Фудбал

Борецот кој 17 години крвареше за својата Италија и на крај стана европски шампион

Ако некој од сите стотици фудбалери кои играа на Европското првенство летово заслужи да му се израдува на големиот и скапоцен пехар, тоа со сигурност е и најхрабриот воин Џорџо Кјелини, столбот на Италија.

Избран најдобриот фудбалер на Европското

Има само 22 години а веќе може да се пофали со еден куп натпревари за славниот Милан и со злато на Европско првенство со Италија. Летово е пред богат трансфер во ПСЖ а круна на сите добри партии му е престижната награда - најдобар играч на цело Евро 2020.

Епска драма на Вембли, Италија европски шампион!

Во финале на лондонски „Вембли“ кој крцаше до последно место, Италија ја совлада Англија 3:2 на пенали по нерешените 1:1 во регуларен дел и продолженија и втор пат во историја станаа европски прваци.

Мајсторот од достава на пица прослави титула со домаќините

Проблемите со пандемијата отидоа во втор план во Аргентина. На улиците на Буенос Аирес и другите градови во земјата излегле илјадници луѓе за да го прослават шампионскиот трофеј на Копа Америка. Еден доставувач на пица случајно се затекнал пред крајот од мечот на адреса. Го примиле и славел со нив.

Химната на Италија на ЕП 1988

Малдини, Барези, Донадони, Анчелоти, Манчини, Виали...состав боли глава. Полуфинале против СССР кога Холандија со Ван Бастен стана европски првак. Други времиња се ова, со големи разлики. Химната грми со оркестар, ама фудбалерите се срамежливи, освен Валтер Ѕенга.

Најемотивната прегратка во Копа Америка

Ривалството е големо, ама и пријателството. Делеа врвни мигови заедно во Барселона, па дури еднаш за натпревар меѓу двете нивни репрезентации, Нејмар му рече ај со мојот авион накај дома. Честитки за среќниот Меси, утеха за скршениот Нејмар. Убави и поучни се ваквите моменти.

Кој ќе освои ЕП?

Босна одговара царот дека ќе освоела Европско, а кога го праша репортерката кој му е фаворит, вели не знам. Потоа ги извади наочарите за да поентира.

Меси плачеше од среќа, 14 години се бореше за титула на Копа Америка

На свои 34 години, после 5 обиди и 3 порази во финале на Копа Америка, Лионел Меси го оствари својот голем сон и стигна до пехарот со својата Аргентина. И тоа среде Рио Де Жанеиро.

Меси го освои најдрагиот пехар - Аргентина е шампион на Копа Америка

Во финалето на највредниот фудбалски турнир на Јужна Америка, Аргентина го совлада Бразил со 1:0 и после цели 28 години стигна до драгоцениот пехар по кого Лионел Меси тргнуваше 5 пати од кои 3 пати губеше во финале.

Не го оставајте сам директорот на Милан

По долга пауза, Милан се враќа во новата сезона во Лига на шампиони. Три фронта не се наивна работа. Ако на Ибра му треба засилување во напад, може Иван Газидис да му се придружи. Погледнете каков егзекутор е.

Шоу на Левандовски на одмор во Италија

По напорната сезона со Баерн, која му продолжи во јуни на ЕП со Полска, Роберт батериите ги полни на Сардинија. Ама го познаа и му се собраа еден куп деца, а тој реши да им го направи филмот и дотеран во кошулче ја грабна топката.

Гаф на новинарка на пресот на Италија

Италијанска новинарка го прашува Барела да и ја опише магичната ноќ од Мундијалот 90-та. Знам дека си имал тогаш само 7 години му вели таа, а тој и одговара дека се родил 7 години подоцна, односно во 97-ма. Само 14 години е нејзиниот промашај..

Комитите живнаа, Вардар има нов газда

Сергеј Самсоненко е минато во најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија. Нов сопственик е компанијата „Блу скај инвестментс“ на чело со Слободан Крстевски. Тренер Горан Симов кој доаѓа од Силекс.

Жесток дуел на Саутгејт и Киеза, 1997-ма

Финалистите на ова ЕП, на 11 октомври 1997-ма во Рим играа квалификациски натпревар за Светско. Имаме снимка во која Герет Саутгејт му влага со две нозе на Енрико Киеза, а овој го бутка со две раце од нервоза. 

Типичен англиски навивач

Дебел, тетовиран, пијан и гол. Нели? И крајот се знае каков ќе биде, ама не ви го кажуваме.

Достоинството на Лаудруп кога Данска играше место Југославија и освои ЕП

Една од најславните дански фудбалски фигури покрај Питер Шмајхел е и Михаел Лаудруп. Се појави една стара и не баш позната сторија за него поврзана со Европското 92-ра. Толку е ова некако како што се вели “со крстот на чело“, што дури и не знаеме дали да веруваме дека било вака.

Пица на денот во англиско - италијански стил

Да сме ние во прашање би ја сквернавеле со ајвар, едно 15 ќебапи и пол кило кромид, ама сега им оставиме простор на финалиститите да видиме како тие би ја одиграле заедно. Секој според својата кујна нели?

Математичарот кој промаши клучен пенал на Евро 1996, сега е во прво европско финале за Англија

Во неговата играчка ера англискиот фудбал важеше за најлуд: со ексценричниот Гаскоњ, хулигани на многу страни и груба игра на сите терени. Но во таков амбиент Гарет Саутгејт уште од рана возраст се двоел од другите по својата култура, речитост и писменост.

Аман дај го Џорџо

Фативме да му броиме колку пати кажа дај Џорџо, дај Џорџо, дај Џорџо. 47 пати, а едно време на сец го фати. Тоа е таа италијанска страст за фудбал додека Жоржињо го изведуваше пеналот против Шпанија вреден финале.

Како се вика најдобриот стрелец на ЕП 2020?

Автогол. Тоа е “фудбалерот“ кој треба да ја добие Златната копачка на овој турнир. Им бега 6 гола на Роналдо и Шик, а може да го стигне само Кејн, ама ако даде 7 гола во финале.

Зошто судијата не гледаше ВАР на толку зборување за ВАР?

По беспрекорно организирано Европско, во средата вечер се случи прва голема судиска грешка која што ја изреволтира јавноста. Данска е грубо оштетена за непостоечки пенал и тоа среде продолженија.

Девојчето кое доби дрес од Мејсон Маунт

Ниту една петка во школо, ниту една симпатија, ниту еден одмор со другарките, ништо не е повозбудливо од чувството да имаш оригинален дрес кој го носел некои од твоите идои. Хит стана нејзината реакција.

Падобранец во ВАР собата на Вембли

Гори Твитерот и Фејсбукот после големата судиска неправда која синоќа и се случи на Данска. За пеналот реагираат и медиумите и разни фудбалски имиња, а кога веќе работата е завршена некои почнаа и да се мајтапат со моќта на Англија.