Нова фудбалска трагикомедија, овој пат во втората српска лига

Таман почнаа квалификации па мислевме дека ќе одмориме малку од глупоштини, ама материјалот се наталожил, па Србите гледаме дека шират нов циркуз по порталите.

Најновата епизода не припаѓа на селскиот, туку на второлигашкиот фудбал, што е уште потрагично и овој пат судијата не е жртва, туку штетник кој го загуби компасот или па така му е кажано јер нели треба да тепа домаќинот.

Се работи за средбата Раднички – ИМТ, конечни 3:1 одиграна во Крагујевац на која гостите водеа, па домаќините израмнија од пенал во 76-та минута.

Драмата настана на крај, поточно во судиско продолжение во кое Раднички постигнаа гол од пенал, па уште еден гол од слободен удар, а гостите добија црвен. Класика.

Прво пеналот е сомнителен затоа што прашање е дали има контакт, а второ и да имаше изгледа дека прекршокот е направен надвор од шеснаесетник.

За циркузот да биде поголем, внимавајте ја реакцијата на судијата кој му даде црвен картон на погрешен играч. Џабе протестираа гостите, кога тоа скоро никогаш не проаѓа.

Мотајте на 3:30

СУДИЈА, ГЛЕДАМ ОДАМНА НЕ СИ ЈАДЕЛ ФЛАША

26 март 2021 - 13:48