Фудбал

Еврогол на Газибеговиќ за победа во последна секунда

Младиот репрезентативец на БиХ, Јусуф Гаизбеговиќ игра бек за Штурм Грац во Австрија. На мечот против Рид буквално во 90+5' минута од судиското продолжение постигна еврогол за победа и 3 бода.

Мекени се претвори во Кјелини

Финалето го имаа в рака со 0:0, а од 90-та до крај Јуве да прими два гола е скоро невозможно. Но за секој случај Вестон Мекени му се постави на Перишиќ како столб и му одигра како врвен деванзивец. Плус истрча од еден до друг крај. Какво гинење за тимот.

Бугарско скандирање на денот

Го имаме видеото за кое да ви кажеме и од кај да почнеме. Еве од таму дека бугарскиот коментатор му дава дополнителен шмек што го коментира од почеток до крај. Ни дава сами да избереме дали е тоа крава или бик, па влетува стопанот, па кучето, а има и овцЕ. Абе драма.

Се рчнаа Конте и Ањели

Големото дерби на Италија, овојпат во реваншот од Купот, заврши 0:0 и Јувентус е првиот финалист поради триумфот 1:2 на првиот меч. За време на дуелот имаше тензија меѓу претседателот на Јувентус и тренерот на Интер кој долги години го водеше токму шампионот на Италија.

Расказот на Арсен Венгер за тоа што може една будалетинка да ти направи

Душевната болка која што ја претрпел Арсен Венгер а предизвикана од една гнасна, одвратна клевета која се скандирала на стадионите на Манчестер Јунајтед и Тотенхем, ја пренесува во неговата автобиографија и вели дека уште нема одговор зошто тоа му го направиле.

Чувал дрес од Ван Дајк на ѕид, сега ќе игра со него во ист клуб

Озан Кабак има 20 години и пред неколку дена дојде од Шалке во Ливерпул на позајмица до крајот на сезоната, со право на откуп на договорот.

Што по ѓаволите бара Ибрахимовиќ во Милан на 38 години?

Го имаме прогнозерот на денот. Море како на денот, на деценијата кој не може да го сконта трансферот на Златан Ибрахимовиќ од Галакси на Милан.

Фото на денот

Тоа е таа фотографија која се бараше. Фотографија која асоцира на почит, другарство, заедништво кое нè однесе на Европско, тешење дека поразот е составен дел од спортот. 16 години се разлика, ама тоа не менува ништо. Напротив, бате Горан му е инспирација на Елиф и доказ дека може и треба да цели на високо и тоа на долги стази.

Уметнички ролинг на фудбалер на Лидс Јунајтед

Фудбалерите на Лидс Јунајтед се на безбедно 10. место во Премиер лига со 17 бода над зоната за испаѓање во Чемпионшип. Синоќа освоија 3 златни бода против Кристал Палас во натпревар на кој падна дриблингот на неделата.

Патрик Кутроне играл за 3 клуба за 2 месеци

Најголемо фудбалско патешествие од почетокот на глобалната пандемија имаше некогашниот центарфор на Милан кој никако не успева да најде права средина кај што ќе игра повеќе.

Зошто Барса си пукаше во колено со продажбата на Суарез?

Знаете ли кој има најдобар сезонски старт како стрелец во Атлетико? Суарез. А во Ла Лига? Суарез. А сезонава кој му донел најмногу бодови на својот тим со своите голови? Суарез. Епа на Куман не му требал таков играч, а Бартомеу со цел памет му го продаде на конкурентски тим за титулата.

Фантазија од лоб во Премиер лигата

Лидс го совлада Кристал Палас со 2:0, Џани го одигра цел натпревар. Уствари победата требаше да биде 3:0, ако Патрик Бамфорд се решеше да го гаѓа голот место чавките.

Најдобар стрелец од сите екс-ју играчи кои играле во Италија

Со фантастични 97 погодоци, Горан Пандев е прв на листата стрелци во Серија А меѓу балканските фудбалери. Зад него се Мирко Вучиниќ, Јосип Иличиќ, Един Џеко и Деки Станковиќ. Словенецот искоментира дека ќе го стигнел Пандев наскоро.

Карагер офкаше од мака на грешките на Алисон

На шампионот на Англија му се случи потоп дома со Манчестер Сити, а два од четирите гола кои ги примија одат директно на душа на Алисон Бекер кој реагираше како да е почетник. Џејми Карагер е хит со реакцијата за која го ремети и Невил.

Сити и Ботафого со потези за најсмешно видео инсерти

Рубен Дијаз не беше убеден дека опцијата слободен удар по земја е целосно затворена против Ливерпул, па на смешен начин го корегираше живиот ѕид. На Ботафого пак им се брзаше, па како партал го исфрлија својот повреден играч од терен.

Фудбалска орнитологија - дресови на голмани со видови птици

Во џунглата на Твитер еден професор по орнитологија на Њујоршкиот универзитет, Ден Балдасаре објави нишка во која ги споредуваше голманските дресови од '90-те години со интересни птици.

Камата полни 55 години, уште се памети неговото ремек дело во Виена

Второ коло од Лига на шампиони сезона 1993/1994. Барселона гостува кај Австрија Виена. Ицо Стоичков дава 2 гола во триумфот на Каталонците 1:2, а едниот погодок му е можеби најубав во кариерата. Денес најдобриот бугарски фудбалер во историјата полни 55 години.

Џојстикот закочи во австралиска лига

На дуелот меѓу Мекартур и Вестерн Сиднеј Вондерерс кој заврши 2:2 гостите во 67' минута забагираа во напад пред домашниот голман Федеричи.

Мбапе на 100 метри со 36 км на час

Со головите на Икарди и Мбапе, ПСЖ го совлада Олимпик Марсеј со 0:2. Обрнете внимание на голот на Килијан кој од гол до гол влезе во спринт како да се такмичи на Светско првенство во атлетика. До 36 км на час разви брзина. Неверојатен атлета.

Златан денса по дома на „Јутро је“ од Нада Топчагиќ

Стигна до голем јубилеј од 500 гола во кариерата, Милан му е прв на табела, што значи време е за весеље на српско.

Вреќа компири на Енфилд

Во финишот на првиот дел на мега дербито Ливерпул - Манчестер Сити (1:4), гостинскиот стопер Рубен Диаз реши да го подмести колегата од одбрана Зинченко во живиот зид.

Корнер изум на Карлсруе каков што не се видел досега

За време на мечот Карлсруе - Јан Регензбург (0:0) од 2. германска лига, домаќините во еден момент демонстрираа каков изум смислиле на тренинг.

Занимливости за 2-та гола на Горан Пандев

Од недела во недела нашиот најдобар фудбалер на сите времиња поставува нови достигнувања, рекорди и подвизи. На 37 години во една од трите најсилни лиги на светот.

Лекција по фер плеј на Андреа Белоти

Италијанците само паѓаат, ќе речат гласните критичарите против Серија А. Да, паѓаат, ама знаат и да признаат кога паѓаат сами. По извонредниот гест на Лацари од Лацио минатото коло, уште еден италијански репрезентативец се истакна за чиста 10-ка.