Фудбал

Мангупски гол на Паје од мртов агол

Класична акција на крило во која обично се оди на еден лажњак до два, а потоа се нафрла. Епа Димитри Паје го направи само првото, а потоа на мајсторски начин го искориски аматерското поставување на голманот на Сент Етјен.

Роденденско изненадување за Роналдо од Георгина и другарите

Кристијано синоќа наполни 35 и на сред улица наеднаш почнаа да го снимаат и да му се собираат другари за да му честитаат. Главниот подарок му го спремила жена му со голема црвена машна.

Да знае Клоп кога Шефилд и Арсенал играле 5 меча во ФА Куп

Пред недела дена Ливерпул сензационално одигра нерешено 2:2 со 16-то пласираниот тим во третата англиска лига Шрузбери. Фудбалската асоцијација на Англија, според правилата веќе закажала датум за евентуални повторни натпревари, ама Клоп не сакаше да слушне.

Капацитетот на Роналдо на 35 години во 35 секунди

После 18 години кариера во која освои 29 трофеи, 5 Златни топки и постигна преку 700 голови, овој човек уште не е презаситен од фудбал. Погледнете го како одговори на една задача на денешниот тренинг. Со ваква желба и темпо на тренирање, 100% ќе го гледаме и на 40, па можеби тогаш ќе можеме да го наречеме ветеран.

Во 15 секунди отиде јабана цела коментаторска кариера

Ќе се спремаш, ќе сурфаш, ќе вежбаш за да станеш тип топ спремен за во пренос и на крај ќе ја заебеш скроз. Не дека за овој нисколигашки меч има огромен јавен интересен и оди на државна телевизија, ама сепак се слушна јасно и гласно киксот кој во никој случај не им е дозволен на коментаторите.

Интригите во Топ 5 лигите во Европа

До пред некое време во Серија А и Бундеслига имаше само еден шампион а во Премиер лига стално беше неизвесно до крајот. Епа сезонава е скроз обратно.

Меси покажа со прст кој е крив за хаосот во Барселона

Иако од страна делува дека на „Камп Ноу“ навидум сè е ко подмачкано, последните информации од шпанските медиуми пишуваат тотално спротивно. Абидал ги обвини играчите, Меси го обвини Абидал.

После ваков пристап Ливерпул треба да го задржи Милнер и како тренер

Во осминафиналето на ФА Купот ќе има дерби меѓу Челси и Ливерпул, а заслужни за тоа се младинците на Ливерпул кои синоќа без Клоп и неговите европски прваци, го минаа 4. коло од најстарото фудбалско натпреварување. Џејмс Милнер беше со нив од почеток до крај. Алал да му е.

Белгиец 1 ден во Милан, тренерот го става во игра и го советува на италијански

Навивачите на Милан се задоволни од преодниот трансфер рок. Клубот заработи од продажбите и позајмиците на Пјонтек, Родригез и Сусо, а екипата ја засили едно интересно дете кое ненамерно откри една глупост на тренерот Пиоли.

Видео на Јуве во чест на роденденот на Кристијано Роналдо

Португалскиот ас денес слави 35 години и во негова чест навивачите на Јувентус и луѓето од клубот на социјалните мрежи споделуваат видео со интересни моменти на Роналдо во црно-белиот дрес.

Голот на месецот падна во Германија каде Халанд побудалува

Фудбалерите на Вердер Бремен во улога на аутсајдер го совладаа Дортмунд со 3:2 во спектакуларен натпревар на кој имаше најмлад стрелец во историјата и најубав гол сезонава во Германија. Халанд пак даде гол, не знае за доста.

Најголемите легенди во Серија А со број 10

Тоа е број на дрес кој не може секој да го носи, број за кој треба многу да те бива. Носи одговорност бидејќи кога ќе ја примиш мора да носиш одлуки. Во Италија тие ги викаат „Треквартиста“, како што беше Тоти на пример. Даваат голови, дриблаат, шутираат слободни, ама се очекува и многу да наместат.

Малиов од Ливерпул си везе

Како и во Лига Купот, така и во ФА, Клоп одлучи да го пушти резервниот состав на Ливерпул составен од младинци. И во оваа комбинација го мина 4. коло против Шрузбери со автогол на гостите. Со два јаки потези се истакна Куртис Џонс кој пред една недела наполни 19 години.

Рецептот за најдобар тренинг за голман

Паркиран џипот на тренерот позади него, па не смее топка да помине. Нема да се фрла? Ќе скока и ќе праша има ли уште.

Нема веќе пијан бев, ќе си лежиш затвор

Ригорозните закони и истрајноста во судските процеси ги направија британските стадиони културни попришта на најубави фудбалски претстави, така што ретко може да се види некој типичен пијан морон. А и кога ќе се види, одма го апсат.

Панчев, Пандев и четворица други - шесте Македонци кои давале голови во Серија А

Легендарниот Кобра го отвори патот за Македонците во најдобрата италијанска лига, а Пандев го поплочи со мермер. Ќе остане забележано дека и некои помлади фудбалери постигнале макар еден гол во Серија А.

Елмас има трк, интелигенција, квалитет и карактер

Тоа што ние го гледаме на Градски за Македонија, почна се повеќе да го забележува и италијанската критика од која доби одлични оценки за синоќешната партија против Сампдорија. Браво Елиф.

Пеп кажи нешто, не можам да цитирам климање со глава

Новинар заклучува дека клубот од Енфилд му бега на Манчестер Сити цели 22 бода и го прашува Гвардиола дали прифаќа дека веќе нема шанси. Одговорот на Пеп е епски.

Фудбалер на Милан има тетоважа од непознат јазик во изумирање

Јазикот го зборувало едно племе во далечните карпести предели во Јужна Америка, а денес се останати уште пар луѓе кои знаат барем нешто од овој необичен јазик.

Симеоне кине нерви, а Марсело му се смее

На Атлетико Мадрид не му оди нај нај сезонава и моментално е шести. Со триумфот од 1:0 градскиот ривал им избега 13 бода. Јасно е дека темперамент како Ел Чоло не ти седнува на клупа, особено не на дерби. Од клупата на Реал го реметеа затоа што цело време мавта.

Член е на Бундеслига, а игра во одбрана како најголем пацер

Келн го совлада Фрајбург викендов со 4:0, а во една од контрите видовме ужасна игра еден на еден на дефанзивец на гостите. Какво е ова позиционирање и маркирање? Очаен баланс на тело.

Кваљарела ти старееш ли?

Има 37 години и еден од оние како Пандев на кој не му пречат годините за да може да растура во напад. Синоќа Сампдорија загуби дома 2:4 од Наполи, Елмас даде гол првенец, ама потегот на мечот го има извонредниот Фабио Кваљарела.

Деби гол и солзи радосници на Елмас

По скоро шест месеци престој во Серија А, Елиф Елмас конечно се израдува на првиот гол откако направи голем трансфер од Турција во Италија. Наполитанците ја совладаа Сампдорија на гости со 2:4, а македонскиот репрезентативец го даде голот за 0:2 во 16-та минута и ја оправда шансата која му ја даде Гатузо во прв тим.

Момците на Мурињо се отворија во соблекувална

Тотенхем го совлада Манчестер Сити 2:0 во дербито на колото, а по тие 90 тешки минути фудбал следуваше малку опуштење во соблекувална барем за тројца играчи кои имаа спремено кореографија. Би сакале и Жозе да го видиме некогаш во вакво светло.