Барселона го понижи Атлетико Билбао во финалето на шпанскиот Копа дел Реј со 4:0, а интересно сите 4 гола паднаа во рок од 12 минути. Баскијците се држеа до кај 60' минута кога им почна потопот. Куман го освои првиот трофеј како тренер на Барса а Меси конечно проживува убави денови во клубот.