Следново видео кое ќе го видите, важно е внимателно да го слушнете, но и да не избрзате со заклучоци откако во еден момент ќе чуете два пати по ред како некој вели:
"In my country Romanian are gypsies".
За среќа најдовме објаснување од ситуацијата која многу малку фали да удри на штета на Истанбул Башакшехир, па и тие да бидат наречени расисти.
Во моментот кога четвриот романски судија разговара со Нејмар и веројатно се обидува да се извади за реченото „На оној црниот човек таму“, ќе забележите рака во кадар со која некој од клупата на гостинскиот тим го негира Колтеску и му вели: No, no, no, no, no.
Потоа следува неговото објаснување со кое всушност тој му дал само пример дека „црниот човек“ е слична дискриминација со тоа да му речеш на некој дека „Романците се цигани“.
Колку само малку фали некој поинаку да го разбере овој клип или да го филува во друг контекст па да биде на штета на оние кои го обвинија романскиот судија за расизам.
Целосната реченица од која вториот дел не може јасно да се чуе во етер е следнава:
"In my country Romanian are gypsies, I can`t say this".