.

Десет цитати на интригантниот претседател на Наполи

Сопственикот на италијанскиот Наполи е еден од поинтересните претседатели на фудбалски клуб во Европа. Аурелио Де Лаурентис е познат режисер во Италија и основач на компанијата Filmauro. Во 2004 го купи клубот Наполи за 35 милиони евра и шоуто почна.

Освен Лига на шампиони и Лига Европа, УЕФА во 2021 ќе организира и трет европски Куп

Сојузот на европските фудбалски федерации најпознат под името УЕФА ќе вклучи и трет еврокуп во календарот од сезоната 2021/2022, пишува германски Bild.

Не бе фудбалот не е за секој

Фудбалерите на Палмеирас го елиминираа парагвајскиот тим Серо Портењо во 1/8 од Копа Либертадорес. До тука е едноставно. Се играа 8 минути продолженија, а поради играчот по име Деверсон траеа вечност. Бразилецот направи сè и сешто на крајот. 

Рома на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо се враќа на „Олд Трафорд“

По фантастичното Светско првенство, најдобриот фудбал ќе продолжи преку натпреварите во Лигата на шампионите и Лига Европа. Ждрепката во Монако донесе неколку мега дуели.

Што му текна на Манчестер да носи розеви дресови?

Во текот на вчерашниот ден Манчестер Јунајтед официјално потврди: првпат во 140-годишната историја на клубот, екипата ќе носи розева опрема. Зошто се решиле на ваков чекор?

Верувале или не, Ливерпул ангажирал тренер за изведување аути

Иако на прв момент звучи смешно, аутот важи за еден од најважните елементи во фудбалот. Добро изведениот аут може да ти подари гол, а лошо изведениот може да ти направи сериозни скаламуции. Зошто?

Славјето на Ѓоковиќ за Звезда е во Ѓоковиќ стил

После ваков историски успех, Новак Ѓоковиќ не е од оние спортисти кој само ќе твитне браво момци за успехот. Тој е навивач на Црвена Звезда и спремен со реквизити за славење среде Њујорк каде се натпреварува на УС Опен. Видеото го сподели и клубот на Фејсбук. Шампион е нема што.

Најголем успех на Звезда после пеналот на Дарко Панчев

Околу 10.000 навивачи на Црвена звезда синоќа го бодреа својот клуб на реваншот во Австрија. Првиот меч против Ред Бул Салцбург во Белград заврши 0-0,  a синоќа откако домаќинот имаше 2-0, гостите во 77 секунди постигнаа два идентични погодоци и после 27 години се пласираа во групната фаза од ЛШ.

Фудбалот е игра во која на крајот победуваат Србите

По синоќешниот историски пласман на Црвена Ѕвезда во ЛШ, која за прв ќе игра во групна фаза во новиот формат, помошникот тренер на клубот Милан Косановиќ го ископира Гери Линекер која ја кажаа онаа славна изјава за Германците. Каков цар, си кажа по свое и му кидна на новинарот.

Спектакуларен гол на новиот шпански прволигаш

Хуеска е името на новиот и најмалиот шпански прволигаш во историјата. Игра на стадионче со капацитет од 5.000 седишта и е непоразен по првите две кола. Голов е бајат веќе три дена, ама не може да не се објави. Многу сме пропуштиле. Го постигна извезен Авила за конечни 2:2 против Атлетик Билбао. Секоја чест.

Свадбарско дерби меѓу Фани и Марија

Имаме скопска љубов со миланско градско ривалство. Фани е за Милан, Марија за Интер, а една од првите тестови за тоа дали вистински се сакаат ќе биде толеранцијата кон плакарот, кој ќе држи дресови од две екипи кои воопшто не се сакаат.

Несторовски и Трајковски на терен, три фракции се тепаат меѓу себе

Едните се Инфериоре, другите Супериоре а третите познати под името Суд (во превод Југ). Причините за тоа што овие три фракции тифози на Палермо не се поднесуваат меѓу себе се нејасни, а нетрпеливоста кулминирала на гостувањето во Салерно минатиот викенд кога се степале меѓу себе.

Една бедна фотографија од мак фудбалот

Кога кај нас за стадион ќе се каже „Планот е да се реновира“, едно 5-10 години се вергла тој план чисто како муабет и на крај прашање е и дали стварно ќе се реновира. ФК Победа лани направи кам бек во прва лига, ама играше кај ќе стигне, само дома не.

„Малиот принц“ кој после 25 години мирно го напушти Јувентус

И покрај тоа што остана верен и доследен до традицијата, до принципите и вредностите, Клаудио Маркизио не можеше да фати чекор со обидот на Јувентус глобално да се модернизира, обид во кој нема место за сентименти.

Автогол од пола терен

Се вика Жунињо Бакуна, има 21 година и синоќа дебитираше за Хадерсфилд против Стоук во Лига Купот на најлош можен начин. Не дека на голманот му беше таму местото, ама Жунињо реагираше како прв пат да фаќа топка.

Не го закачај Мурињо за 3:0, зашто ќе ти стане

По триумфот над Лестер во отворањето на сезоната, Манчестер загуби на гости од Брајтон 3:2 па дома од Тотенхем 0:3. Резултати по кои се знае дека ќе следува прес конфренеција во негов стил.

На клуб од Примера му забранија да игра дома поради катастрофалниот стадион

Стадионот на Рајо Ваљекано, „Кампо де Ваљекас“ се наоѓа во предградие на Мадрид на 5 км од центарот на градот, на 4-5 метро станици. Челните луѓе на Ла Лига го затвориле овој стадион во текот на новата сезоната, а основна причина за тоа е - недовршениот ремонт.

Она кога ќе ги утнеш копчињата на џојстик

Во Купот на Мексико, Монтереј со 3-2 го совлада Венадос, а вториот гол за гостите кој го даде Виљафана беше ист како кога на ФИФА или ПЕС ќе ги побркаш копчињата.

Го мразев фудбалот и едвај чекав да се пензионирам

Малку фудбалери успеале да го освојат врвот во кариерата за толку кусо време, но потоа и да се соочат со пад кој никој не го посакува. Овен беше маестрален и споредуван со Роналдо, но кариерата ја заврши во Стоук. Неславно.

Сари пуши ко Турчин

Премиер лигата или ќе му донесе поздрава плуќа и заштеда или пак може ќе му направи “услуга“ како што му направи еднаш Лајпциг, бидејќи Сари во просек издржува само 12 минути без цигара во рака.

Ај па да се нагледаме вакви голови

Викендов паднаа два гола кои конкурираат во трката кој е поубав. Едниот го даде Камило Санвецо во мексиканскиот фудбал, на дуелот меѓу Керетаро и Лобос од слободен удар. А вториот го даде Никола Миленковиќ од Фиорентина против Киево.

Линиски судија кој не знае што крева

Вотфорд и Кристал Палас (2-1) одиграа интересен меч во Премиер лигата, а дуелот беше одбележан и од една чудна одлука на помошниот судија.

Навивачите на Јуве му простија на Бонучи

Едногодишната авантура во Милан и покажувањето среден прст навивачите (веројатно) ќе ги заборават. Лани го сметаа за предавник, но од викендов тој е оној истиот старо нов Бонучи, укотвен до Кјелини во одбраната на Јуве. Лео им се извини по мечот со Лацио, а повратните аплаузи значеа прифатено.