Паралелно со Вардар, мака мачи да ја доигра сезоната и Напредок кој во моментов се натпреварува во третата лига. Кичевчани се жалат дека немаат никакви услови за играчи од типот на струја, превоз, плати, па дури и храна.
И нив им ветуваат празна слама и затоа почнаа да апелираат за помош на Фејсбук од страв да не згаснат.
Инаку Напредок е еден од најстарите македонски клубови формиран 1928 година. Беше прволигаш во периодот од 1999-та до 2014-та, со прекин од три сезони во кои испаѓање, па се враќаше експресно во елитата. Во 2004-та година беше и финалист во Купот на Македонија каде загуби од Слога.
ФК Напредок е формиран во 1928 година и е еден од најстарите клубови во Македонија.Меѓутоа денес клубот се наоѓа во...
Posted by ФК Напредок on Monday, April 12, 2021
Химната им ја пее нивни човек, Лозано.