Радоста на фудбалерите на Борусија кога во Милано свирнаа крај

Разврската во групата Б во ЛШ синоќа заврши со драматичен крај како ретко кога. Веројатно многумина очекуваа дека во Мадрид нема да биде реми и Интер како фаворит ќе го совлада Шахтјор и ќе се пласира во топ 16. Но работите излегоа обратно.

Реми сепак излезе мечот меѓу Интер и Шахтјор, единствениот резултат кој и одговараше на поразената Борусија Менхенгладбах да оди понатаму.

Германците загубија 2:0 на Бернабеу, но останаа на терен да го проследат финишот на Меаца на таблет. На последниот свиреж одпелија од радост за прв историски пласман во осминафинале.

Каков момент. Ова е дефинитивно најсреќниот пораз на Борусија.

10 декември 2020 - 09:49