- Бил принуден да се крие како дете и покрај тоа што не правел ништо лошо.
- Детството му било трауматично, а го поминал во бегство од куршуми.
- За време на војната во Хрватска го убиле дедо му, а семејната куќа им била уништена од бомби.
- Токму неговиот дедо си играл со топка со него додека бил дете.
- Токму неговиот дедо му ја подарил првата топка.
- Целиот свој гнев Лука го истурал играјќи со топката.
- Го етикетирале како проблематично дете кое постојано си играло со топка и ја уништувало секоја мета пред себе.
- Лука не можел да најде мир во детството.
- Но тој ветил дека ќе стане најголем, а синоќа стигна потврдата.
- За прв пат во историјата, хрватски фудбалер ја освои Златната топка.
- Веројатно јасно е на кого ќе му ја посвети.
- И не само тоа. Тој стана прв фудбалер во историјата кој успеа да ги обедини сите четири најпрестижни индивидуални признанија во една година: Најдобар играч на СП 2018, најдобар играч според УЕФА, најдобар играч според ФИФА И Златна топка.