Фудбал

Коридорот кој Хетафе и го направи на Барселона за кој зборува Шпанија

Пред мечот Барселона - Хетафе кој заврши 5:2, гостите како што налага традицијата во Шпанија, со убав коридор ги пречекаа домашните играчи на теренот за да им честитаат на големиот трофеј освоен во Купот минатата сабота.

Британски хумор и кога е тешко - повторена сцена од пред 14 години

Шефилд Јунајтед е тим кој лани за малку не се пласираше во еврокупови преку Премиер лига, а сезонава на цели 6 кола пред крајот и теоретски испадна во Чемпионшип.

Ама го изеде срамот Муриел

Во Серија А е кланица за местата во ЛШ. Милан е втор со 66, Аталанта и Јуве имаат по 65, Наполи 63, Лацио 58 со меч помалку. Фудбалерите на Аталанта синоќа водеа на полувреме против Рома и можеа да лапнат 3 бода и да бидат втори. Но Луис Муриел ја имаше утката на месецот и место 0:2, мечот заврши 1:1.

Сите 100 гола на Пандев во Серија А

После сите величења, се чекаше некој што има челични нерви и истражувачки способности да седне и да ја состави компилацијата која се бараше. Јубилејната 100-ка на струмичанецот во Серија А во едно видео by извесен Matejcho. Ти благодариме другар. Лацио (48), Џенова (27), Наполи (19), Интер (5) и Анкона (1).

Кому Меси ги посветува головите со кренати раце кон небото

Најчести асоцијации на прослава на гол се оние на Стариџ, Гризман, Мбапе па и салтата на Миро Клосе на времето. Најдобрите играчи на денешницата Кристијано Роналдо и Лионел Меси исто имаат свои автентични прослави на голови.

Сите голови на Пандев во дресот на Џенова

Сè е во знакот на Горан Пандев денеска. Џенова не застанува да ја возвишува нашата легенда. Најпрвин со “кралски“ честитки, па интервју и на крај со фантастична компилација од сите 27 гола кои ги постигна за најстариот италијански клуб во Серија А.

Јубилејниот гол на Пандев е посветен на син му Филипо

Кога во 21-та минута удри втор пат по Беневенто за конечни 2:2 и стигна до бројка од 100 гола во Серија А, Горан се доближи до камерата и кажа нешто. Тоа било поздрав до син му на кој му го честита 11-от роденденот со гол.

Ги памтите ли првата сезона и првиот гол на Пандев во Серија А?

На 7 декември 2003-та година Пандев на 20 години го постигна својот дебитантски гол во една од најсилните лиги на светот. И тоа каков гол! Сличен на оној неколку години подоцна кога ги измеша Канаваро, Турам и Буфон.

За Бетон Суперлигата почна да се зборува и по телевизии

Суперлигата рикна за два дена, а Бетон Суперлигата гази напред и сите сакаат да и се приклучат. Флорентино, Андреа, Роман...вие ќе почекате, предност имаат помалите. И по емисии почнаа да ја зборат.

Твит на денот за Гоче

Ова што го прави најдобриот македонски фудбалер од коло во коло во Италија скоро 18 години е стварно неверојатно. Нема клуб за кој не се изнадава голови уште кога првпат стапна во Серија А. Го сакаат и почитуваат безусловно сите навивачи.

Лисецот Берлускони уште пред 33 години правеше Суперлига

Голем дел од претседателите на европските гиганти се „мала маца“ за некогашниот сопственик на Милан кој жареше и палеше ширум Европа. Кога тој смислувал идеја како да се офајди од УЕФА, другиве уште започнувале скромни бизниси.

Конте до Пандев: Не се пензионирај, имаш уште многу да му дадеш на фудбалот

Една од главните мети на новинарите на Скај по синоќешното 32 коло во Серија А беше Горан Пандев, а додека траеше разговорот со него во живо, го вклучија и Антонио Конте со кој си направија убав муабет.

Роналдо пак се криеше и се посрамоти на жив ѕид

Редно време е некој да му каже на Роналдо дека така не се стои на жив ѕид или па подобро нека не стои. Со Порто и сврте грб на топката, ги рашири нозете и примија гол, а вечерва е виновник што Парма поведе. Погледнете му ја реакцијата. Не те јаде бе Кики, топка е.

Елмас се гордее со Пандев

Првата инстантно брза честитка за јубијелот на Гранде Горан во Серија А пристигна од неговиот репрезентативен другар, ученик, а можеби и наследник. Елиф Елмас постираше фотографија од Пандев облечен во дресовите со кои изгази во Италија.

Два гола на доктор Горан Пандев за јубилејни 100 во Серија А

Името на капитенот на Македонија ќе остане запишано со златни букви во Италија. Историјата е испишана, Горан Пандев влезе во клубот 100, а воедно е и најдобар екс ју стрелец во италијанската лига. Секоја чест мајсторе.

Месут Озил поентираше за Суперлигата

После овој твит може слободно да ја затвориме темата за Суперлигата. Направете место да помине Озил. Најјак.

Залепи го Мрме место „Северна“

Во изданието на Панини за ова Европско, нешто фали, а нешто е вишок. Она што недостасува се селекторите кои порано ги имаше. Она што е вишок, го знаете. Најдовме решение, со сликица која е мал подарок од нас.

Во Суперлига никогаш не би постоело вакво нешто

Зарем би имало драж секоја година да ги гледаме едните исти? Ако Лестер е прв во лига, ќе си игра во ЛШ, му се допаѓало тоа на некој или не. Или па Ајакс, Лион и Порто на некој не му биле доволно атрактивни. Плус кај се видело фудбал без вакви посебни ноќи кои остануваат во аналите? Нема цена ова.

Газдата на Ливерпул им се извини на Клоп, на навивачите и на екипата

Сопственикот на Фенвеј спорт групата, милионерот од САД, Џон Хенри кој е газда и на Ливерпул, во видео порака им се извини на навивачите и на Клоп за глупоста која што ја направила управата.

Наш Илинден траеше подолго

Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Челси, Арсенал, Манчестер Сити, Тотенхем, Барселона, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Интер, Милан и Јувентус “се изнаиграа“ фудбал во лигата која ја стопираа 48 часа по формирањето. Победи традицијата. Барем за сега.

Излезе химната на Бетон Суперлига

Паралелно со Суперлигата, се крчка нешто јако, кое стана и официјално. Пет балкански екипи и го зададоа првиот удар на елитната Суперлига и создадоа своја, Бетон Суперлига. Таму нема да има пари, туку прав фудбал кој се состои од дружење, поврзување, забава, хуманитарна работа...

Ангеловски: Научив од Гасперини, Јуриќ и силниот Палермо, а му се восхитувам на Манчини

„Серија А ја следам од деновите на Саки, а мојата максима е една. Не треба Италија да ме повика мене, јас ќе ја повикам со силата на резултатите. Не можам да го сварам тоа кога ќе забележам дека Пандев, Несторовски, Елмас, кај вас добиваат мала минутажа. Кај мене ќе имаат вечна доверба“.

Селекторот на Норвешка му го спушти на Ањели

Од вчера до денес немаше ниту еден позитивен коментар во врска со формирањето на Суперлигата, туку само критики, критики и само критики од сите страни. Оваа критика е многу реална и со факт ја уништува приватната фудбалска забава на елитата.