
Се работи за натпреварот меѓу Уганда и Мали, кој ни ја носи најциркузантската сцена видена во живо.
На Твитер се проширија фотографии и видео од гледач кој застанал пред камера да го попречува преносот за да се мајтапи, но позадината е всушност поинаква.
Човекот е дел од раководството на Фудбалската федерација на Уганда, кој на тв куќата не им давал да снимаат и им сметал во живо, бидејќи не платиле за преносот.
На камера кажал дека ако сакаат пренос, прво треба да платат.