Фудбал

Да ти е мерак да гледаш тренинг на Данска

Данска заедно со Чешка и Швајцарија се најпријатни изненадувања на Европското првенство летово. Данците тргнаа потресително во првото коло, изгубија дома од аутсајдерот Финска и беа во шок по епизодата со Ериксен, ама се вратија, заиграа како треба и сега ги чека четвртфинале со Чешка. Еве како забавно се спремаат.

Англичанец еден ден после победата над Германија

Очекувавме и колут напред, али добро е и ова.

Фудбалер на ПСЖ сними скришно расистички напад на џандар

„Утрово кога го напуштив тренинг центарот, бев сведок на една шокантна сцена, која деновиве станува пречеста“, напиша бекот на ПСЖ, Лајвин Курзава.

Зизу уште го има осетот и на стари години

Паненка, дриблинзи како да не е од оваа планета, прием со лепак, врвни слободни удари. Веќе ви е јасно за кого станува збор. Зизу на 49 години на мал фудбал 5-на-5 со синовите и други деца покажува што знае.

10 причини зошто да го сакате Европското првенство

Прво и основно има многу голови, повеќе од било кога. Потоа судењето е одлично, малите им прават сериозни сопки на големите и што е најважно, се игра пред навивачи.

Реакцијата на Борис Џонсон на голот на Кејн со Германија

Го чекаше цела нација, од премиер, преку министри и кабинети до навивачи, новинари, јавност. И конечно Хари Кејн збрца гол на Европското и тоа против најголемиот ривал - Германија за победа од 2:0.

Мбапе должи телевизор во Кина

А што ви се криви столиците? Не е полесно да го треснете телевизорот од земја?

Чуден гол во Бразил кој не се сфаќа ниту на репетиција

Фудбалерите на Палмеирас како гости против Интернационал на 1:1 одат во контра во 88-ма минута. Данило Барбоза влегува во шеснаесетник, се сплеткува и го промашува цел гол, барем така личи на прва.

Хуманитарна аукција со 26-те јунаци во рамка

Ем ќе ги закачиш на ѕид и ќе се гордееш со тоа што ти го оствариле сонот од детство, ем ќе им помогнеш на лица со посебни потреби.

Гледаме прејако Европско, почнаа и тренерите да се дриблаат

Револуционерното Европско во кое уживаат 12 земји домаќини донесе голема возбуда која се состои од продолженија, пенали, автоголови, елиминација на големите и сл. Но возбудлив и тензичен фудбал имаше и на клупите, каде селекторот на Шведска си поигруваше со колегата од Полска.

Има видеа кои ќе се пуштаат и по 100 години

Ова е едно од нив. Овој пат од поинаков агол. Прво во прегратка на фудбалер на Јувентус, па поздрав со почит од фудбалер на Барселона, всушност двајца младичи кои гледаат со респект и треба да учат од нашата легенда. Ах колку ќе фали овој човек во репрезентација.

Што нè чека до крајот на Европското?

Иако постоеше сомнеж како ќе изгледа замислата на УЕФА континенталното првенство да се игра во 12 града, се испостави дека таквиот ризик се исплател и гледаме фантастично Европско првенство.

Како Шевченко погоди со дискретниот адут кој со прв гол ја прослави Украина

Златниот гол благодарение на кој Украина ја совлада Шведска и се пласираше во четвртфинале на Европско 2020, го постигна малку познатиот центарфор Артем Довбик.

Пандев vs Мбапе на ЕП 2020

Селекцијата на Франција претрпе срамен пораз во осминафиналето, а една од најголемите разочарувања во нивниот табор е перформансот на Килијан Мбапе. На Твитер му пукаат сеир и го споредуваат со Горан Пандев.

Јоаким Мрсулко

15 години селектор, светски шампион со Германија, ама џабе. Некои навики очигледно тешко се менуваат. Тик ли му ова мајката? Гадно во секој случај.

Украина оди во четвртфинале со гол во 121-ва минута

Четврти осминафинален натпревар кој отиде во продолженија, што е рекорд во историјата на нокаут мечевите од ЕП. Овој пат беше решен во последните мигови со гол на Артем Довбик кој погоди за 2:1 и закажа битка со Англија. Ги искршија стативите во регуларните 90 минути.

А го видовте ли Клоп пред Вембли?

Качен на ушка со пиво и во елемент, Јирген Клоп снимен како пее и навива за Англија. И ова се разбира е тотално збунувачки, а уште поголема збунка прави тоа што ќе мора да поверувате дека ова е неговиот двојник кој одлично умее да го имитира.

Томас Милер го изеде срамот очи во очи со голманот

Само 5 минути откако Стерлинг го отвори резултатот, Германците имаа чиста шанса за 1:1 во 81-ва минута, што ќе донесеше пеколен финиш на осминафиналето во Лондон. Но еден од најдобрите и најискусните играчи на Баерн Минхен и Германија, несфатливо го промаши цел гол кога излезе сам пред Пикфорд.

Германија капитулираше на Вембли, Англичаните се на седмо небо

Стерлинг и Кејн ја решија фудбалска класика во своја корист и ја испратија Германија дома. Англија оди во четвртфинале против Шведска или Украина, а Јоаким Лев ја завршува долгата селекторска функција од 15 години.

Да поиграм во Тафталиџе со другарите додека не почнала Бундеслигата

И покрај тоа што е член на Штутгарт, а цела Европа го виде и на Европското првенство каде дебитираше со Македонија, сепак Даре не заборава од каде потекнува.

Денес може да заврши една голема ера: Лев 15 години селектор на Германија

Германската фудбалска репрезентација имаше многу тешки ривали во групната фаза, така што во нокаут рундата налета на Англија и тој меч би можел да стане последен за Јоаким Лев на местото селектор на репрезентацијата. Во Европа нема тренер кој управувал подолго од Лев со една селекција.

Шева - Ибра 2:1 во последното соочување на Шведска и Украина

Шведска и Украина вечерва ќе имаат тешка и веројатно израмнета битка во која е тешко да се утврди фаворит. Последен пат се сретнаа во групна фаза на ЕП 2012. Тогаш испаднаа и двете селекции во групи, бидејќи се најдоа во друштво на Франција и Англија.

Додека гледаме Европско, Меси растура во Јужна Америка

Мирниот Бразил порано обезбеди прво место на табелата во својата група и си дозволи да ги одмора најголемите ѕвезди како Нејмар и Фирмино во мечот пред нокаут фазата, ама Аргентина немаше таков луксуз.

Швајцарски начин на мотивирање пред пеналите

Му се вратија од 3:1 на светскиот првак, ги издржаа продолженијата, па за пеналите требаше да се издржи последниот чекор и да се задржи концентрацијата. Гранит Џака ги држеше во жар на капитенски и лидерски начин со жесток говор, а Харис Сеферовиќ му врза шамар на еден од колегите.