Везилка со Холандија, Белгија и Хрватска

Убави денови на репрезентативен фудбал, фали уште нашите вечерва да пркнат со победа во овој за нас несреќен септемвриски период. Со преку 10 натпревари на ден, да се изнагледа човек атрактивни акции и голови, посебно на големите селекции.

Од спортскиот преглед кој го направивме, издвојуваме јаки моменти од три средби во кои славеа фаворитите.

Холандија ги потепаа Турците со 6:1, хет-трик на Депај кој израмни рекорд на Клајверт.

Победата ја најавија уште по 54 секунди со голот на Деви Класен кој на мал простор фантастично комбинираше со Депај.

Уште поатрактивна беше акцијата за 2:0 во 16-та минута во која стрелаше засилувањето на Барселона.

Атракција понудија и Французите преку Гризман кој ги даде двата гола против Финска за конечни 2:0. На мајсторијата му претходеше убава асистенција на Бензема.

Хрватска ја совлада Словенија со 3:0, ама од нив нема да издвоиме гол, туку начин на исфрлување топка од шеснаесетник. Маестрално одиграно.

И за крај еден бонус од дуелот Азербејџан - Португалија 0:3.