И покрај нивните молби да се одложи натпреварот, колумбиската прва лига го принуди Агилас да се соочи со Бојака Чико на ептен неферски начин.
Поради 16 заразени од Ковид и 7 повредени, кутрите домаќини истрчаа на терен со 7 играчи во формација 3-2-1.
Импресивната страна на оваа анти-фер плеј приказна е тоа што момците јуначки издржаа 57 минути да не примат гол. Кој знае колку трчање барал мечот за да ги надополнат отсутните.
Потоа примија уште два гола, а 79-та минута натпреварот мораше да биде прекинат откако Џовани Мартинез се повреди. Според правилата со 6 играчи не може да се игра натпревар, што значи им фалело уште еден отсутен за да ја одложат.
Од Агилас велат дека го одиграле мечот со цел да избегнат строги санкции, а кога го објавија составот на Твитер изреволтирано напишаа дека ова се седуммината повикани на најнееднаквата игра во историјата.
#EquipoProfesional | Los 1️⃣8️⃣... Perdón, los 7️⃣ convocados para el partido más desigual de la historia...#MyGameIsFairPlay #VamosÁguilas 🦅 pic.twitter.com/oib1A9KUH9
— Águilas Doradas (@AguilasDoradas) April 11, 2021
По прекинот на мечот од клубот имаа уште еден твит:
„Го загубивме мечот, но ќе ја добиеме битката против Ковид 19. Многу сме горди на вас момци“.
#EquipoProfesional | Perdimos el partido, pero vamos a ganarle la batalla al Covid-19. Estamos muy orgullosos de ustedes, muchachos 👏.#JuegoLimpio #MyGameIsFairPlay #VamosÁguilas 🦅 pic.twitter.com/h7jKnMft8A
— Águilas Doradas (@AguilasDoradas) April 11, 2021