Фудбал

Газдите на кои не им е доста еден клуб

Зошто да имам клуб во Премиер лигата кога можам и во Сараево или што ќе ми еден или два Ред Була кога можам да имам пет. Главната цел на милијардерите не е да го развијат фудбалот, туку да им пораснат милијардите. Сегде би вложиле, само да им се врати дупло. Што, да не не е така?

Со преносот тоа е што е, битно да ги здробиме

По дводеценискиот претежок и за нас нереален пат до едно Европско, Македонија вечерва стартува од еден би рекле нов почеток кој се надеваме дека ќе донесе историски радости. Од овој пат до сега сме немале полесен. Мора да се сфати сериозно и да се заборави на она „Нејќеше да влезе“.

Само еден фудбалер можеше да носи крената крагна на дрес и добро да му стои

Околу кренатата крагна на Ерик Кантона се исплетеа многу анегдоти, конспирации, теории на заговор. Тој ни самиот не памети кога почнал да ја носи така, ама знае зошто.

Тренерот и неговиот посебен асистент на четири нозе

Карлос Јара Сагиер е тренер од Парагвај чие име не ви е познато, ама затоа е најпознат неговиот помошник тренер. Никој нема таков, он е единствен. Зошто? Затоа што не се работи за човек, а така се однесува.

Ај се натпреваруваме кој ќе му даде поубав гол на Наполи

По три изминати кола во Серија А, Наполитанците имаат две победи и еден пораз, како и 6 примени гола. Епа дури 4 од нив се кандидати за гол на месецот. Ако не сте ги виделе, сте пропуштиле многу, особено оној монструозен потег на Кваљарела кој не на месецот, туку може да биде и гол на сезоната.

Страшен гол на голман од слободен удар против Коринтијанс

Во најдобрата бразилска лига Сеара со 2-1 го совлада славниот Коринтијанс а првиот гол за домаќините во 21’ минута го даде голманот Еверсон. Гол? Не. Голчиште!

Никој не сака да игра за Данска, репрезентацијата собра играчи од мал фудбал

Меѓу фудбалскиот сојуз на Данска и репрезентативците има сериозен конфликт за кој не нашле решение и поради тоа скандинавската селекција синоќа против Словачка играше со фудбалери позајмени од футсал репрезентацијата.

Колку би чинеле Шевченко, Верон и компанија во сегашно време

Тоа дека границите на сумите кои се даваат за трансфери се качија до небо, го мелеме нон стоп и усул во трошење пари за играчи повеќе нема. Замислете ова лудо време да траеше 20 и кусур години наназад. Па само Челси, Ливерпул и Јунајтед ќе потрошеа преку 10 милијарди.

Добро судијава свесно го поништи голов?

На толку судии и технологии, во шкотскиот второлигашки фудбал се случи најсрамното поништување на апсолутно регуларен гол кој се гледа од Марс. Топката влезе во гол, мрежата се стресе, играчите славеа, а линискиот судија му сугерираше на главниот да го поништи и да досуди аут. Замислете голов да го чекате за добивка? 

Пулените на Мрме го местат нишанот од далеку

Македонската фудбалска репрезентација утревечер со почеток од 20:45 го стартува патот наречен Лига на нации, кој треба да биде многу полесен до пласман на ЕП. Трајковски, Несторовски, Барди и Елмас ги штелаат нишаните за Гибралтар кој важи за аутсајдер во нашата група.

Турскиот фудбал го стегна каишот и веќе не купува суперѕвезди

Пред пет дена во Турција заврши најбедниот преоден рок во последните 11 години. Клубовите потрошиле вкупно 49 милиони што беше „мачкина кашлица“ во изминатите сезони - лани потрошија 110 милиони, а 10 години по ред потрошените пари за трансфери не оделе под 60 милиони евра.

Тешка глупост е ова што меч од шпанско ќе се игра во Америка

Го наумија и со цел памет ќе го реализираат. Да не му се верува на човек. Жирона и Барселона во рамките на натпревар од Ла Лига ќе се сретнат во Мајами. Значи не на летна турнеја, туку во домашно првенство. Зошто? За пари.

Инсиње го извади Балотели од памет во хотелска соба

Италија на 7-ми во петок ги започнува своите настапи во Лига Нации. Ќе ја пречека Полска во Болоња. За овој циклус селекторот Манчини го викна и Балотели кој е цимер со Лоренцо Инсиње.

Фелшот на кој џабе се фрли голманот

Мислевме дека голот на колото во Хрватска го постигна Осијек, ама не го видовме овој на Ријека кој му скина бод на Динамо Загреб. Можеби не ја свитка како Кварезма, ама оди фати му ја. Не се брани ова.

Ова ако е офсајд, Величе стварно е Џерард

Има судиски утки и утки. Оние кога милиметри се во прашање се претешки за судиите, па среќа варот се шири по лигиве. Ама за ова е живи срамои да кренеш знаменце. 

ФИФА да го награди Себастијан, нема појак од него

Светската куќа на фудбалот на 24 септември во Лондон ќе ги додели најпрестижните годишни награди. Покрај оние за најдобар играч, тренер и сл, ќе се гласа и за навивач на годината. Ова е нашиот фаворит кој влезе во финалната трка.

Хоакин - ветеранот кој на 37 години реши големо градско дерби

Роден во 1981 година. Има 37. Додека речиси цела негова генерација фудбалери се повлечени, тој уште игра и дава голови во својот Бетис.

Како УЕФА дозволи два Ред була да играат во иста група во Лига Европа?

Дали УЕФА е свесна дека во Лига Европа ќе играат два клупа со ист сопственик? Одговорот е: да, знае, но смета дека РБ Лајпциг и РБ Салцбург не се доволно силно поврзани за да ја стават под прашање чесноста на спортската борба меѓу нив.

Ама е лош овој Мајкон

Касни, спор е, не се залага, греши основни додавања, не го бива за игра еден на еден. Добро како го трпеле Бразилецов седум години во Порто? Не зборуваме за Мајкон што газеше во Интер, туку оној од Галатасарај. Ова е пресек од мечот против Трабзонспор. Перформанс за нигде никаде.

И во Шпанија одма е по друго со ВАР

Ангажманот на судиите во кабината (video assistant referee) кои ги укинаа само во Премиер лига, а во ЛШ ќе ги нема ниту сезонава, ја демострираа користа и во Ла Лига. Со ВАР се ќар и самите играчи кои поминуваат со помалку картони.

Голот на колото во Хрватска - милина за око

Осијек летово направил одлична реорганизација, атмосферата околу клубот е супер а навивачите го исполннуваат стадионот „Градски врт“. Ништо чудно да им ги замрсуваат сметките на Динамо и Ријека сезонава. На последниот меч минатиот викенд против Локомотива Загреб, Харис Хајрадиновиќ со два гола им донесе победа и нови три бода.

Како испадна Роналдо да стане газда на Ваљадолид?

Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Бразилецот Роналдо купил 51% од акциите на клубот Реал Ваљадолид за 30 милиони евра. Во играчката кариера против овој клуб дал шест гола.

Не ти е глупо вака да му правиш?

Какви пациенти држи фудбалот тоа е чудо невидено. Мислевме дека Луис Суарез е единствен канибал во фудбалот, ама му најдовме конкуренција и тоа сериозна. Овој се насладува од коса односно глава.

Не го може ова секој голман

Иако е прерано да се каже, сепак ова е одбрана на сезоната, барем во јужноамериканскиот фудбал. Јунаков од чилеанскиот второлигашки фудбал реши и реши да не прими гол. Колкава жртва, мислиш игра на финале на светско.