Пред само еден месец Горан Пандев излезе во јавност и за ТВ 24 капитенски кажа отворено многу работи со кои ја шокираше македонската јавноста во врска со ФФМ.
Го прозва директно Муамед Сејдини дека и покрај одличните резултати сакал да го смени Мрме, потоа за членовите на управниот одбор дека повеќе од 15 години само шетаат со репрезентацијата на патувања, а македонската лига ја посочи како најаматерска и најнаместена.
Само неколку дена по сензационалната победа против Германија која одекна во цел свет, нови недоразбирања со обвинувања, ама без кривец, барем според денешните и вчерашните изјави.
Фудбалската федерација на Македонија на Фејсбук објави дел од навивачката химна на македонската репрезентација посветена на нивниот пласман на Европско, но кога се собрале да ја снимаат на стадион било побарано од ФФМ да се измени дело од текстот каде што се спомнува селекторот Игор Ангеловски.
Во изјава за 360степени тој за Сејдини вели дека е тоа е негов начин на однесување и капацитет на водење на една функција.
Разочарани од потегот на ФФМ се и Пандев и Несторовски кои дадоа видео изјави за случката. Капитенот вели дека со тоа ја покажале нивната нечовечност, а Нестор објасни дека снимиле еден дел со и еден без селекторот.
Портпаролот на ФФМ, Златко Андоновски денеска за Утрински брифинг демантираше со тврдење дека кога го најавиле и спотот, но и песната со спотот бил вметнат и селекторот и фудбалерите.
По петардата против Лихтенштајн, Ангеловски на прес конференцијата изјави дека барал средба со првиот човек на ФФМ.
„Се крена многу прашина на релација ФФМ - репрезентација, многу не советуваа дека треба нешто да преземеме. Се јавив кај претседателот за да дојде да поразговараме за недоразбириањата и да ги надминеме. Се договоривме да се сретнеме во саботата, но тој не дојде иако вети дека ќе дојде. Време е да се обединиме и да одиме заедно кон ЕП. Еве и јавен повик за средба за да се надминат недоразбирањата“.
Потоа од ФФМ објавија дека Муамед Сејдини во петокот добил симптоми, а тестот покажал дека е позитивен на Ковид-19 и тоа е причината поради која состанокот не се одржал.
Ова е најавата на химната на која се слуша „Мрме на чело на црвена армија, те слави Македонија“
Инаку Ангеловски на почетокот на годинава доби нов договор ама само на 6 месеци заклучно со Европското, што е нелогично со оглед на историските резултати.