Гостите го обвинуваат четвртиот судија, Себастијан Костантин Колтеску дека за време на доделување на црвениот картон на помошниот тренер на Башакшехир, Пјер Бебо, го навредил на расистичка основа.
На клупата на Башакшехир се слушнале зборовите „оној црниот таму“, изговорени од романскиот судија по што одлучиле да се повлечат од игра.
Црвен картон доби и Демба Ба кој бара објаснување од четвртиот судија за начинот на кој му се обратил на Бебо.