Разврската во групата Б во ЛШ синоќа заврши со драматичен крај како ретко кога. Веројатно многумина очекуваа дека во Мадрид нема да биде реми и Интер како фаворит ќе го совлада Шахтјор и ќе се пласира во топ 16. Но работите излегоа обратно.
Интер имаше зицер. Да победи дома против Шахтјор Доњецк и да чека Реал да ја совлада Борусија Менхенгладбах. И во Мадрид домаќинот глатко си води 2-0, а во 89' минута на „Џузепе Меаца“ Алексис Санчез со глава гаѓа кон голот на гостите, ама Лукаку на погрешно место во погрешно време.
Фудбалерите на Реал Мадрид и покрај двата порази од Шахтјор Доњецк во групата, успеа вечерва победи и да се пласира во следна рунда каде одат уште и Атлетико, Борусија Менхенгладбах, Порто, Сити, Баерн, но не и Интер.
ПСЖ и Башакшехир вечерва го доиграа прекинатиот меч. Почнаа од 14' минута а веќе во 21-ва Нејмар го отвори резултатот со мајсторски гол. Бразилецот постигна 3 гола, Мбапе 2 и Парижаните одат во нокаут фаза од групата од која испадна Манчестер Јунајтед.
Македонската репрезентација да ја гледаш и да уживаш, македонската лига НЕ. Ако некој странски медиум реши да прави сторија за дебитантот на ЕП 2020, нека ни го рипне домашното првенство. Тој дел не ни е за во јавност.
Во 16. коло од македонската Прва лига, Силекс и Струга Трим Љум играа фудбал на натопен терен поради обилните врнежи во Кратово. Домаќинот доби пенал во 27' минута кој го промаши Денис Ристов - Рики, откако се лизна при шутот и топката отиде високо над голот.
Турско романската серија во Париз крена голема прашина, а на ова тишинава без навивачи човек сè и сешто ќе чуе од терен и лесно може да донесе погрешен суд. За малку ќе имавме втор расистички испад од истиот меч, но овој пат од спротивната страна, па ќе беше големата и за тие што кренаа бунт.
Според информациите од Италија, на мечот со Мидтјиланд во Бергамо на 1. декември, лидерот на Аталанта Папу Гомез не слушал некои совети од тренерот Гасперини, по што овој го извадил на полувреме. Наводно се степале во соблекувалната.
Во првото коло од групата, Меси и Роналдо не се сретнаа во Торино зошто Португалецот пропушти неколку натпревари поради позитивен тест.Ова беше прва нивна средба после цели 2 години (Роналдо во 2018-та замина од Реал Мадрид). Двајцата се најдобри стрелци во историјата на Лига на шампиони.
На 66 годишна возраст поради проблеми со здравјето, синоќа почина поранешниот аргентински селектор Алехандро Сабеља. Ги водеше Гаучосите во периодот од 2011-та до 2014-та и на Мундијалот во Бразил ги однесе во финале по пауза од 24 години кое го загубија од Германија со гол во 113-та минута.
Капитенот на македонската репрезентација бил исплашен дека клубот решил да го продаде во Индија, а целата ујдурма му ја сместиле соиграчот и добар другар Доменико Кришито и менаџерот на Пандев, Леонардо Корси.
Мечот Зенит - Борусија Дортмунд донесе убав фудбал, многу голови, поведри теми од оној дуел во Париз меѓу ПСЖ и Истанбул и нов рекорд во Лига на шампиони.
Во 14' минута од мечот ПСЖ - Истанбул Башакшехир главниот арбитар на мечот, познатиот романски судија Овидиу Хацеган реагираше на еден конфликт надвор од теренот.
Една од акциите која се коментира на социјалните мрежи од дербито на вечерва меѓу великаните Барселона и Јувентус е моментот кога Лео Меси како на мал фудбал го помина Лео Бонучи. Од позадина тоа највнимателно го пратеше Кристијано.
Манчестер Јунајтед не успеа да ја преживее групата на смртта и покрај тоа што му требаше само бод за осминафинале. Роналдо со два пенали си замина среќен од Камп Ноу, а Лацио по пауза од 20 години ќе почувствува настап во нокаут фаза од ЛШ.
Скандалозни случувања на мечот меѓу ПСЖ и Истанбул Башакшехир во последното коло од ЛШ кој заврши по само десетина минути. Турскиот тим е револиран од односот на еден од судиите и во знак на протест го напушти теренот.
Човекот кој го доби прекарот „Гениј“ остави богат багаж за себе, а за тоа што го правеше со топка прашајте ги татковците во случај ако сте родени во 90-те. Милан vs Парма, Савичевиќ против Коуто и уште еден. Уметност.
Во 93' минута од мечот Елфсборг - АИК во шведската лига, при резултат 2:2, гостинскиот голман Будимир Јаношевиќ оди во противнички шеснаесетник. Ама домаќинот се одбрани и тргнува во жустра контра. Фудбалерите на АИК знаат дека голот им е празен па користат втора топка на теренот за да не примат гол.
Македонската фудбалска репрезентција вечерва во Цирих ја доби квалификациската група за Светско првенство 2022. Во Скопје ќе ни дојдат интересни противници, а со некои од нив никогаш не сме играле.
На 83 години, во саботата замина последниот жив руски репрезентативец кој учествуваше на инаугуративното Европско првенство. Го реши со гол во 113-та минута против Југославија за која настапи и штипската легенда Драгослав Шекуларац.
Росонерите под водство на Пиоли изгазија после првите 10 кола во Серија А. Скорот им е 8 победи и 2 нерешени, а на табела се лидери со +5 од Интер и +6 од Јуве и Наполи. Чисто за да ви биде појасно зошто младиот Белгиец Алексис Салемакерс, кој настапи на сите 10 средби, вака го почна денот.
Лигата на нации сезона 2020/2021 за нас е завршена, ама тоа не значи дека се завршени и шансите за пласман на СП 2022. Одиме по другиот пат, оној потешкиот, а тоа се редовните квалификации за кои вечерва ќе ги дознаеме противниците.