„Челси воли велики, Јунајтед воли мали“, рече коментаторот за време на преносот на англиското дерби, а потоа откако сфати на каде му оди реченицата, само додаде: Овој је јако глупо звучило. Посед се разбира.
Словенечкиот репрезентативен голман синоќа во триумфот на неговиот Атлетико Мадрид кај Виљареал 0:2 имаше одбрана која скоро сигурно ќе заврши во топ3 одбрани на крајот од сезоната 2020/2021. Не е нормална оваа реакција:
Фудбалерите на Милан ја совладаа Рома со 1-2 на гости и покажаа дека излегле од мини-кризата по двете нерешени со Црвена звезда и поразот од Специја. Меѓу најзаслужните за триумфот на росонерите беа Томори и Тонали кои спасија чист гол од една акција на Рома.
Илија Несторовски конечно доби шанса во прв тим како ретко сезонава и ја реши на најдобар можен начин. Удинезе и Фиорентина одиграа мирољубив натпревар до 86-та минута, а потоа на сцена стапи македонскиот репрезентативец кој му донесе 3 бода на својот тим.
Нотс Каунти со 3-1 го победи Оксфорд Сити во Националната англиска лига (петта по ред). За домаќинот 2 гола даде белгискиот напаѓач Илаиша Сем а оној за 2-1 најверојатно ќе биде избран за наградата „Пушкаш“.
Барселона синоќа ја совлада Севиља со 0:2 на гости. Меси стандардно во елемент со гол и асистенција, а неговите чувари стандардно во очај како да го сопрат. Жоан Жордан имаше фрустрирачки обид.
Фудбалерите на Црвена Звезда без пораз се елиминирани во Лига Европа и не можат да се помират што судијата на Сан Сиро не им дозволи да изведат корнер во 93-та минута, со образложение дека истекло времето. Но царевите најдоа начин како да го “совладаат“ Милан.
Аталанта сигурно не се израдува кога на ждрепката за топ 16 во Лига на шампиони за противник го доби Реал Мадрид, но затоа се израдува еден локален клуб кој пред 23 години му помогна на Лука, кога тој го освои првиот трофеј како дете. Не се сретнаа, ама се испочитуваа со стил.
Иако ќе го личеше на пример да биде и финале, сепак Милан и Манчестер Јунајтед се падна да ги одмерат силите уште во осминафиналето на Лига Европа. Тежок испит за двајцата македонски репрезентативци кои со Динамо Загреб ќе патуваат во Лондон кај Мурињо.
Двајцата македонски репрезентативци од Динамо Загреб ќе играат осминафинале во Лига Европа откако го елиминираа Краснодар. Рики како во Спортинг, така и во Хрватска има колега по име Бруно, ама овој се презива Петковиќ и синоќа беше во страшен ритам. „Тешкото“ им го играше на мал простор.
Шкотски Ренџерс и белгиски Антверпен одиграа тотално луд двомеч во Лига Европа со дури 14 гола. Првиот дуел во Белгија заврши 3-4 за тимот од Глазгов, кој синоќа славеше со 5-2. Стрелецот на првиот гол Алфредо Морелос пред полувремето имаше фер плеј на сезоната.
Да, една година помина, а срамот беше преголем и уште е. Плус не се случи во некоја селска, туку во прва лига на мечот Македонија Ѓорче Петров - Академија Пандев. Ви благодариме ЕСПН што вака петочки нè насмеавте и не вративте на оваа неповторлива и безвременска сцена.
На капитенот на Реал Сосиедад, Микел Ојарзабал изгледа идол му е Бруно Фернандеш. Синоќа шутираше пенал идентично како него пред негови очи, а потоа тренерот со право требал да му рече дека ако му се повтори, ќе игра со младинците.
Хрватскиот шампион се пласираше во осминафиналето од Лига Европа, вторпат во три години, откако синоќа и во реваншот го совладаа руски Краснодар (1:0) и со вкупни 4:2 нашите Стефан Ристовски и Ариан Адеми одат понатаму. Акцијата за голот во 31' минута беше како на Сони Плејстејшн.
Во френетично лудата Јужна Америка да ве викаат „Лудиот“ значи дека нешто стварно има тука. Херман Бургос беше легендарен голман на Ривер Плејт, Мајорка, Атлетико Мадрид и репрезентацијата на Аргентина. До скоро долги години му беше десна рака на Чоло Симеоне во Атлетико, ама поради конфликтен однос Бургос заминал.
Комотно може да се каже дека ракометната секција на Барселона е можеби најдобриот колектив сезонава во сите екипни спортови во Европа. Каталонците имаат 13 победи на 13 меча во Лига на шампиони. Синоќа го совладаа Целје Пивоварна Лашко 29:32 во Словенија во меч во кој 30-годишниот Жига Млакар смисли нова одбрана.
Кога зборуваме за упорност и снаодливост, мислиме на фудбалеров на Шибеник кој ја изнасмеа цела Хрватска. Па уште успеа да шутне од таа позиција и за малку ќе дадеше гол. Каков цар.
Нејасно е дали сега има некаков конфликт со тренерот Гасперини или мирно и сталожено ја прифатил неговата одлука да го смени брзо откако влезе во игра, за да сочуваат 0:0 со Реал.
Сопственикот на Челси, рускиот магнат Роман Абрамович наскоро ќе заплови со нов дворец на вода каков што досега не е виден во светските води. На некои од неговите претходни јахти летувале само Лампард, Дрогба, Тери и Шевченко. Џон и Френки раскажале за рајот кој го проживеале таму.
Со убавиот гол на Ферланд Менди од 20 метри, Реал Мадрид стигна до гостинска победа против незгодната Аталанта. Манчестер Сити обезбеди солидна предност на гостувањето против Борусија Менхенгладбах.
Помирени со фактот дека кога играат против вонземјаниот само прашање на време е кога ќе ја извадат топката од мрежа, голманите кои бранат против Барселона размислуваат само тоа да биде што покасно во мечот. Вечерва во заостанатиот дуел со Елче, Меси даде 2 во 48' и 69'. Барса славеше 3-0, а на општо изненадување Меси му пријде на гостинскиот голман Едгар Бадиа да разменат дрес.
Вардарци го совладаа Елверум со 35:32, а голот за издвојување е првиот во режија на Калараш - Чупиќ - Георгиевски. Првиов се фрли по топка како да бркаат гол за победа, а мечот само што почна.
Тотенхем вечерва го одигра реваншот од Лига Европа со австриски Волфсбергер и победи 4-0. Со вкупни 8-1 Спарс одат понатаму. Резултатот го отвори Дели Али со еврогол! А мајсторија имаше и Герет Бејл за 3-1.