Фудбал

Седум факти за седумката - наследник на Роналдо во Реал

Минатиот петок на полноќ заврши летниот преоден рок во шпанскиот фудбал. До последен момент се очекуваше каков адут од ракавот ќе извади Флорентино Перез кој цело лето беше невообичаено мирен. На крај се реши за играч кој настапуваше за Реал Мадрид.

Спринтот на Бејл се повтори во данска втора лига

Не ми е проблем да го поминам играчот со топка, линискиот судија, да излезам од терен и да трчам по атлетска патека, да стасам на време за топката и да ја дадам на тацна. Што е не верувате?

Суперѕвездата на Ливерпул помагал во чистење и рибање џамија

„Религијата ми е многу важна. Ги почитувам правилата на Исламот и се молам пет пати во денот, секогаш“, изјави пред две години Садио Мане, еден од најдобрите фудбалери во Премиер лигата кој отишол да чисти една локална џамија неколку часа откако даде гол во победата против Лестер на гости (1-2).

Како им оди на хрватските херои од Светско

Пласманот во мундијалското финале и освојувањето на сребрениот медал за Хрватите не беше никаква случајност. Тоа е збирштина на играчишта кои играат и газат во големи клубови. И пред и по светско, момците се на висина на задачата.

Како Дуделанж направи чудо, влезе во Лига Европа и ќе игра со Милан

Имаат стадионче 30 пати помало од Сан Сиро. Имаат население колку една скопска општина. Тренерот Дино Топмелер е една година помлад од капитенот на екипата.

Зорт на колото во Чаир

Нивото на мак фудбалот не се мери само по квалитетот, организацијата, инфраструктурата и слично, туку и по менталитетот и културата на самите актери на терен. Фоткава не е од селана, туку од прва лига, а на неа е фудбалер на Шкендија на гостување против Шкупи, кој до скоро играше на европска сцена. Сам се издаде по бројката.

Зошто голманите се најраат под сенка

Ватфорд го изненади Тотенхем со 2:1, а заменикот на повредениот Хуго Љорис, направи потег веројатно до сега невиден во Премиер лигата. Ви го претставуваме Мајкл Ворм, голман со четири настапи во англиското првенство од август 2016-та до сега. Што значи и не мора да значи дека е до сонцето.

Во гол директно мајсторе, пробај

Селчук Инан е капитен на Галатасарај и турски репрезентативец. На еден домашен меч навивачите му довикуваат од трибините додека се спрема да изведе корнер, и тој ги послушал.

Тркот на Н’Голо Канте

Челси игра неверојатно со новиот тренер Маурицио Сари кој важи за сјаен тактичар. Имаат 4 од 4 а меѓу подобрите играчи очекувано е Нголо Канте.

Дали веќе го имаме голот на сезоната во Серија А?

На Фабио Кваљарела не му ги гледајте годините. 35 се, ама воопшто не му стојат со оглед на тоа што го прави. Лани имаше страшна сезона во која постигна 19 голови, а синоќа го дотолчи Наполи за 3:0 во стил на кој нема право да мрчи ниту Ибра. 10 пати вреди да се изгледа голов кој не го прослави од почит кон својот поранешен клуб.

Пандев погоди против Сасуоло

По Александар Траковски за Палермо и Горан Пандев се најде меѓу македонските стрелци во италијанскиот фудбал. Во голеагада од 5:3 на дуелот Сасуоло - Џенова, капитенот на македонската репрезентација го постигна вториот гол за својот тим, инаку прв за него оваа сезона.

Јужна Кореа ги освои Азиските Игри и фудбалерите нема да мора да служат војска

Кореецот Хјонг-мин Сон ги освои Азиските Игри во Индонезија откако неговата Јужна Кореа со 2-1 ја совлада Јапонија. Овој триумф на играчите им значи многу поради тоа што ќе бидат изземени од служење двегодишен воен рок во својата земја.

Ако не па Кариус да го вратат

Со головите на Мане и Фирмино, Ливерпул го совлада Лестер и ја запиша четвртата победа на четири меча во Премиер лига. Но мечот остана во сенка на кардиналната грешка на астрономски скапо платениот голман на Ливерпул, Бразилецот Алисон.

Како Роналдо ги правеше мајмуни на тренинг во Барса

Квалитетот на снимката е лош, ама потезите се далеку од лоши. Ова е тренинг на Роналдо во Барселона, 1996/1997. Се обидуваат да му ја земат Гвардиола, Мурињо како асистент тренер и Лопетеги. Единственото чаре беше голманот да му се фрли со раце, инаку ова уште ќе траеше. Феномен.

Трајковски распали за Палермо од 20 метри

Фудбалерите на Палермо одиграа 2:2 на домашен терен против Кремонезе во 2. коло од Серија Б. Несторовски влезе од клупа во второ полувреме, а Трајковски го одигра цел натпревар и постигна ефектен гол за 1:0 кој не се бранеше. 

Емери во стилот на Клоп

Ако сакаш да го прашаш Мурињо за поразот од 3:0 од Тотенхем, ќе си одиш дома искаран, а ако сакаш да се релаксираш и насмееш ќе се упатиш на прес конференција кај Арсенал. 

Најатрактивните ножички во аматерски фудбал

Џабе им е на сите кои се обидуваа да го имитираат она маестрално ремек дело на Роналдо лани против Јувентус во ЛШ. Пољакот Дамиан Лимбергер кој игра во најниските аматерски лиги во Полска ја има имитацијата број 1 на голот прогласен за најдобар во 2017-та. Стварно прејако.

Усеин Болт дебитираше и официјално заигра професионален фудбал

Беше на „проба“ во Манчестер Јунајтед, во Дортмунд, во Норвешка и во некои клуови во Америка, но никој не го сфати здраво за готово дека сака да игра профи фудбал. На крај го разбраа во Австралија.

Ристовски против Арсенал, Милан оди во Пиреа, Челси во Солун

Европското квалификациско лето заврши и со денешната ждрепка во Монако ги добивме групите во Лига Европа. Нашите репрезентативци Ељиф Елмас и Аријан Адеми ќе се судрат меѓусебе во дуелите на Фенербахче и Динамо. Тричковски и Мојсов ќе патуваат во Леверкузен.

Десет цитати на интригантниот претседател на Наполи

Сопственикот на италијанскиот Наполи е еден од поинтересните претседатели на фудбалски клуб во Европа. Аурелио Де Лаурентис е познат режисер во Италија и основач на компанијата Filmauro. Во 2004 го купи клубот Наполи за 35 милиони евра и шоуто почна.

Освен Лига на шампиони и Лига Европа, УЕФА во 2021 ќе организира и трет европски Куп

Сојузот на европските фудбалски федерации најпознат под името УЕФА ќе вклучи и трет еврокуп во календарот од сезоната 2021/2022, пишува германски Bild.

Не бе фудбалот не е за секој

Фудбалерите на Палмеирас го елиминираа парагвајскиот тим Серо Портењо во 1/8 од Копа Либертадорес. До тука е едноставно. Се играа 8 минути продолженија, а поради играчот по име Деверсон траеа вечност. Бразилецот направи сè и сешто на крајот. 

Рома на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо се враќа на „Олд Трафорд“

По фантастичното Светско првенство, најдобриот фудбал ќе продолжи преку натпреварите во Лигата на шампионите и Лига Европа. Ждрепката во Монако донесе неколку мега дуели.

Што му текна на Манчестер да носи розеви дресови?

Во текот на вчерашниот ден Манчестер Јунајтед официјално потврди: првпат во 140-годишната историја на клубот, екипата ќе носи розева опрема. Зошто се решиле на ваков чекор?