Фудбал

Еврогол на Бабунски со ножички за влакно

Откако минатиот месец направи трансфер од Јапонија во Бугарија, Доријан Бабунски дебитираше за Ботев Враца кој загуби од Берое со гол во судиско. Македонскиот интернационалец се истакна уште на првиот меч за новиот клуб, најпрвин со асистенција, па со акробација која заврши во пречка.

Интервју на Ериксен на италијански колку да се каже нешто

Кристијан Ериксен за една година престој во Серија А научил нешто италијански, ама само зборови. До склапање реченици не е стасан. Можеби новинарот требал да сврти да англиски, ама така па него ќе му се отвореше работа да преведува.

Пандев распали против ФФМ: „Срамно е и жално“

Најзаслужниот што Македонија ќе игра на едно Европско првенство, капитенот Горан Пандев на својот Инстаграм профил напиша долга објава и се закани дека ќе се повлече од македонскиот клупски фудбал ако нешто не се смени.

Тешка индиска будалаштина

Луис Суарез престана да гризе, ама сега во Индија почнаа и тоа не рамо или врат како што правеше Уругваецот. Овој е бетер.

Иранецот Мохамади пак изведе луд аут

Иранскиот фудбалер Надер Мохамади би можел да влезе во Гинисовата книга на рекорди како играч кој фрлал најдолг аут. 23-годишниот Мохамади има специфична техника на изведување аути, со салто напред.

И сега кој е пијан повеќе?

Старите добри другари кои газеа во Милан, а сега се во тренерски води. Синоќа Гатузо (Наполи) го изненади Пирло со 1:0 (Јувентус), што значи снимкава не ќе да е од синоќа.

Гатузо има неверојатен карактер

Тренерскиот занает е суетна работа, особено кај најекспонираните лица и навистина ретко признаваат кога грешат. Рино нема проблем со тоа и ако треба спремен е да понесе одговорност како тренер на Наполи кој се наоѓа на незадоволителната шеста позиција. Може да не го сакате, ама може и да учите од неговата зрелост како човек.

10 години од епските ножички на Руни

Нема навивач на Манчестер Јунајтед кој ќе го заборави ова ремек дело, ама нема да има таков ниту од Манчестер Сити. Ептен мајсторски и ептен врвно изведено, плус во градско дерби. Дами и господа, акробацијата на Вејн Руни од сите агли.

УЕФА ја претстави Македонија од рекордерите Пандев и Мрме, корнерот на Шаќири до Барди и Чоко

На четири месеци до деби настапот на ЕП, во фокусот на УЕФА е нашата фудбалска репрезентација претставена со кус осврт на најважните мигови од историјата. Има и еден податок од 1960 кој веројатно не сте го знаеле.

Акцијата на Комити гази, јужна и западна трибина се распродадени

Да беше некое друго име до сега ќе беше избришано од сеќавањата, но се работи за Вардар и само поради тоа ќе кажеме дека веруваме, велат од најверната навивачка група на Црвено-црните кои со агресивна кампања до сега на играчите им донесоа околу 25.000 евра.

Ливерпул на аукција распродава лични предмети од Клоп и играчите

Англискиот шампион есента лани се пресели во нова база. Стариот добар Мелвуд го сменија за ултра модерната база Киркби која не им носи добри резултати сега за сега.

Зезнат фудбалски тонч во француски Куп

Рен синоќа изгуби 2-1 на гости кај Анжер и испадна од францускиот Куп во меч во кој од 49' минута останаа без шпицот Ромеин дел Кастиљо кој беше нокаутиран од топка во фаца.

Бомбастичен еврогол во германска трета лига

Филип Тице од Вехен Визбаден презентираше лудачка способност на изведување сув лист во стилот на Жунињо, меѓутоа не од прекин, туку од игра. Оливер Кан да го ставеa на гол во најбољи дани, џабе.

Пенал на вечерта

Во меч за 3. место на Светското клупско првенство, бразилски Палмеирас изгуби од Ал Ахли на пенали и стана првиот претставник од Јужна Америка кој изгубил 2 меча на овој турнир од 2000-та. Египќаните промашија 2 пенали, а Бразилците 3 од кои оној на шпицот Рони е за заборав.

Баерн и официјално е совршен: 6 трофеи за 7 месеци

Со голот на францускиот репрезентативец Бенжамин Павар во вториот дел од финалето на Светско клупско првенство, Баерн Минхен го совлада мексикански Тигрес и стана светски клупски шампион.

И фаулот знае да биде пријателски

Фаулот е практично дел од фудбалската игра и треба да знае човек да го прифати. Добро ова во Австралија е на некој друг левел и излезе сосема спонтано и симпатично. Замислете Ибра и Лукаку да се најдат во ваква ситуација.

Ни Нејмар, ни Мбапе, еврогол на месецот има играч на Брест

Во раната фаза на францускиот Куп, Брест губеше 0-1 од Роде, ама со два гола во 1 минута направи пресврт и се пласираше понатаму. Погледне го голот на Стив Муние за израмнување.

Денот кога беше воведен семафорот на четвртиот судија

Нема веќе превари или фаворизирање на домашниот тим. Судиското продолжение ќе биде изложено јавно да може да видат играчи, тренери, публика, како и гледачите по дома. Семафорот денеска полни 25 години.

Сити постави нов англиски рекорд, тешко некој да ги стигне скоро

Просто неверојатно звучи фактот дека тимот на Гвардиола на 20 натпревари по ред не знае за пораз и покрај тоа што игра на 4 фронта каде се судри и со многу сериозни ривали. Оваа триумфална серија тешко некој да ја достигне во догледно време.

Абе какви 5:4, кафе пијам сега

Евертон и Тотенхем синоќа одиграа лудачки меч во ФА Купот кој заврши 5:4 за домаќинот во продолженија, 4:4 во регуларниот дел. Ех па Карло што не доживеал, на Куп ќе се пали. Италијанец е, кафе мора да се напие.

Историски дуел меѓу Евертон и Тотенхем кој ќе се памети

Спектакуларен натпревар синоќа одиграа „тофис“ и спарс во осминафинале на англискиот ФА Куп. После цели 2 часа фудбал со продолженија, Евертон победи 5-4, тимот на Мурињо испадна од Купот а ваков меч немало во најстариот турнир на светот уште од 1961 година кога Шефилд Венздеј го прегазил Ман. Јунајтед со 7-2.

Дечки, да бутнеме малку да запали, а?

Дуелите меѓу Порто и Брага во Португалија во последниве години се фантастични и изболивуаат со сè и сешто. Синоќа играа прв меч од полуфинале на Купот и дуелот заврши 1:1 откако домаќинот израмни во 90+12' минута од судиското продолжение.

Стари снимки со Пандев од времето во Анкона и Лацио

Италијанската спортска јавност е под импресии тоа што Горан кој како тинејџер заигра на нивната славна фудбалска почва и 20 години подоцна уште го има и тоа како протагонист во Серија А. Ќе се потсетиме на неговите први неколку гола.

Еврогол на Газибеговиќ за победа во последна секунда

Младиот репрезентативец на БиХ, Јусуф Гаизбеговиќ игра бек за Штурм Грац во Австрија. На мечот против Рид буквално во 90+5' минута од судиското продолжение постигна еврогол за победа и 3 бода.